Информатика - категорија

веб повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Интернет мрежа што ги поврзува сите корисници преку стандардизиран протокол.
Англиски: web Албански: ueb, rrjet

веб-прелистувач повеќе

мн. веб-прелистувачи
Вид збор: Именка, машки род
Софтвер за пребарување и прикажување на информации добиени преку Интернет.
Англиски: browser

веб-сајт повеќе

Види и: сајт (м.)
мн. веб-сајтови
Вид збор: Именка, машки род
Интернет адреса каде што се поставени веб-страници со информации.
Англиски: website

веб-страница повеќе

мн. веб-страници
Вид збор: Именка, женски род
Страница објавена на веб.
Англиски: web page

виртуелен повеќе

виртуелни
Вид збор: Придавка
Измислен, невистинит, што го има само како можност, што може да се пројави.
Англиски: virtual

влезен повеќе

влезни
Вид збор: Придавка
Што служи за влезна комуникација со компјутерот.
Англиски: input Албански: hyrës

вмрежи повеќе

вмрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврзе со други преку мрежа.
Англиски: network
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш