Историја - категорија

Цариград повеќе

Вид збор: Име
Главниот град на Отоманската Империја, денешен Истанбул.
Англиски: Istanbul Албански: Carigradi, Stambolli, Konstandinopoja

царизам повеќе

царизмот
Вид збор: Именка, машки род
Форма на државно управување при кое сета власт му припаѓа на царот; царски апсолутизам.
Примери:
Царизмот во Русија.

царист повеќе

мн. царисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на царизмот
Англиски: czarist

царистички повеќе

царистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на царизам и царист.
Англиски: czarist

цванцик повеќе

мн. цванцици
Вид збор: Именка, машки род
Стара австриска пара.
Германски: zwanzig Албански: monedhë e vjetër austriake, cvancig
Примери:
Имаше само неколку цванцика.

ценз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Во стариот Рим - периодично проценување на имотот на граѓаните заради распределување во платни разреди.
Англиски: census Албански: cenzus

цензор повеќе

мн. цензори
Вид збор: Именка, машки род
Во стариот Рим - лице што раководело со определувањето на цензот и внимавало на политичката исправност на граѓаните.
Англиски: censor Албански: cenzor

цензура повеќе

(едн.) цензурата
Вид збор: Именка, женски род
Во стариот Рим - должноста на цензорот.
Латински: censura Англиски: censorship Албански: cenzurim

центурија повеќе

мн. центурии
Вид збор: Именка, женски род
Во стариот Рим - војнички одред сд 100 луѓе.
Англиски: centurion Албански: centurionë
Во стариот Рим - група граѓани разделени според имотниот ценз.
Англиски: centurion Албански: centurionë

центурион повеќе

Вид збор: Именка, машки род
командир на центурија
Латински: centurio Англиски: centurion

цех повеќе

мн. цехови
Вид збор: Именка, машки род
Во феудализмот - сталешка организација на занаетчии од една струка.
Англиски: guild Албански: esnaf

цивилизација повеќе

мн. цивилизации
Вид збор: Именка, женски род
Степен на општествениот развој и на материјалната култура; современа култура, просвета.
Англиски: civilisation

Цицерон повеќе

Вид збор: Име
римски оратор, државник и филозоф
Латински: Cicero Англиски: Cicero

црвеноармеец повеќе

мн. црвеноармејци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на Црвената армија.

црнокошулец повеќе

мн. црнокошулци
Вид збор: Именка, машки род
Италијански фашист - според униформата; црна кошула.
Англиски: black shirt
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш