Историја - категорија

фаланга повеќе

мн. фаланги
Вид збор: Именка, женски род
Боен род на тешко вооружена пешадија кај старите Грци и Македонци.
Англиски: phalanx Албански: fallangë

фалус повеќе

мн. фалуси
Вид збор: Именка, машки род
Пенис во ерекција како симбол на плодност.
Англиски: phallus

фанариот повеќе

мн. фанариоти
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) Грци од цариградскиот квартал Фенер познати како огорчени противници на преродбата на народите во Отоманската Империја во 19 век.

фараон повеќе

мн. фараони
Вид збор: Именка, машки род
староегипетски цар
Англиски: pharao Турски: firavun Албански: faraon

фарисеј повеќе

мн. фарисеи
Вид збор: Именка, машки род
Кај старите Евреи - припадник на религиознополитичка секта што ги штитела интересите на богатите слоеви.
Англиски: pharisee Албански: farise

фашизам повеќе

(едн.) фашизмот
Вид збор: Именка, машки род
Тоталитаристичка идеологија настаната во Италија во 20-тите години на дваесеттиот век од страна на Бенито Мусолини.
Англиски: fascism

Феникија повеќе

Вид збор: Име
Земја на бреговите на Средоземното Море.
Англиски: Phoenicia

ферман повеќе

мн. фермани
Вид збор: Именка, машки род
Султански указ, наредба од повисока власт воопшто.
Англиски: edict Турски: ferman
Примери:
Царски ферман.

фес повеќе

мн. фесови
Вид збор: Именка, машки род
Капа во форма на пресечен конус, црвена, обично со црн пискул закачен на средината од врвот, карактеристична за Турците.
Англиски: fez Турски: fes
Примери:
Со фесот на глава.

феуд повеќе

мн. феуди
Вид збор: Именка, машки род
Земја што се наоѓа во посед на феудалец.

феудалец повеќе

мн. феудалци
Вид збор: Именка, машки род
Поседник на феуд, спаија.

фибула повеќе

мн. фибули
Вид збор: Именка, женски род
Игла за прицврстување на тога.
Латински: fibula Англиски: clasp

филипика повеќе

мн. филипики
Вид збор: Именка, женски род
Остар политички говор на старогрчкиот говорник Демостен против кралот Филип II Македонски.
Англиски: Philippic Албански: filipikat

фиорин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Златни пари наречени така по италијанскиот град Фиренца.

фирер повеќе

мн. фирери
Вид збор: Именка, машки род
Титула на Адолф Хитлер, како апсолутен водач во нацистичка Германија.
Англиски: fuhrer Германски: Führer

флорин повеќе

мн. флорини
Вид збор: Именка, машки род
Парична единица во Холандија, пред воведување на еврото.
Англиски: guilder Албански: florin, gulden

фолксдојчер повеќе

мн. фолксдојчери
Вид збор: Именка, машки род
Назив за Германци во Банат кои не биле родени во Германија.
Германски: Volksdeutsche Албански: folksdojçer

форум повеќе

мн. форуми
Вид збор: Именка, машки род
Плоштад во стариот Рим каде што се одвивал јавниот живот на градот.
Англиски: forum Албански: forum

фратрија повеќе

мн. фратрии
Вид збор: Именка, женски род
Во времето на родовското устројство - собир од неколку родови.
Албански: fratëri, tubim i disa fiseve
братство, задруга, племе
Англиски: brotherhood Албански: vëllazëri

фронтовец повеќе

мн. фронтовци
Вид збор: Именка, машки род
Член на Народниот фронт.

фронтовка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена фронтовец.

фронтовски повеќе

фронтовска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на Народен фронт.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш