Историја - категорија

Хабсбурговци повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, множина
Династија на владетели коишто владееле со Хабсбуршката Монархија.
Англиски: Habsburgs Германски: Habsburger

хаерлија повеќе

мн. хаерлии
Вид збор: Именка, женски род
Стари турски пари.
Албански: haerlie, monedha të vjetra turke

хатихумајун повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Султанов указ од 1856 г. за рамноправност на сите поданици во Империјата без оглед на верата.
Англиски: edict Турски: Hatt-ı Hümayun

хатишериф повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Султанов указ од 1839 г. со кој им се дадени права на христијаните во Турската Империја.
Англиски: edict Турски: şerif

хекатомба повеќе

мн. хекатомби
Вид збор: Именка, женски род
Кај старите Грци - голема жртва, првобитно од сто бика, вола.
Англиски: hecatomb Албански: hekatombë

хеленизам повеќе

хеленизмот
Вид збор: Именка, машки род
Античка култура особено на подрачјето на денешна Грција и Мала Азија.
Англиски: hellenism

хеленист повеќе

мн. хеленисти
Вид збор: Именка, машки род
Историчар или обожавател на хеленистичката култура.
Англиски: hellenist

хеленистички повеќе

хеленистички
Вид збор: Придавка
Што е во врска со хеленизмот.
Англиски: hellenistic
Примери:
Хеленистичка култура.

херцег повеќе

мн. херцези
Вид збор: Именка, машки род
Титула на висок дворјанин или на кнез што владеел со Херцеговина.
Англиски: duke Германски: Herzog Албански: dukë
Лице, кнез со таква титула.
Англиски: duke Германски: Herzog Албански: dukë

хипик повеќе

мн. хипици
Вид збор: Именка, машки род
Млад човек од 1960-тите години што ги отфрлал конвенционалните општествени вредности.
Англиски: hippie

Хипократ повеќе

Вид збор: Име
Лекар во Античка Грција; татко на медицината.
Англиски: Hippokrates

хитлеризам повеќе

хитлеризмот
Вид збор: Именка, машки род
Фашистичка диктатура во Германија во времето од 1933-1945 год. раководена од Хитлера.
Примери:
Идеологија на хитлеризмот.

хитлеровец повеќе

мн. хитлеровци
Вид збор: Именка, машки род
Фашист, приврзаник на Хитлера.

холокауст повеќе

(едн.) холокаустот
Вид збор: Именка, машки род
Прогонувањето и уништувањето на Евреите за време на Фашизмот.
Англиски: holocaust Албански: holokaust

хор повеќе

мн. хорови
Вид збор: Именка, машки род
Во старогрчката драма - група исполнители што пееле и рецитирале стихови.
Англиски: chorus Албански: kor

хрисовул повеќе

мн. хрисовули
Вид збор: Именка, машки род
Средновековна грамота на владетел со златен печат и потпис; златна була.
Англиски: bull

хроника повеќе

мн. хроники
Вид збор: Именка, женски род
Бележење на настаните по хронолшки ред.
Англиски: chronicle Албански: kronikë

хроничар повеќе

мн. хроничари
Вид збор: Именка, машки род
Автор на хроника, летописец.
Англиски: chronicler Албански: kronist

хронологија повеќе

мн. хронологии
Вид збор: Именка, женски род
Помошна историска наука што ги установува датумите на историските настани и документи.
Англиски: chronology Албански: kronologji
Примери:
Грците од таа година почнале да ја водат својата хронологија.

хуманизам повеќе

(едн.) хуманизмот
Вид збор: Именка, машки род
Прогресивно движење во 14-15 век проникнато со почитување на човечкото достоинство односно ослободување од оковите на феудализмот и католицизмот.
Англиски: humanism Албански: humanizëm

хуманист повеќе

мн. хуманисти
Вид збор: Именка, машки род
Претставник на хуманизам.
Англиски: humanist Албански: humanist

Хун повеќе

мн. Хуни
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на хунските племиња.
Англиски: Hun

хуриет повеќе

хуриетот
Вид збор: Именка, машки род
Период на слободен живот по младотурската револуција.
Турски: hürriyet Албански: liri

хусар повеќе

мн. хусари
Вид збор: Именка, машки род
Некогашен коњаник.
Англиски: horseman Албански: kalorës
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш