Историја - категорија

магистрат повеќе

мн. магистрати
Вид збор: Именка, машки род
Во стариот Рим - лице што има висока државна служба.
Англиски: magistrate Албански: magjistrat

малинхер повеќе

Види и: малихера (ж.)
мн. малинхери
Вид збор: Именка, машки род
Bид брзострелна пушка.

мандарин повеќе

мн. мандарини
Вид збор: Именка, машки род
Висок чиновник во царска Кина.
Англиски: Mandarin

манихеец повеќе

мн. манихејци
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на манихејството

манихеизам повеќе

(едн.) манихеизмот
Вид збор: Именка, машки род
Религиозно дуалистичко учење за вечно постоење и вечна борба на доброто и злото, коешто станало основа на богомилското движење.
Англиски: Manicheanism

манихејство повеќе

Види и: манихеизам (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
манихеизам
Англиски: Manicheanism

Марселеза повеќе

Вид збор: Име
Револуционерна песна од Француската револуција.
Англиски: Marseillaise Француски: Marseillaise

маршал повеќе

мн. маршали
Вид збор: Именка, машки род
Началник на дворец.
Англиски: marshal Албански: marshal

мафија повеќе

мн. мафии
Вид збор: Именка, женски род
Тајна криминална организација формирана на Сицилија во почетокот на деветнаесеттиот век.
Англиски: Mafia Албански: mafia

мегалит повеќе

мн. мегалити
Вид збор: Именка, машки род
Голем праисториски камен поставен како споменик или дел од споменик.
Англиски: megalith

мезолит повеќе

(едн.) мезолитот
Вид збор: Именка, машки род
Во археологијата - среден период од камената доба.
Англиски: mesolithic

месарија повеќе

мн. месарии
Вид збор: Именка, женски род
Жена што е на ред определено време да ги води домашните работи во семејството, дежурна домаќинка.
Англиски: housekeeper Албански: maxhetore

метропола повеќе

мн. метрополи
Вид збор: Именка, женски род
Град-држава во стара Грција во однос кон населбите што ги основал тој во други земји.
Англиски: city state Албански: metropolë, qytet-shtet
Матична држава во однос кон своите колонии.
Англиски: homeland Албански: atdhe në raport ndaj kolonive

меџидија повеќе

мн. меџидии
Вид збор: Именка, женски род
Стара турска сребрена монета.
Англиски: silver coin Турски: mecidiye

меџлис повеќе

мн. меџлиси
Вид збор: Именка, машки род
собрание
Англиски: assembly Турски: meclis

мивтар повеќе

мн. мивтари
Вид збор: Именка, машки род
Селски старешина.
Англиски: mayor Турски: muhtar

милиција повеќе

мн. милиции
Вид збор: Именка, женски род
Вооружена формација задолжена за чување на редот и сигурноста на граѓаните при немање своја војска.
Англиски: militia Албански: milici

мирија повеќе

мн. мирии
Вид збор: Именка, женски род
данок
Англиски: tax Турски: mirî Албански: tatim, taksë

мистерија повеќе

мн. мистерии
Вид збор: Именка, женски род
Средновековна драмска претстава со религиозна содржина.
Англиски: mystery Албански: mister

мито повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
царина
Англиски: customs Албански: doganë

младотурци повеќе

младотурците
Вид збор: Именка, множина
Политичка турска организација на преминот од XIX во ХХ век што се стремела за преобразба на општеството според западноевропски модел.
Англиски: young turks

могила повеќе

мн. могили
Вид збор: Именка, женски род
Гроб со нафрлани камења или со нафрлана земја.
Англиски: tomb Албански: kodërvarr

могул повеќе

мн. могули
Вид збор: Именка, машки род
Муслимански владетел на династија од монголско потекло.
Англиски: mogul

моралитет повеќе

мн. моралитети
Вид збор: Именка, машки род
Средновековна драма со морална порака.
Англиски: morality play

мудир повеќе

Види и: мудур (м.)
мн. мудири
Вид збор: Именка, машки род
мудур
Англиски: chief Турски: müdür

мудур повеќе

мн. мудури
Вид збор: Именка, машки род
Управник, старешина на област во турско време.
Англиски: chief Турски: müdür

мудурлук повеќе

мн. мудурлаци
Вид збор: Именка, машки род
Подрачје на власта на мудурот.
Англиски: district Турски: müdürlük Албански: distrikt i mydyrit
Седиште на мудурот.
Албански: selia e mydyrit

муктар повеќе

мн. муктари
Вид збор: Именка, машки род
Старешина на маало во градот, селски старешина. Платен заштитник на имот и живот.
Англиски: protector Турски: muhtar

мула повеќе

мулата
Вид збор: Именка, машки род
Врховен кадија, судија; угледен, учен човек.
Англиски: mullah Турски: molla

мулазим повеќе

мн. мулазими
Вид збор: Именка, машки род
турски офицер
Англиски: officer Турски: mülazım Албански: mylazim, oficer turku
Млад судски чиновник.
Англиски: junior lawyer Турски: mülazım Албански: nëpunës i ri gjyqësor

мулк повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Недвижен имот; облик на приватна сопственост на земја во феудализмот.
Англиски: estate Турски: mülk

мускета повеќе

мн. мускети
Вид збор: Именка, женски род
Вид долга пушка што се пали со фитил.
Англиски: musket
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш