Иронично - категорија

паланчанец повеќе

мн. паланчани
Вид збор: Именка, машки род
Човек со навики својствени на жител на паланка.
Англиски: provincial Албански: qytetëzar

папучар повеќе

мн. папучари
Вид збор: Именка, машки род
Маж што покажува слепа послушност кон сопругата.

паролџија повеќе

мн. паролџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек кој што се истакнува со извикување на пароли а не со работа.

паролџиски повеќе

паролџиска
Вид збор: Придавка
На начин на паролџија.

паролџиство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Истакнување со кажување, извикување пароли наместо со работа.

партизански повеќе

партизанска
Вид збор: Придавка
На брзина организиран, несистематски.
Англиски: chaotic
Примери:
Партизанско раководење.

партизанштина повеќе

мн. партизанштини
Вид збор: Именка, женски род
Недоволно организирани, несистематски акции, пројави.

патентиран повеќе

патентирани
Вид збор: Придавка
вистински, општопознат
Англиски: well-known
Примери:
Тој е патентиран лажго.

пењавење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
се криви, се претргнува, се лигави
Англиски: sliming Албански: jargavel

перла повеќе

мн. перли
Вид збор: Именка, женски род
Нешто единствено; најдобар ообразец на нешто.
Англиски: pearl Албански: perlë, diç e veçant

персона повеќе

мн. персони
Вид збор: Именка, женски род
личност, особа
Англиски: person Албански: person

песоглав повеќе

песоглави
Вид збор: Придавка
Кој има глава што наликува на пес.
Англиски: dogheaded

петел повеќе

мн. петли
Вид збор: Именка, машки род
Во шала за маж.
Англиски: male Албански: gjel, mashkull

петлошиец повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Човек со голем врат.

пече повеќе

пеков
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пече) се сoнча
Англиски: sunbathe Албански: rrëzit në diell

пијач повеќе

мн. пијачи
Вид збор: Именка, машки род
пијаница, пијандура
Англиски: drunkard

пилиштарец повеќе

мн. пилиштарци
Вид збор: Именка, машки род
Неопитно, наивно момче.
Англиски: chick

пипало повеќе

мн. пипала
Вид збор: Именка, среден род
Лице или организација што работат за други.
Албански: fije, pipthë

пиперница повеќе

мн. пиперници
Вид збор: Именка, женски род
За глава - тиква.
Англиски: head Албански: kokë si kungull
Примери:
(разг.) Што не си ја чукнеш пиперницата!

писание повеќе

мн. писанија
Вид збор: Именка, среден род
Лошо напишан текст.
Англиски: scribble Албански: shkrim

писателлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
писателство
Англиски: writing

погачар повеќе

мн. погачари
Вид збор: Именка, машки род
безделник, готован
Англиски: idler

погоди повеќе

погодат
Вид збор: Глагол, свршен
Направил лош избор.
Англиски: choose Албански: zgjidhje

пограѓани повеќе

пограѓанат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пограѓани) Се направи важен, се смета за граѓанин.
Албански: qytetrohem

поетизира повеќе

поетизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Покаже, покажува претерана склоност кон поетско изразување, доживување.

покани повеќе

поканат
Вид збор: Глагол, свршен
(се покани) Самиот себеси се повикува, се кани.
Англиски: invite Албански: ftoj

поклонение повеќе

мн. поклоненија
Вид збор: Именка, среден род
Одавање почит на моќници, на силници.
Англиски: kowtow Албански: përkulje

покорител повеќе

мн. покорители
Вид збор: Именка, машки род
освојувач
Англиски: conqueror Албански: pushtues, zaptues

покрстеник повеќе

мн. покрстеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што менува лесно ставови, идеологија и сл. според потребите.
Англиски: turncoat Албански: dallkauk

покуќешка повеќе

мн. покуќешки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што оди по куќи и води бесцелни разговори.

политичар повеќе

мн. политичари
Вид збор: Именка, машки род
Снаодлив, вешт, човек што знае да ги оствари своите желби со смислено однесување.
Англиски: politician Албански: politikan

полноглавец повеќе

мн. полноглавци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е ограничен, што многу учи и не го интересира ништо друго.
Англиски: egghead Албански: njeri i kufirzuar

потпикне повеќе

потпикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Намести на добро работно место.
Англиски: position Албански: pozicionoj
(се потпикне) Влезе на добро работно место.
Албански: futet

прашинар повеќе

мн. прашинари
Вид збор: Именка, машки род
пешадинец
Англиски: infantryman

прегости повеќе

прегостат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагоси, нахрани некого обилно, повеќе отколку што е потребно.
Албански: gostis tepër
(се прегости) Обилно се најаде, се прејаде.
Албански: haj tepër

преора повеќе

преораат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преора) Се преработи од орање.
Албански: lëvroj shumë

препарира повеќе

препарираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наговори, придобие некого за нешто; преправи нешто (текст, план, извештај).
Англиски: prepare Албански: ndryshoj

преработи повеќе

преработат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преработи) Премногу се наработил.
Англиски: overwork Албански: punoj së tepërmi

прета повеќе

претаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се противи, се бунтува.
Англиски: resist Албански: rezistoj

прокопсан повеќе

прокопсаниот
Вид збор: Придавка
невоспитан, порочен
Англиски: ill-bred

прокопсаник повеќе

мн. прокопсаници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е непрокопсан.
Албански: i pavlefshëm

проповед повеќе

мн. проповеди
Вид збор: Именка, женски род
Поучна реч, обично здодевна и нерадо слушана.
Англиски: preaching Албански: predikim

просвири повеќе

просвират
Вид збор: Глагол, свршен
За човек или инструмент - почне да свири.
Албански: filloj të bie instrumentit

прослави повеќе

прослават
Вид збор: Глагол, свршен
(се прослави) Стане познат по лошо; се посрамоти.
Англиски: shame Албански: i famshëm nga turpi

простосмртен повеќе

простосмртни
Вид збор: Придавка
Што има особини на обичен човек.
Англиски: mortal
Примери:
простосмртни слабости

птица повеќе

мн. птици
Вид збор: Именка, женски род
Човек со лоши особини, што се прави важен поради својата положба.
Англиски: bird Албански: njeri me veti të këqia, shpend
а - б - в - г - д - з - ѕ - и - ј - к - м - н - о - п - р - с - у - ф - х - ш