Историја - категорија

надвојвода повеќе

мн. надвојводи
Вид збор: Именка, машки род
Врховен, прв војвода.

наија повеќе

Види и: нахија (ж.)
мн. наиите
Вид збор: Именка, женски род
нахија

намесништво повеќе

мн. намесништва
Вид збор: Именка, среден род
Привремено вршење на врховната власт во монархиите од страна на определено лице (намесник) при малолетност или подолга болест на монархот.
Англиски: regency

наполеон повеќе

мн. наполеони
Вид збор: Именка, машки род
Златна монета од 20 франци со ликот на Наполеон I или на Наполеон III.
Англиски: gold coin Албански: napoleon, monedhë ari

народништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Општествено-политичка движење во Русија, од втората половина на XIX век, кое во борбата за преобразба на општествениот поредок сметало на револуционерната сила на селанството.

народноослободителен повеќе

народноослободителниот
Вид збор: Придавка
Што има за цел ослободување на народот.
Англиски: people-liberation

народност повеќе

мн. народности
Вид збор: Именка, женски род
Дел од народ во една држава кој има своја матична држава; етничка група, национално малцинство.
Англиски: nationality Албански: nacionalitet

нахија повеќе

мн. нахии
Вид збор: Именка, женски род
Административна област во Отоманското Царство.
Англиски: district Турски: nahiye

нацизам повеќе

Види и: националсоцијализам (м.)
(едн.) нацизмот
Вид збор: Именка, машки род
националсоцијализам
Англиски: Nazism

националсоцијализам повеќе

националсоцијализмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичко фашистичко движење во Германија меѓу двете светски војни.
Англиски: National Socialism

националсоцијалист повеќе

мн. националсоцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на националсоцијализмот.

националсоцијалистички повеќе

националсоцијалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа или се однесува на националсоцијализмот и на националсоцијалистите.
Англиски: nacionalsocialist

нацист повеќе

мн. нацисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на нацизмот
Англиски: nazi

нацистички повеќе

нацистичка
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на нацизмот и на нацистите.

неандерталец повеќе

мн. неандерталци
Вид збор: Именка, машки род
Праисториски човек од камено доба.
Англиски: Neandertal man

некропола повеќе

мн. некрополи
Вид збор: Именка, женски род
Гробишта од античко време; град на мртвите.
Англиски: necropolis Албански: nekropol

неолит повеќе

(едн.) неолитот
Вид збор: Именка, машки род
Подоцнежен период од камената епоха, кој се карактеризира со изработка на орудија од делкан, мазнет камен.
Англиски: neolith

носилка повеќе

мн. носилки
Вид збор: Именка, женски род
Преносна направа за луѓе, обично затворена со завеси, прицврстена на два паралелни држачи за носење.
Албански: vig, barelë
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш