Информатика - категорија

излезен повеќе

излезниот
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со излез.
Англиски: output Албански: dalës, autput

икона повеќе

мн. икони
Вид збор: Именка, женски род
Во компјутерската технологија - сликовито претставување на некоја програма на екранот од компјутерот.
Англиски: icon Албански: ikonë

имплементација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пишување на програм, изведување на програмско решение.
Англиски: implementation Албански: implemnetim

инкомпатибилен повеќе

инкомпатибилниот
Вид збор: Придавка
Што не се согласува, не се спојува со нешто, што не одговара на нешто.
Англиски: incompatible Албански: inkompatibël

инпут повеќе

(едн.) инпутот
Вид збор: Именка, машки род
влез, влезна величина
Англиски: input Албански: input, hyrje

инстаграм повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Онлајн сервис за споделување фотографии и друштвено вмрежување.
Англиски: Instagram

интерактивен повеќе

интерактивни
Вид збор: Придавка
(за компјутер) Што овозможува размена на податоци во две насоки.
Англиски: interactive

Интернет повеќе

(едн.) Интернетот
Вид збор: Именка, машки род
Во компјутерската технологија - светски раширена компјутерска мрежа што им овозможува на корисниците пристап до големите светски бази на податоци.
Англиски: Internet Албански: internet

интерфејс повеќе

мн. интерфејси
Вид збор: Именка, машки род
Врска меѓу компјутерот и неговата периферија или неговите корисници.
Англиски: interface Албански: interfejs

информатика повеќе

(едн.) информатиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за собирање, обработка, чување и пренос на информации со употреба на електронски апарати (компјутери).
Англиски: computer science Албански: informatikë
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш