Историја - категорија

кабадаија повеќе

мн. кабадаии
Вид збор: Именка, машки род
заменик на дахијата
Албански: kabadahi

каваз повеќе

Види и: гаваз (м.)
мн. кавази
Вид збор: Именка, машки род
гаваз

кадија повеќе

мн. кадии
Вид збор: Именка, машки род
судија
Англиски: judge Турски: kadı

кадилак повеќе

мн. кадилаци
Вид збор: Именка, машки род
Област во која суди еден кадија.
Англиски: district Турски: kadılık Албански: qark ku gjykon kadia
Кадиска служба.
Албански: shërbim kadie

каза повеќе

мн. кази
Вид збор: Именка, женски род
Административно-управна единица во Отоманска Турција.
Англиски: district Турски: kaza

кајмакам повеќе

мн. кајмаками
Вид збор: Именка, машки род
Застапник на везирот или валијата во некоја околија; управител на околија, каза.
Англиски: mayor Турски: kaymakam

кајмакамство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Територијална единица со која управува кајмакамот; објектот, седиштето на кајмакамот.
Англиски: mayor's office Турски: kaymakamlık

каламар повеќе

мн. каламари
Вид збор: Именка, машки род
шишенце за мастило
Англиски: inkwell Албански: shishe për ngjyrë ink
Сад со прашок за посипување на напишаното со мастило.
Албански: enë me pluhur të shkruarën me ngjyrë

калпак повеќе

мн. калпаци
Вид збор: Именка, машки род
Bид свечена капа од крзно, опшиена со чоја, свила или кадифе и украсена со перја или златни синџири (како дел од униформа или народна носија).
Англиски: hat Турски: kalpak Албански: kallpak

камикаѕе повеќе

мн. камикаѕи
Вид збор: Именка, машки род
Во Втората светска војна - јапонски пилот самоубиец, што го жртвувал својот живот, уривајќи се со својот авион (торпедо) полн со експлозив врз непријателски брод.
Англиски: kamikaze Албански: kamikaz

кан повеќе

мн. канови
Вид збор: Именка, машки род
Титула на монголски и татарски владетели.
Англиски: Khan

капетан повеќе

мн. капетани
Вид збор: Именка, машки род
Управник, старешина на град или на територијална единица.
Англиски: captain Албански: kapiten

карабинер повеќе

мн. карабинери
Вид збор: Именка, машки род
Војник вооружен со карабин.
Албански: karabinier

Карпош повеќе

Вид збор: Име
Име на предводник на востание од 1689 година.
Албански: Karposh

катакомба повеќе

мн. катакомби
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Подземни ходници и простории во кои првите христијани ги погребувале мртвите и се собирале за молитва.
Англиски: catacomb Албански: katakomb
Кај старите Египќани - место под земјата каде што се чуваат мумиите.
Англиски: catacomb Албански: katakomb

катапулт повеќе

мн. катапулти
Вид збор: Именка, машки род
Воена опсадна направа за исфрлање камења, стрели врз непријателот што се користела во стариот век.
Англиски: catapult Албански: katapult

каури повеќе

каурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некој да премине во христијанска вера.
Англиски: convert Албански: kaurizoj, konvertoj

каурин повеќе

мн. каури
Вид збор: Именка, машки род
Во Турското Царство секој поданик што не е од муслиманска вера.
Англиски: infidel Турски: gâvur

Келт повеќе

мн. Келти
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на стар народ што живеел во западна Европа.
Англиски: Celt

кесар повеќе

мн. кесари
Вид збор: Именка, машки род
Највисоката титула на западноевропски владетел во средниот век.
Латински: Caesar Англиски: emperor
Лице што се грижело за финансиите на владетелот.
Англиски: treasurer

кирилица повеќе

(едн.) кирилицата
Вид збор: Именка, женски род
Една од двете старословенски азбуки создадена од Кирил Филозоф.
Англиски: Cyrillic Албански: alfabeti qirilik

клада повеќе

мн. клади
Вид збор: Именка, женски род
Голем оган на определено место за јавно палење на осуденици на смрт, на жртвени животни и др.
Англиски: pyre Албански: flakadan i madh

клан повеќе

мн. кланови
Вид збор: Именка, машки род
Родовска заедница во Шкотска и Ирска.
Англиски: clan Албански: klan

клипер повеќе

мн. клипери
Вид збор: Именка, машки род
Брз прекуокеански брод со едра за превоз на стока.
Англиски: clipper Албански: anije e madhe me vela
Голем прекуокеански хидроплан со труп во форма на брод.
Англиски: clipper Албански: hidroplan tejoqeanik

колаборационист повеќе

мн. колаборационисти
Вид збор: Именка, машки род
Соработник со окупаторските сили (во Втората светска војна).
Англиски: collaborator

колектив повеќе

мн. колективи
Вид збор: Именка, машки род
Група луѓе здружени со заедничка работа, заеднички интерес или со заедничка цел.
Англиски: collective Албански: kolektiv
Селска задруга по Втората светска војна со колективизација на земјата и на средствата за производство.
Англиски: cooperative Албански: koperativë
период на колективизација
Албански: kolektivizëm

колективизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Во некои поранешни социјалистички земји - насилно обединување на индивидуалните земјоделци во кооперативни стопанства, со подржавување на нивната земја и на средствата за производство.

колхоз повеќе

мн. колхози
Вид збор: Именка, машки род
Колективно селско стопанство, селска работна задруга во Советскиот Сојуз.

колхозник повеќе

Види и: колхоз (м.)
мн. колхозници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи во колхоз.
Англиски: farm worker

комбинат повеќе

мн. комбинати
Вид збор: Именка, машки род
Големо производствено претпријатие во кое cо технолошкиот процес се обединети повеќе помали претпријатија од различни производствени гранки.
Англиски: combined collective Албански: kombinat

комесар повеќе

мн. комесари
Вид збор: Именка, машки род
Политички раководител во војските на НОБ и ПОЈ и на ЈНА (до 1953), партиски раководител одговорен за идејнополитичка и културно-просветна работа.
Англиски: commissar Албански: komisar

комита повеќе

мн. комити
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во вооружената борба на македонскиот народ против турската власт.
Англиски: rebel Турски: komita Албански: rebel, komit, cub

комитаџија повеќе

Види и: комита (м.)
мн. комитаџии
Вид збор: Именка, женски род
комита
Англиски: rebel Турски: komitacı

комитаџилак повеќе

Види и: комитство (ср.)
(едн.) комитаџилакот
Вид збор: Именка, машки род
комитство

комитет повеќе

мн. комитети
Вид збор: Именка, машки род
Обласно, реонско раководство на македонското национално движење против османлиската власт.
Албански: qarkut

комитство повеќе

Види и: комита (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Комитска дејноcт.

комунар повеќе

мн. комунари
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во Париската комуна.
Албански: pjestar komune

конак повеќе

мн. конаци
Вид збор: Именка, машки род
Седиште на управата во турско време.
Англиски: administration Турски: konak Албански: selia e administratës në kohën turke
голема, убава куќа
Англиски: villa Турски: konak Албански: vilë
Со предлогот на, место каде што некој преноќева.
Англиски: accommodation Албански: han, konak

контрачета повеќе

мн. контрачети
Вид збор: Именка, женски род
Платена формација на непријателска војска за борба против партизаните.

контрачетник повеќе

мн. контрачетници
Вид збор: Именка, машки род
припадник на контрачета
Албански: pjestar i kontraçetës

концлогор повеќе

мн. концлогори
Вид збор: Именка, машки род
Скратен назив за концентрационен логор.
Англиски: concentration camp

кооперација повеќе

мн. кооперации
Вид збор: Именка, женски род
Во социјалистичкото општествено уредување - земјоделска работна организација.
Англиски: cooperation Албански: kooperativë

копјаник повеќе

мн. копјаници
Вид збор: Именка, машки род
Војник вооружен со копје.
Англиски: javelin thrower

копје повеќе

мн. копја
Вид збор: Именка, среден род
Оружје во форма на долг метален или дрвен стап со шилец на едниот крај.
Англиски: spear Албански: shigjetë

копјеносец повеќе

мн. копјеносци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што носи копје.

копјоносец повеќе

Види и: копјеносец (м.)
мн. копјоносци
Вид збор: Именка, машки род
копјеносец

корифеј повеќе

мн. корифеи
Вид збор: Именка, машки род
Водач на корот кај старите Грци.
Албански: korife

коџабашија повеќе

мн. коџабашии
Вид збор: Именка, машки род
Селски кмет, селски старешина.
Англиски: mayor Турски: kocabaşı

коџобашија повеќе

Види и: коџабашија (м.)
мн. коџобашии
Вид збор: Именка, машки род
коџабашија
Англиски: mayor Турски: kocabaşı

крепосник повеќе

мн. крепосници
Вид збор: Именка, машки род
крепостен селанец
Англиски: serf

крепосништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Општествено уредување во царска Русија во кое селанецот е прикрепен кон земјата и зависи од господарот.
Англиски: serfdom

крепостен повеќе

крепосни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на крепосништво.

крипта повеќе

мн. крипти
Вид збор: Именка, женски род
Подземен ходник и ќелии во кои древните христијани се собирале на богослужба.
Англиски: crypt Албански: kriptë, dhomë e nëndheshme

крсташ повеќе

мн. крсташи
Вид збор: Именка, машки род
крстоносец
Англиски: crusader

крстоносен повеќе

крстоносниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на крстоносец.
Англиски: crusading

крстоносец повеќе

мн. крстоносци
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во крстоносните војни што ги воделе европските феудалци од XI до XIII век под знакот на крстот за освојување на Ерусалим.
Англиски: crusader

крстоносна војна повеќе

мн. крстоносни
Вид збор: Сложенка
Од страна на официјалната црква и папата водена војна против муслиманите за ослободување на Ерусалим.
Англиски: crusade

крџалија повеќе

мн. крџалии
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Турски војници оддадени на грабеж и насилство.
Турски: kırdırmak

ктитор повеќе

мн. ктитори
Вид збор: Именка, машки род
Основач, заштитник, дарител на црква или манастир.
Англиски: founder

кула повеќе

мн. кули
Вид збор: Именка, женски род
Извишена цврста тесна градба како засилување на градски ѕид или како дел од тврдина, од замок, четвртеста или заоблена.
Англиски: tower Турски: kule Албански: kullë

кулак повеќе

мн. кулаци
Вид збор: Именка, машки род
Идеолошка определба од времето на аграрната реформа по 1945 година за селанец, земјоделец со повеќе земја од земјишниот максимум.

култура повеќе

мн. култури
Вид збор: Именка, женски род
Степен и специфичности на развојот во духовната и материјалната сфера во определена епоха или на еден народ.
Англиски: culture Албански: kulturë

кулук повеќе

мн. кулуци
Вид збор: Именка, машки род
Работна обврска на селаните кон феудалниот господар или спахија.
Англиски: drudgery Турски: kulluk Албански: kulluk, lloj tatimi

кулукува повеќе

Види и: кулук (м.)
кулукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи кулук; одработува данок без надомест.
Албански: punon kulluk

курија повеќе

мн. курии
Вид збор: Именка, женски род
Назив на групите на кои се делеле патрициите во стариот Рим.
Латински: Curia Англиски: Curia Албански: kuri, grupe të patricjeve në Romën e vjetër
Зградата на сенатот во стариот Рим.
Англиски: Curia Албански: kurie, ndërtesa e senatit në Romën e vjetër
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш