Информатика - категорија

бајт повеќе

мн. бајти
Вид збор: Именка, машки род
Основна единица за меморија во информатиката.
Англиски: byte Албански: bajt, njësi matëse

банер повеќе

мн. банери
Вид збор: Именка, машки род
Реклама (слоган) поставена на видливо место на веб-страницата.
Англиски: banner

бар-код повеќе

мн. бар-кодови
Вид збор: Именка, машки род
Компјутерски код во форма на линии за автоматско распознавање на производи.
Англиски: bar code

баркод повеќе

мн. баркодови
Вид збор: Именка, машки род
Испечатен код што служи за идентификација на производ.
Англиски: bar code

бафер повеќе

мн. бафер
Вид збор: Именка, машки род
Меѓупростор за вршење дејност или што служи за заштита.
Англиски: buffer Албански: zbutës, bafer
Мемориски простор за податоци.
Англиски: buffer Албански: bafer

бимер повеќе

мн. бимери
Вид збор: Именка, машки род
Проектор што презема информации од компјутер и ги проектира на ѕид или платно.
Англиски: beamer

бинарен повеќе

бинарни
Вид збор: Придавка
Што се состои од два дела, две целини, двоен.
Англиски: binary

биометрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Примена на статистички методи во биологијата, медицината и земјоделието.
Англиски: biometry

биометрички повеќе

биометричкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со биометрија.
Англиски: biometric

бит повеќе

из. мн. бита
Вид збор: Именка, машки род
Основна единица за количество информација.
Англиски: bit Албански: bit

биткоин повеќе

мн. биткоини
Вид збор: Именка, машки род
Дигитален систем на плаќање со помош на криптографија.
Англиски: bitcoin

блог повеќе

мн. блогови
Вид збор: Именка, машки род
Веб-сајт наменет за дискусии или размена на мислења.
Англиски: blog

блогер повеќе

мн. блогери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што редовно пишува текстови на веб-сајт наменет за дискусии или размена на мислења.
Англиски: blogger
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш