Историја - категорија

егзархист повеќе

мн. егзархисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на дејствувањето на Бугарската егзархија во Македонија.

едикт повеќе

мн. едикти
Вид збор: Именка, машки род
наредба, закон, указ, објава
Англиски: edict

Елин повеќе

мн. Елини
Вид збор: Именка, машки род
антички Грк
Англиски: Hellene

елинизира повеќе

елинизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прифати, прифаќа нешто својствено на грчката или на старогрчката култура.
Албански: helenizoj

елински повеќе

елинскиот
Вид збор: Придавка
Што има особеност на старогрчките: јазик, култура, историја и обичаи.
Англиски: hellenic

ера повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Долг период што се карактеризира со важни настани и кој се користи во историјата како основа за хронологија.
Англиски: period Албански: epokë, periudhë

есесовец повеќе

мн. есесовци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на германска военофашистичка организација во Втората светска војна.
Германски: SS-Mann

еснаф повеќе

мн. еснафи
Вид збор: Именка, машки род
Здружение на занаетчии од иста струка.
Англиски: guild Турски: esnaf Албански: esnaf
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш