Информатика - категорија

датотека повеќе

мн. датотеки
Вид збор: Именка, женски род
Поголем број податоци, обично меѓусебно поврзани, наменети за компјутерска обработка.
Англиски: file Албански: datotekë

дешифрира повеќе

дешифрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одгатне, одгатнува, прочита, чита шифра или текст.
Англиски: decrypt Албански: deshifroj, dekodoj

дигитален повеќе

дигитални
Вид збор: Придавка
Што функционира врз база на бинарните броеви 0 и 1.
Англиски: digital Албански: digjital
Што е работи со помош на компјутер.
Англиски: computerized Албански: digjital, kompjuterizuar

дигитализира повеќе

дигитализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претвора во дигитална форма.
Англиски: digitize

диск повеќе

мн. дискови
Вид збор: Именка, машки род
Тркалезна плочка со магнетен слој за чување и за понатамошно користење податоци.
Англиски: disk Албански: disk

дискета повеќе

мн. дискети
Вид збор: Именка, женски род
Мала плоча за складирање, за чување и за понатамошно користење на податоци (обично информатички).
Англиски: diskette Албански: disketë

дисплеј повеќе

мн. дисплеи
Вид збор: Именка, машки род
компјутерски екран или дигитална табла
Англиски: display

дифолт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Сам по себе, почетна вредност.
Англиски: default Албански: çmim fillestar, nga vetvetja

домен повеќе

мн. домени
Вид збор: Именка, машки род
Дел, сфера од хиерархискиот систем на имиња на Интернет.
Англиски: domain
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш