Историја - категорија

Вавилон повеќе

Вид збор: Име
Антички град и држава во Месопотамија.
Англиски: Babylon

вазал повеќе

мн. вазали
Вид збор: Именка, машки род
Во феудалниот период, благородник кој од друг повисок благородник добива земја во владеење.
Англиски: vassal Албански: vasal
Владетел, државна власт или класа што се обврзува кон друга на послушност и помош.
Англиски: ruler Албански: sundimtar
Потчинет, зависен човек или зависна држава.
Англиски: subject Албански: subjekt

вазален повеќе

вазалниот
Вид збор: Придавка
Што има својство на вазал, што се однесува на вазал.

вазалство повеќе

(едн.) вазалството
Вид збор: Именка, среден род
Однос меѓу феудалецот и вазалот.
Англиски: serfdom Албански: vazal

вазна повеќе

Види и: ваза (ж.)
мн. вазни
Вид збор: Именка, женски род
Керамички сад изработен во Антиката и декориран со слики.
Англиски: vase Албански: vazë

валија повеќе

мн. валии
Вид збор: Именка, машки род
Царски намесник, турски воено-административен старешина на една област (вилает).
Англиски: governor Турски: vali

валилак повеќе

мн. валилаци
Вид збор: Именка, машки род
Област со која управува валијата.

варварство повеќе

мн. варварства
Вид збор: Именка, среден род
Една од етапите на развој на првобитното општество.
Англиски: barbarism Албански: barbarizëm

везир повеќе

мн. везири
Вид збор: Именка, машки род
Висок државен достоинственик во Отоманската Империја, носител на граѓанска и воена власт, министер.
Англиски: vizier Турски: vezir

веледостојник повеќе

мн. веледостојници
Вид збор: Именка, машки род
великодостојник
Англиски: grandee

велеможник повеќе

мн. велеможници
Вид збор: Именка, машки род
веледостојник
Англиски: grandee
Примери:
Славни велеможници и достојници.

великодостојник повеќе

мн. великодостојници
Вид збор: Именка, машки род
Човек на висока положба во општеството или хиерархијата.
Англиски: grandee

велможа повеќе

мн. велможи
Вид збор: Именка, машки род
Богат и влијателен вршител на една од највисоките државни функции во некои земји.
Англиски: grandee, potentate

весталка повеќе

мн. весталки
Вид збор: Именка, женски род
Кај старите Римјани - свештеница во храмот на божицата Веста.
Англиски: vestal virgin

византиски повеќе

византискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Византиското, односно на Источноримското Царство.

византолог повеќе

мн. византолози
Вид збор: Именка, машки род
Научник што се занимава со византологија.

византологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на духовната и материјалната култура на Византија.

викинг повеќе

мн. викинзи
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен скандинавски морнар и воин.
Англиски: viking

вилает повеќе

мн. вилаети
Вид збор: Именка, машки род
Област во Турското Царство со која управувал валија.
Англиски: district Турски: vilayet Албански: vilajet, distrikt

вилаетски повеќе

вилаетскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вилает.

винарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Данок или такса за вино што во времето на Турското Царство се плаќал за произведеното вино, а се плаќал со вино.
Англиски: wine tax Албански: taksë vere

витез повеќе

мн. витези
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен воин, коњаник, феудалец, припадник на благородничкиот сталеж што со посебен церемонијал го добивал тоа звање.
Англиски: knight Албански: kalorës

властелин повеќе

мн. властелини
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен господар, земјопоседник, феудалец.

ВМРО повеќе

Вид збор: Скратеница
Внатрешна македонска револуционерна организација
Англиски: VMRO

војвода повеќе

мн. војводи
Вид збор: Именка, машки род
Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на Турското Царство.
Англиски: leader Албански: duk, vojvodë
Властелин, старешина на област во некои средновековни држави; висока благородничка титула и денес во некои земји.
Англиски: duke Албански: duk, pushtetar

врховизам повеќе

мн. врховизми
Вид збор: Именка, машки род
Идеологија од почетокот на ХХ век на Врховниот македонски револуционерен комитет во служба на бугарскиот двор.

врховист повеќе

мн. врховисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на врховизмот

вџасеност повеќе

Види и: вџашеност (ж.)
вџасеноста
Вид збор: Именка, женски род
Изненаденост, збрканост, збунетост, запрепастеност.
Англиски: perplexity Албански: habi, çudi, huti
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш