Историја - категорија

паж повеќе

мн. пажови
Вид збор: Именка, машки род
Во средниот век - момче од дворјанско семејство, на служба кај феудалец или крал.
Англиски: page

паланка повеќе

мн. паланки
Вид збор: Именка, женски род
Мала тврдина заштитена со колци и со ров, на патиштата на Турското Царство.
Англиски: fort

палеоантропологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Историја на првобитното општество што се основа на најдени фосилни остатоци.
Англиски: paleoanthropology

палеолит повеќе

(едн.) палеолитот
Вид збор: Именка, машки род
Во археологијата - најраниот период од камената доба.
Англиски: Paleolithic

палисад повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Старинско средство за одбрана; пречки од зашилени колци забиени вземи и насочено во насока од која се очекува напад.
Англиски: palisade

палисада повеќе

мн. палисади
Вид збор: Именка, женски род
Пречки од зашилени колци забодени во земјата што служат за одбрана.
Англиски: palisade

пан повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Полски, украински и белоруски спаија, дворјанин, благородник.
Албански: fisnik

панацеја повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Средство на алхемичарите против сѐ и сешто; лекарство против сите болести.
Англиски: panacea Грчки: πανάκεια

панѕир повеќе

мн. панѕири
Вид збор: Именка, машки род
панцир
Англиски: byrnie Албански: pancir
Примери:
(нар. поез.) И продај си од панѕир долама.

пански повеќе

панска
Вид збор: Придавка
Во врска со пан.
Примери:
Пански земји.

панславизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Политичко и општествено движење за зближување и обединување на сите Словени.
Англиски: Pan-Slavism

панславист повеќе

мн. панслависти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник, следбеник на панславизмот.

панславистички повеќе

панславистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на панславизмот и панславистите.

панство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
благородништво
Англиски: aristocracy

папство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Власт на папата; период на владеење на еден папа.
Англиски: papacy

пара повеќе

мн. пари
Вид збор: Именка, женски род
Стоти дел од динарот.
Албански: pare (e qindta)
Четириесетти дел од грошот.
Албански: pare (e dyzeta pjesë e groshit)

париј повеќе

мн. парии
Вид збор: Именка, машки род
Презрен жител во некои краишта на Индија, лишен од секакви права.
Англиски: pariah Албански: paria, shtresë e ulët

партизан повеќе

мн. партизани
Вид збор: Именка, машки род
Име со кое Наполеоновите завојувачи во 1812 година ги нарекувале групите руски селани и родољуби кои самостојно се организирале и со грабнатото оружје од непријателот ја напаѓале и се бореле во заднината на француската војска.
Англиски: partisan Албански: partizan
Борците во НОБ во Југославија за време на II светска војна.
Англиски: partisan Албански: partizan

партизанија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Ослободена партизанска земја.

партизански повеќе

партизанска
Вид збор: Придавка
Што се однесува до вооружена народна борба на партизаните.
Примери:
Партизанска војна.

патрик повеќе

Види и: патријарх (м.)
мн. патрици
Вид збор: Именка, машки род
Така народот ги нарекувал Охридските архиепископи.

патрикана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Охридска архиепископија.
Албански: patrikana e Ohrit

патрициј повеќе

мн. патриции
Вид збор: Именка, машки род
Лице од привилегираното сословие во античкиот Рим.
Англиски: patrician Албански: patric, aristokrat romak
Во средниот век - лице што и припаѓало на градската, трговската аристократија.
Англиски: patrician Албански: patric, aristokrat romak

патрицијка повеќе

мн. патрицијки
Вид збор: Именка, женски род
Жена патрициј.
Англиски: patrician

патрон повеќе

мн. патрони
Вид збор: Именка, машки род
Во античкиот Рим - патрициј којшто е покровител на малоимотни или неполноправни граѓани.
Англиски: patron Албански: patric, mecenat

пашалак повеќе

мн. пашалаци
Вид збор: Именка, машки род
Област повелана од паша.
Англиски: country Турски: paşalık Албански: pashallëk

пер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Во средниот век титула на припадник на највисокото благородништво, и сега зачувана во Англија.
Англиски: peer

пергамент повеќе

мн. пергаменти
Вид збор: Именка, машки род
Стар ракопис пишувач на тој материјал.
Англиски: manuscript Албански: manuskript

период повеќе

мн. периоди
Вид збор: Именка, машки род
Во историјата - време на некој историски настан.
Англиски: period Албански: etapë

перјаник повеќе

мн. перјаници
Вид збор: Именка, машки род
Војнiк од коњичка единица што носи перјаница на глава.
Албански: përjetës

Персија повеќе

Вид збор: Име
Персија е историска земја на Иранското Плато и во југозападна Азија.
Англиски: Persia Албански: Persia

петле повеќе

мн. петлиња
Вид збор: Именка, среден род
Наполеон
Англиски: Napoleon Албански: Napoleon

петолетка повеќе

мн. петолетки
Вид збор: Именка, женски род
Петгодишен стопански план.
Албански: plan pesëvjeçar

печалба повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Напуштање на татковината за подобар живот во туѓина.
Англиски: migration Албански: kurbet

пештерен повеќе

пештерна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на времето кога луѓето живееле во пештери.
Англиски: cave
Примери:
Пештерни луѓе.

пионерски повеќе

Види и: пионер (м.)
пионерскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пионер, како младинска организација.
Примери:
пионерски дом, пионерска марама

пирамида повеќе

мн. пирамиди
Вид збор: Именка, женски род
Голема камена четириаголна градба со слична форма што му служела како гробница на египетскиот фараон.
Англиски: pyramid Албански: piramidë

пират повеќе

мн. пирати
Вид збор: Именка, машки род
морски разбојник
Англиски: pirat

Пиров повеќе

Пировиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со епирскиот крал Пир.
Англиски: pyrrhic

плаштаница повеќе

мн. плаштаници
Вид збор: Именка, женски род
Ленено платно, крпа, погребна облека од тенко платно.
Англиски: shroud Албански: pëlhurë liri, qefin

плебеец повеќе

мн. плебејци
Вид збор: Именка, машки род
Во античкиот Рим за разлика од патрициите, припадник на ниже сословие, лично слободен, но политичка отпрвин бесправен.
Англиски: plebeian Албански: plebe, njeri i pagdhendur
Во средниот век и подоцна - припадник на градската сиромаштија.
Англиски: plebeian Албански: plebe

плебејски повеќе

плебејка
Вид збор: Придавка
Во врска со плебеец и плебеј.
Англиски: plebeian
Примери:
Плебејско потекло.

плебејство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Плебејците во Рим.
Англиски: plebs Албански: klasa plebejase

поајдукува повеќе

поајдукуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време како ајдук.

поајдучи повеќе

(се) поајдучат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане ајдук.

повелба повеќе

мн. повелби
Вид збор: Именка, женски род
Документ со кој владетелот доделувал некому определени привилегии.
Англиски: edict Албански: urdhër

поданик повеќе

мн. поданици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е во поданички однос, што се покорува на власта на господарот.
Англиски: subject Албански: pjestar, subjekt

поданство повеќе

мн. поданство
Вид збор: Именка, среден род
Припадност кон владарот и верност кон неговата власт.
Албански: shtetësi

подиум повеќе

мн. подиуми
Вид збор: Именка, машки род
Во римските антички циркуси - балкон за високопоставени лица на чело со императорот.
Англиски: podium Албански: podium

политбиро повеќе

мн. политбироа
Вид збор: Именка, среден род
Политичко биро, извршен орган на политичка партија, особено во кимунистичките партии.

послание повеќе

мн. посланија
Вид збор: Именка, среден род
Официјално, писмено обраќање од владарот до народот или до законодавното тело.
Англиски: edict Албански: të drejtuarit me shkresë

потурчи повеќе

потурчат
Вид збор: Глагол, свршен
Присили некого да стане Турчин, да прими ислам.
Албански: turqizoj

праисторија повеќе

(едн.) праисторијата
Вид збор: Именка, женски род
Период од развојот на човештвото за кој нема никакви пишани документи; време пред појавата на пишаните споменици.
Англиски: primeval history

праисториски повеќе

Види и: праисторија (ж.)
праисторискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на праисторија.
Англиски: prehistoric

прасловенски повеќе

прасловенскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Прасловени.

праќа повеќе

Види и: прати (св.)
мн. праќи
Вид збор: Именка, женски род
Воено орудие за фрлање камења.
Англиски: catapult Албански: katapult

прачовек повеќе

мн. пралуѓе
Вид збор: Именка, машки род
Првобитен човек, предок на денешниот човек.
Англиски: primitive man

првоборец повеќе

мн. првоборци
Вид збор: Именка, машки род
Борец, учесник во Втората светска војан кој од самиот почеток се вклучил во Народноослободителната борба, од 1941 г.
Албански: pishtar lufte

првовенчан повеќе

првовенчаниот
Вид збор: Придавка
Прв крунисан за цар.

првородство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Привилегија на првородениот син да го наследува имотот на родителите.
Латински: primogenitura Англиски: primogeniture

првосвештеник повеќе

мн првосвештеници
Вид збор: Именка, машки род
Врховен свештеник кај старите Евреи.
Англиски: high priest Албански: kryeprift

предисторија повеќе

(едн.) предисторијата
Вид збор: Именка, женски род
Најстариот период од минатото на човештвото, од појавата на човекот до појавата на првите пишани споменици.
Англиски: primeval history Албански: parahistori

предреволуционерен повеќе

предреволуционерни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на времето пред револуција.
Англиски: pre-revolutionary

президиум повеќе

мн. президиуми
Вид збор: Именка, машки род
Раководен колегијален орган во функцијата шеф на држава.
Англиски: presidency Албански: kryesi, prezidium

преродбеник повеќе

мн. преродбеници
Вид збор: Именка, машки род
Истакнат учесник во преродбата на еден народ.
Албански: rilindës

претхристијански повеќе

претхристијанскиот
Вид збор: Придавка
Што е пред јавувањето на Христијанството.
Англиски: pre-Christian

префект повеќе

мн. префекти
Вид збор: Именка, машки род
Во стариот Рим - назив на административна и на воена служба и на лицето во тие служби.
Албански: prefekt

провинција повеќе

мн. провинции
Вид збор: Именка, женски род
Територија освоена и управувана од Римјаните.
Англиски: province Албански: provincë, peshkopat

продавалка повеќе

мн. продавалки
Вид збор: Именка, женски род
Клашни што се ткаат за продавање, што не се за домашна употреба.

пророчиште повеќе

мн. пророчишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се пророкувало, каде што се објавувале, вршеле пророштва.
Англиски: oracle

просветителство повеќе

(едн.) просветителството
Вид збор: Именка, среден род
Историска фаза, претходник на Француската револуција, во која преовладува рационализам и верба во напредокот; против суеверие, предрасуди и покорност пред авторитети.
Англиски: enlightenment

проскрипција повеќе

мн. проскрипции
Вид збор: Именка, женски род
Објавување на имиња за да бидат изложени на презир; јавен прозив.
Англиски: proscription

протагонист повеќе

мн. протагонисти
Вид збор: Именка, машки род
Во античкиот театар - актер што ја играл главната улога.
Англиски: protagonist Албански: protagonist

противреформација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Движење во католичката црква против Реформацијата.
Англиски: counter-reformation

прохибиција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Забрана да се произведува, да се продава и да се точи алкохол.
Англиски: Prohibition Албански: prohibicion, ndalesë

Прусија повеќе

Вид збор: Име
историско германско кралство
Англиски: Prussia Германски: Preußen

пруски повеќе

прускиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Прусија.
Англиски: prussian

пурпур повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Скапоцена облека, наметка во таква боја како симбол на власт, достоинство или на раскош.
Англиски: purple Албански: veshje e shtrejt purpure
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш