Информатика - категорија

мајмунче повеќе

Види и: мајмун (м.)
мн. мајмунчиња
Вид збор: Именка, среден род
Ознака во електронската пошта (@).
Англиски: at sign Албански: majmunçe (@)

матрица повеќе

мн. матрици
Вид збор: Именка, женски род
Во програмирањето - основна структура на податоци во која податоците се подредени и организирани така што да можат да се користат како една информациска единица.
Англиски: matrix Албански: matricë

мејл повеќе

мн. мејлови
Вид збор: Именка, машки род
електронска пошта
Англиски: e-mail

меморија повеќе

мн. мемории
Вид збор: Именка, женски род
Дел од компјутерот во кој се складираат податоци.
Англиски: memory Албански: memorje

меморира повеќе

меморираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Запамети, памети; задржи, задржува во паметењето.
Англиски: memorize

мидлвер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Компјутерски софтвер што им служи на софтверските апликации со функции вон основните функции на оперативниот систем.
Англиски: middleware

микропроцесор повеќе

Види и: процесор (м.)
мн. микропроцесори
Вид збор: Именка, машки род
процесор
Англиски: microprocessor Албански: mikroprocesor

микрочип повеќе

Види и: чип (м.)
мн. микрочипови
Вид збор: Именка, машки род
чип
Англиски: chip

модем повеќе

мн. модеми
Вид збор: Именка, машки род
Електронски уред што служи за меѓусебно поврзување на дигитални уреди, сметачи преку мрежа за пренос на податоци.
Англиски: modem Албански: modem

модул повеќе

мн. модули
Вид збор: Именка, машки род
Во комјутерската технологија - дел од програмата, потпрограма која извршува конкретна задача.
Англиски: module Албански: modul

монитор повеќе

мн. монитори
Вид збор: Именка, машки род
компјутерски екран
Англиски: monitor Албански: monitor

мултитаскинг повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Способност на оперативниот систем да изведува повеќе задачи во исто време.
Англиски: multitasking
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш