Зоологија - категорија

тавтабита повеќе

мн. тавтабити
Вид збор: Именка, женски род
Вид ноќен инсект кој се храни со цицање крв од човекот и другите топлокрвни животни.
Латински: Acanthia lectularia Англиски: bedbug Турски: tahtabiti

тазија повеќе

мн. тазии
Вид збор: Именка, женски род
ловечко куче
Англиски: hound

таксономија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од систематиката што се занимава со класификација на организмите.
Англиски: taxonomy

тапир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
зоол. вид цицач сличен на свињата кое живее во шумите на Америка и југоисточна Азија.
Латински: Tapirus

тарантула повеќе

мн. тарантули
Вид збор: Именка, женски род
Голем црн пајак од Јужна Европа.
Латински: Lycosa tarantula Англиски: tarantula

тврдокрилци повеќе

Вид збор: Именка, множина
Класа инсекти со тврди крилја.
Латински: Coleoptera
Примери:
тврдокрилни инсекти

тврдоперки повеќе

Вид збор: Именка, множина
Класа риби со тврди перја.
Латински: Actinopterygii

теле повеќе

мн. телиња
Вид збор: Именка, среден род
Малото на крава.
Англиски: calf Албански: viç
Примери:
Крава со теле.

телење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) тели

тели повеќе

телат
Вид збор: Глагол, несвршен
раѓа теле
Албански: pjell viç
Примери:
Секоја година кравата ни тели по едно теленце.
(се тели) раѓа теле
Албански: pjell viç
Примери:
Кравата се телеше.

тенија повеќе

мн. тении
Вид збор: Именка, женски род
Вид долга глиста која како паразит живее во цревата на човек или на некои животни.
Латински: Taenia solium Англиски: tapeworm

тера повеќе

тераат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за животни) се пари
Англиски: pair Албански: çiftohet

терариум повеќе

мн. терариуми
Вид збор: Именка, машки род
Сад, обично стаклен за негување мали копнени животни.
Англиски: terrarium

териер повеќе

мн. териери
Вид збор: Именка, машки род
Кучешка раса што се користи за лов на животни што градат подземни гнезда.
Англиски: terrier

термити повеќе

Вид збор: Именка, множина
Јужни инсекти, слични на мравите.
Латински: termitidae Англиски: termite

термитски повеќе

Види и: термити (само мн.)
термитскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со термити.
Примери:
термитско гнездо

тетреб повеќе

мн. тетреби
Вид збор: Именка, машки род
Птица од родот на дивите кокошки.
Латински: Tetrao tetrix Англиски: capercaillie

тигар повеќе

мн. тигри
Вид збор: Именка, машки род
Голема мачка распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија и јужна Азија.
Латински: Felis tigris Англиски: tiger
Примери:
бенгалски тигар

тигарче повеќе

Види и: тигар (м.)
мн. тигарчиња
Вид збор: Именка, среден род
тигар
Англиски: tiger

тигрица повеќе

Види и: тигар (м.)
мн. тигрици
Вид збор: Именка, женски род
женски тигар
Англиски: tigress

топлокрвен повеќе

топлокрвни
Вид збор: Придавка
Што има постојана температура на крвта.
Англиски: warm-blooded
Примери:
Топлокрвни животни.

торба повеќе

мн. торби
Вид збор: Именка, женски род
Кај торбарите - отвор во форма на џеб во пределот на стомакот на женката.
Англиски: pouch

торбари повеќе

торбарите
Вид збор: Именка, множина
Вид животни со торба на мевот.
Латински: Marsupialia Англиски: Marsupial

тревопасен повеќе

тревопасни
Вид збор: Придавка
За животно што се рани со трева.
Англиски: graminivorous

тресопатка повеќе

мн. трсопатки
Вид збор: Именка, женски род
Преселна птица со долго опавче.
Латински: Motacilla alba Англиски: White Wagtail

треќак повеќе

мн. треќаци
Вид збор: Именка, машки род
Тригодишно животно.
Примери:
Како некој елен треќак.

тритон повеќе

мн. тритони
Вид збор: Именка, машки род
Вид водоземен лазач, сличен на гуштер.
Латински: Triton cristatus Англиски: newt

трихина повеќе

Види и: трихиноза (ж.)
мн. трихини
Вид збор: Именка, женски род
Паразит што предизвикува трихиноза.
Англиски: trichina

трнарче повеќе

мн. трнарчиња
Вид збор: Именка, среден род
вид појна птица
Латински: Carduelis elegans Англиски: finch

трут повеќе

мн. трутови
Вид збор: Именка, машки род
машка пчела
Англиски: drone Албански: eshkë, bletë mashkull

туна повеќе

мн. туни
Вид збор: Именка, женски род
морска риба
Латински: thunnus Англиски: tuna

тупик повеќе

мн. тупици
Вид збор: Именка, машки род
Вид морска птица со шарен клун.
Латински: Fratercula Англиски: puffin
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш