Историја - категорија

садразам повеќе

мн. садразми
Вид збор: Именка, машки род
голем везир
Англиски: grand vizier Турски: sadrazam

самоуправен повеќе

самоуправна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на самоуправа.
Примери:
Самоуправен механизам.

самоуправување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) самоуправува
Англиски: self-administration Албански: vetëqeverisje
Примери:
Работничко самоуправување.
Општествено уредување во СФРЈ како облик на остварување на социјалистичко општество, засновано на власта на работните луѓе кои управуваат преку своите избрани делегати во самоуправните органи на работните организации, и во претставничките тела на општествено-политичките заедници.
Англиски: self-rule Албански: vetëqeverisje

самоуправувач повеќе

мн. самоуправувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што учествува во самоуправување.

самурај повеќе

мн. самураи
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на највисоката каста (витези) во феудална Јапонија.
Англиски: samurai
Примери:
седумте самураи

сантим повеќе

мн. сантими
Вид збор: Именка, машки род
Стотен дел од франк, пара.
Албански: santim e qindëta e frankut

санџак повеќе

мн. санџаци
Вид збор: Именка, машки род
Административна единица за време на турското владеење.
Англиски: district Турски: sancak

саркофаг повеќе

мн. саркофази
Вид збор: Именка, машки род
Кај древните народи - каменен гроб, гробница.
Англиски: sarcophagus

сатрап повеќе

мн. сатрапи
Вид збор: Именка, машки род
Во стара Персија - управител на провинција со неограничена власт.
Англиски: satrap Турски: satrap Албански: satrap

сатрапија повеќе

мн. сатрапии
Вид збор: Именка, женски род
Земја во која владее сатрап.
Албански: satrapi

свастика повеќе

мн. свастики
Вид збор: Именка, женски род
Симбол на нацистичката партија во Германија.
Англиски: swastika

светлост повеќе

Види и: светлина (ж.)
(едн.) светлоста
Вид збор: Именка, женски род
(во титулирање) За титулирање лица од висок ранг во општеството (кнез, гроф), обично во состав со заменка (ваш, негов).
Англиски: majesty Албански: madhështi, shkëlqësi

свивка повеќе

мн. свивки
Вид збор: Именка, женски род
Лист од папирус, животинска кожа или од пергамент свиткан како книга во антиката и во средниот век.
Англиски: roll

свиток повеќе

Види и: свитка (ж.)
мн. свитоци
Вид збор: Именка, машки род
Лист од папирус, пергамент или од хартија, свиткан во облик на валјак.
Англиски: scroll

севастократор повеќе

мн. севастократори
Вид збор: Именка, машки род
Во средниот век - титула на висок државен достоинственик; лице со таква титула.

север повеќе

(едн.) северот
Вид збор: Именка, машки род
северни американски држави - Север
Англиски: north Албански: veri

сејменин повеќе

Види и: сејмен (м.)
мн. сејмени
Вид збор: Именка, машки род
сејмен

сејменски повеќе

сејменска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сејмен.
Примери:
Сејменска служба.

секало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Орудие за секање, за палење огин со помошта на трад и кремен.

сенат повеќе

(едн.) сенатот
Вид збор: Именка, машки род
Во стариот Рим највисок државен орган.
Англиски: senat Албански: senat

сениор повеќе

мн. сениори
Вид збор: Именка, машки род
За време на феудалиэмот - голем поседник.
Англиски: senior Албански: i moshuar

сердарија повеќе

мн. сердарии
Вид збор: Именка, женски род
Подрачје на еден сердар.

сердарство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Чест и достоинство на сердар.

сикофант повеќе

мн. сикофанти
Вид збор: Именка, машки род
Во античка Атина професионалец што ги тужел луѓето и со тоа заработувал пари.
Англиски: sycophant Албански: sikofant

синдик повеќе

мн. синдици
Вид збор: Именка, машки род
Во стара Грција - заштитник на суд, адвокат.
Албански: sindik

скоевец повеќе

мн. скоевци
Вид збор: Именка, машки род
Член, припадник на Комунистичката младинска организација на Југославија.

скоевка повеќе

Види и: скоевец (м.)
мн. скоевки
Вид збор: Именка, женски род
Девојка скоевец.

скоевски повеќе

скоевска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на СКОЈ и на скоевец.
Примери:
Скоевски состанок.

скупштина повеќе

Види и: собрание (ср.)
мн. скупштини
Вид збор: Именка, женски род
Во поранешна Југославија - собрание, парламентот на Југославија и на некои сојузни републики; собрание.
Англиски: parliament

собир повеќе

мн. собири
Вид збор: Именка, машки род
Установа на непосредната демократија.
Англиски: assembly Албански: asamble, kuvend
Примери:
Собир на избирачи.

совет повеќе

мн. совети
Вид збор: Именка, машки род
Орган на власта во бившиот СССР.
Англиски: Soviet

советизација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
советизирање

советизира повеќе

советизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Создаде, создава некаде органи на советската власт.
Албански: sovjetizoj
(се советизира) Стане, станува советски.
Албански: sovjetizohet

советски повеќе

советска
Вид збор: Придавка
Во врска со совет.
Англиски: Soviet
Примери:
Советски Сојуз.

совхоз повеќе

мн. совхози
Вид збор: Именка, машки род
Во СССР - државно, земјоделско претпријатие.
Албански: sovkhoz, koperativ shtetërore
Примери:
Колхози и совхози.

совхозен повеќе

Види и: совхоз (м.)
совхозна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на совхоз.
Албански: sovkhoze
Примери:
Совхозни полиња.

соколар повеќе

мн. соколари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што обучува сокли за ловење.
Англиски: falconer Албански: gjuetar me fajkoj
Ловец со обучен сокол.
Англиски: falconer Албански: gjuetar me fajkoj

социјализам повеќе

(едн.) социјализмот
Вид збор: Именка, машки род
Државен и општествен поредок установен врз социјалистички принципи.
Англиски: socialism Албански: socializëm
Примери:
Изградба на социјализмот.

социјализира повеќе

социјализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Nаправи, прави нешто општествено, заедничко, социјалистичко.
Англиски: socialize Албански: socializoj
(се социјализира) Стане, станува социјалистичко.
Англиски: socialize Албански: socizalizoj

спаија повеќе

Види и: спахија (м.)
мн. спаии
Вид збор: Именка, машки род
Турски феудален коњаник.
Англиски: horseman Турски: sipahi Албански: spahi

спаијка повеќе

Види и: спахија (м.)
мн. спаијки
Вид збор: Именка, женски род
за жена спаија
Албански: spahije
Жена на спаија.
Албански: grua e spahiut

спаилак повеќе

Види и: спахилак (м.)
мн. спаилаци
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Достоинство и должност на спаија.
Турски: sipahilik Албански: spahillëk
Голем посед, имот владеан од спаија.
Албански: spahillëk

спаиски повеќе

Види и: спаија (м.)
спаиската
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на спаија.
Примери:
Спаиска куќа.

спаиство повеќе

Види и: спаилак (м.)
спаиството
Вид збор: Именка, среден род
спаилак

спаиче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
спаија

Спарта повеќе

Вид збор: Име
Град во античка Грција.
Англиски: Sparta

спартанец повеќе

мн. спартанци
Вид збор: Именка, машки род
Жител на старата Спарта (Спартанец, мн. Спартанци)
Англиски: spartan

спахија повеќе

мн. спахии
Вид збор: Именка, машки род
Феудален коњаник во Турското Царство.
Англиски: horseman Турски: sipahi Албански: spahi
Феудален земјопоседник во Турското Царство.
Турски: sipahi Албански: spahi

спахилак повеќе

мн. спахилаци
Вид збор: Именка, машки род
Звање, достоинство на спахијата.
Турски: sipahilik Албански: spahillëk
Имот, посед што му припаѓа на спахијата.
Турски: sipahilik Албански: spahillëk

спахиство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Владеењето на спахијата.

спенџа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Данок кој се плаќал на Турците.
Турски: sipenc Албански: lloj tatimi i lashtë

средновековен повеќе

средновековна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на средновековјето.
Англиски: medieval
Примери:
Средновековни споменици.

средновековие повеќе

Вид збор: Именка, среден род
средновековје
Англиски: Middle Ages

средновековје повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Епоха што ги опфаќа средните векови.
Англиски: Middle Ages
Примери:
Периодот на средновековјето.

СССР повеќе

Вид збор: Скратеница
Сојуз на Советските Социјалистички Републики.
Англиски: USSR

сталинизам повеќе

(едн.) сталинизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичка идеологија, дел од марксизмот, што се одликува со брутално угнетување, тотална едномисленост и владеење на авторитарно-бирократски методи.
Англиски: Stalinism

старогермански повеќе

старогерманскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на древна Германија.
Англиски: old German
Примери:
старогермански јазик

старословенски повеќе

старословенска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на старите Словени.
Англиски: old Slavonic
Примери:
Старословенски ракописи.

старотурски повеќе

старотурскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со стариот турски јазик, обичаи или историја.
Англиски: old turkish
Примери:
Дешифрирање на старотурските документи, дефтери и ракописи.

стахановец повеќе

Види и: стахановски (прид.)
мн. стахановци
Вид збор: Именка, машки род
Во СССР - припадник на стахановското движење.

стахановски повеќе

стахановскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на стахановец.
Примери:
Стахановско движење - движење на советските работници за подигање на продуктивноста на трудот, по името на работникот А. Стаханов.

стела повеќе

мн. стели
Вид збор: Именка, женски род
Надгробна камена плоча или столб со натпис, релјеф или слика на челната страна.
Англиски: stela

стерлиншки повеќе

Види и: стерлинг (м.)
стерлиншка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на стерлинг.
Албански: sterlinge, e sterlingut
Примери:
стерлиншка зона

стодинарка повеќе

мн. стодинарки
Вид збор: Именка, женски род
Банкнота од сто динари во поранешна Југославија.
Албански: qindarkë

сфинга повеќе

мн. сфинги
Вид збор: Именка, женски род
Во стариот Египет - камена фигура на легнат лав со човечка глава.
Англиски: sphinx Албански: sfinga

СФРЈ повеќе

Вид збор: Скратеница
Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш