Историја - категорија

овен повеќе

мн. овни
Вид збор: Именка, машки род
Направа за рушење ѕидови, врати и сл.
Англиски: battering ram Албански: dash, mjet për rrënim muresh

оклоп повеќе

мн. оклопи
Вид збор: Именка, машки род
Метална облека што служи за заштита на телото во борба.
Англиски: armour Албански: mburoj, pancir

олимпијада повеќе

мн. олимпијади
Вид збор: Именка, женски род
Во Стара Грција - натпревари што се одржувале на секои четири години во чест на богот Зевс во светилиштето Олимпија.
Англиски: Olympics Албански: Olimpiada

омнибус повеќе

мн. омнибуси
Вид збор: Именка, машки род
Патнички автомобил со многу седишта.
Англиски: bus Албански: omnibus
Голема затворена патничка кола со коњска запрега.
Албански: omnibus

онбаша повеќе

мн. онбашии
Вид збор: Именка, машки род
Десетар во турската војска.
Англиски: corporal Турски: onbaşı

орда повеќе

мн. орди
Вид збор: Именка, женски род
Административно-воена организација или племенски сојуз кај турско-монголските номадски племиња.
Англиски: horde Турски: ordu Албански: hordhë

ордија повеќе

мн. ордии
Вид збор: Именка, женски род
Војска, обично турска.
Англиски: army Турски: ordu Албански: armatë turke

ординарец повеќе

мн. ординарци
Вид збор: Именка, машки род
Војник задолжен да му помага за лични и службени потреби на офицер со повисок чин.

оруженосец повеќе

мн. оруженосци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го носи оружјето на својот витез.

Османлија повеќе

мн. Османлии
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Династија што потекнува од турскиот султан Осман.
Англиски: Ottoman Турски: Osmanlı Албански: Osmanli
(обично во мн.) Турчин, граѓанин на Османската (Отоманската) Империја.
Англиски: Ottoman Турски: Osmanlı Албански: Osmanli

османлиски повеќе

Види и: Османлија (м.)
османлискиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Османлиите.
Англиски: ottoman

отомански повеќе

отоманскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Отоманската Империја.
Англиски: ottoman
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш