Зоологија - категорија

сабјарка повеќе

мн. сабјарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид слатководна риба слична на крап.
Латински: Pelecus cultratus Англиски: sabrefish Албански: shaptushë, lloj peshku
Вид птица со тенок, плоскнат клун извиткан нагоре во вид на сабја.
Албански: shpatushë, lloj shpeze

сади повеќе

садат
Вид збор: Глагол, несвршен
квачи (јајца)
Англиски: hatch Албански: klloçitje

саламандер повеќе

Види и: дождалец (м.)
мн. саламандри
Вид збор: Именка, машки род
дождалец
Латински: Salamandra maculosa Англиски: salamander

самјак повеќе

мн. самјаци
Вид збор: Именка, машки род
Машко, полово дораснато животно што живее само.
Англиски: loner
Примери:
Елен самјак.

самовила повеќе

мн. самовили
Вид збор: Именка, женски род
Вид пеперутка.
Латински: Bombyx pavonia Албански: lloj fluture

самур повеќе

мн. самури
Вид збор: Именка, машки род
Вид сибирска невестулка со скапо крзно.
Латински: Martes zibellina Англиски: sable Албански: shqarth

сарага повеќе

мн. сараги
Вид збор: Именка, женски род
Вид риба малу поголема од сардината.
Латински: Alburnus scoranza

сардела повеќе

мн. сардели
Вид збор: Именка, женски род
сардина
Англиски: anchovy Албански: sardelë

светулка повеќе

мн. светулки
Вид збор: Именка, женски род
Инсект што свети на темно.
Латински: Lampyris noctiluca Англиски: glowworm

свиња повеќе

мн. свињи
Вид збор: Именка, женски род
домашно животно
Латински: Suc domestica Англиски: pig Албански: derr, thi

свирец повеќе

мн. свирци
Вид збор: Именка, машки род
жужалец, црцорец
Латински: Gryllus campestris Англиски: cricket Албански: cinxër, cicërrues

свири повеќе

свират
Вид збор: Глагол, несвршен
За некои инсекти, птици - црцори, брмчи.
Албански: cicërroj

свитка повеќе

Види и: свиток (м.)
мн. свитки
Вид збор: Именка, женски род
Инсект што свети на темно.
Англиски: glow-worm

свиток повеќе

Види и: свитка (ж.)
мн. свитоци
Вид збор: Именка, машки род
(мн. свитци) Инсект што свети на темно.
Латински: Lampyris noctiluca Англиски: glow-worm

сврака повеќе

мн. свраки
Вид збор: Именка, женски род
Креслива птица од родот на гавраните.
Латински: Pica rustica Англиски: magpie

седефка повеќе

мн. седефки
Вид збор: Именка, женски род
Вид пеперутка.
Латински: Issoria lathonia Англиски: Queen of Spain fritillary Албански: lloj fluture, sedefe

сејад повеќе

мн. сејади
Вид збор: Именка, машки род
Инсекти или животни што јадат секаква храна.
Латински: Omnivora Англиски: omnivore

сејаден повеќе

Види и: сеизедлив (прид.)
сејадниот
Вид збор: Придавка
Што јаде секаква храна.
Англиски: omnivorous

сеница повеќе

мн. сеници
Вид збор: Именка, женски род
Вид појна птица.
Латински: Parus Англиски: tit Албански: lloj zogu

сепија повеќе

мн. сепии
Вид збор: Именка, женски род
морско мекотело животно
Латински: Sepia officinalis Англиски: cuttlefish Албански: sepia, kallamar

сештојад повеќе

мн. сештојади
Вид збор: Именка, машки род
Животно што јаде и месо и растителна храна.
Англиски: omnivore
Примери:
Мечката е најдолемиот сештојад во Македонија.

сипа повеќе

мн. сипи
Вид збор: Именка, женски род
сепија
Латински: sepia officinalis Англиски: cuttlefish

сипак повеќе

мн. сипци
Вид збор: Именка, машки род
сипка
Англиски: chaffinch

сипка повеќе

мн. сипки
Вид збор: Именка, женски род
Мала шарена појна птица.
Латински: Fringilla coelebs Англиски: chaffinch Албански: zborak, borës

сипче повеќе

Види и: сипка (ж.)
мн. сипчиња
Вид збор: Именка, среден род
сипка
Англиски: chaffinch

сириште повеќе

мн. сиришта
Вид збор: Именка, среден род
Дел од желудникот на јагне цицалче што се употребува за сирење млеко.
Албански: mullëz

скакал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
скакулец
Англиски: grasshopper

скакалец повеќе

Види и: скакулец (м.)
мн. скакалци
Вид збор: Именка, машки род
скакулец
Англиски: grasshopper

скакарка повеќе

мн. скакарки
Вид збор: Именка, женски род
сврака, страчка
Англиски: magpie

скакулец повеќе

мн. скакулци
Вид збор: Именка, машки род
Инсект со долги задни нозе и пипала, има зелена боја, се движи со скокање и издава крескав звук.
Латински: Locusta viridissima Англиски: grasshopper Албански: karkalec
Инсект што лета во роеви и причинува големи штети по посевите.
Латински: Rachytulus migratrius Англиски: locust Албански: karkalec
Примери:
Се нафрлија скакулци.

скачка повеќе

мн. скачки
Вид збор: Именка, женски род
скакулец
Англиски: grasshopper

скворец повеќе

Види и: сколовранец (м.)
мн. скворци
Вид збор: Именка, машки род
скорец, сколовранец

скобуст повеќе

мн. скобусти
Вид збор: Именка, машки род
Вид риба во Охридското Езеро.
Латински: Chondostroma nasus Ochridanum Англиски: common nase

скозна повеќе

скозни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за коза: која има плод во утробата.

скок повеќе

мн. скокови
Вид збор: Именка, машки род
Еднократно парење животно, на мажјакот кај овци, кози, кучиња и ср.
Англиски: mating

скорец повеќе

Види и: сколовранец (м.)
мн. скорци
Вид збор: Именка, машки род
сколовранец, скворец
Англиски: starling

скорпија повеќе

мн. скорпии
Вид збор: Именка, женски род
Ситно животно со осум нозе и боцка на опашката.
Латински: Euscorpius europaeus Англиски: scorpion Албански: shkrap, akrep

скорпион повеќе

Види и: скорпија (ж.)
мн. скорпиони
Вид збор: Именка, машки род
скорпија
Англиски: scorpion

скотна повеќе

скотни
Вид збор: Придавка
(обично само во женски род) За мачка, зајачица и некои други животни која има плод во утробата.
Англиски: pregnant
Примери:
Секогаш скотна зајачица.

скотност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на оплоденост кај зајачици, кучки и др.

скрака повеќе

скракаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне наеднаш да крака.
Англиски: cluck
Примери:
Скракале кокошките.

скрапла повеќе

мн. скрапли
Вид збор: Именка, женски род
скорпија
Англиски: scorpion

скрежец повеќе

мн. скрешци
Вид збор: Именка, машки род
штурец, црцорец
Латински: Gryllus Англиски: cricket

скумрија повеќе

мн. скумрии
Вид збор: Именка, женски род
Mала морска риба со вретеновидно тело.
Латински: Scomber scombrus Англиски: mackerel Турски: uskumru Албански: skumbri
гугутка
Англиски: turtledove Албански: turtull, guguçe

скучна повеќе

скучни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за кучка, волчица, лисица: која има плод во утробата.

скуша повеќе

мн. скуши
Вид збор: Именка, женски род
Североатланска риба со синозелена боја.
Латински: Scomber scombros Англиски: mackerel

славеј повеќе

мн. славеи
Вид збор: Именка, машки род
Мала сива птичка со пријатен глас.
Латински: Luscinia megarhynchos Англиски: nightingale Албански: bilbil
Примери:
Фатија славеј и го затворија в кафез

славејче повеќе

Види и: славеј (м.)
мн. славејчиња
Вид збор: Именка, среден род
славеј
Англиски: nightingale

славјак повеќе

Види и: славеј (м.)
мн. славјаци
Вид збор: Именка, машки род
славеј
Англиски: nightingale

слепак повеќе

мн. слепци
Вид збор: Именка, машки род
слепок
Англиски: blindworm Албански: lloj zvaraniku

слепач повеќе

Вид збор: Именка, машки род
слепок
Латински: anguis fragilis Англиски: blindworm

слепјак повеќе

Види и: слепок (м.)
мн. слепјаци
Вид збор: Именка, машки род
слепок
Латински: anguis fragilis Англиски: blindworm Албански: lloj zvaraniku

слепок повеќе

Види и: слепач (м.)
мн. слепоци
Вид збор: Именка, машки род
Влекач сличен на змија.
Латински: anguis fragilis Англиски: blindworm Албански: lloj zvaraniku

слон повеќе

мн. слонови
Вид збор: Именка, машки род
Најголем сувоземен цицач.
Латински: Elephantidae Англиски: elephant Албански: elefent

слоница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Женка на слон.
Англиски: elephant

слонски повеќе

слонска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на слон; својствен на слон.

слонче повеќе

Види и: слон (м.)
мн. слончиња
Вид збор: Именка, среден род
слон
Англиски: elephant

смачна повеќе

смачни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за мачка: која има плод во утробата.

смок повеќе

мн. смокови
Вид збор: Именка, машки род
Вид неотровна змија со долго тело, одозгора црна, а на стомакот жолтеникава; Coluber flavescens.
Латински: Coluber gemonensis Англиски: Balkan whip snake

смрдливец повеќе

мн. смрдливци
Вид збор: Именка, машки род
Животно од родот на куните што испушта смрдлива материја при одбрана од непријателот.
Латински: Mustela putorius Англиски: polecat

смрдулка повеќе

мн. смрдулки
Вид збор: Именка, женски род
Инсект, бубачка што, кога ќе се пипне, има многу непријатен мирис.
Латински: Palomena prasina Англиски: Green shield bug

смрекарка повеќе

мн. смрекарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид дрозд, се храни со плодот од смреката.
Англиски: thrush

снегар повеќе

мн. снегари
Вид збор: Именка, машки род
Мала шарена појна птица.
Латински: Fringilla coelebs

снесе повеќе

снесат
Вид збор: Глагол, свршен
За птици, инсекти, влекачи - оддели јајце од организмот.
Англиски: lay Албански: ben vezë
Примери:
Кокошката снесе јајце.

совица повеќе

мн. совици
Вид збор: Именка, женски род
Вид инсект, штетник, што ги напаѓа култивираните растенија.

сојка повеќе

мн. сојки
Вид збор: Именка, женски род
Креслива шумска птица од фамилијата на гавраните.
Латински: Garrulus glandarius Англиски: jay

сојкин повеќе

сојкини
Вид збор: Придавка
Кој се однесува, кој и припаѓа на сојка.
Примери:
сојкино крило

соколов повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сокол.
Примери:
Соколово крило, соколово гнездо.

сом повеќе

мн. сомови
Вид збор: Именка, машки род
Голема слатководна риба.
Латински: Silurus glanis Англиски: catfish Албански: silur, mustak
Примери:
Фатија два сома на јадица.

сомиште повеќе

Види и: сом (м.)
мн. сомишта
Вид збор: Именка, среден род
сом
Англиски: catfish

сомов повеќе

сомови
Вид збор: Придавка
Кој му припаѓа на сом.
Примери:
Сомови мустаци.

сомче повеќе

Види и: сом (м.)
мн. сомчиња
Вид збор: Именка, среден род
сом
Англиски: catfish

спрасна повеќе

Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за свиња која има плод во утробата.
Англиски: pregnant
Примери:
Спрасна свиња.

спрасност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
спрасна

спрлна повеќе

спрлната
Вид збор: Придавка
За магарица - што носи плод, што треба да се опрли.

спулна повеќе

спулни
Вид збор: Придавка
(обично само во женски род) Носи во себе пуле.

сржи повеќе

сржат
Вид збор: Глагол, свршен
(за коњ) Испушта специфичен глас.
Англиски: snarl Албански: hingëlloj, ndërsej
Примери:
Сите се исплашивме кога сржа коњот.
(за куче) Испушта специфичен глас.
Англиски: growl Албански: ndërsej
Примери:
Кучето сржа по децата.

срна повеќе

мн. срни
Вид збор: Именка, женски род
Шумско животно од фамилијата на елените.
Латински: Cernus capreolus Англиски: doe
Примери:
Брза како срна.

срндак повеќе

мн. срндаци
Вид збор: Именка, машки род
машка срна
Англиски: deer

срнче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
срна
Англиски: deer

сртење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
'ржење
Англиски: growling

срти повеќе

сртат
Вид збор: Глагол, несвршен
За куче - 'ржи.
Англиски: growl

стаден повеќе

стадни
Вид збор: Придавка
Кој живее во стадо
Примери:
Стадно животно.

стадо повеќе

мн. стада
Вид збор: Именка, среден род
Група животни, обично овци и кози, што пасат заедно; група животни, обично од еден вид.
Англиски: herd Албански: kope, tufë

стаор повеќе

мн. стаорци
Вид збор: Именка, машки род
Вид голем глушец.
Латински: Mus rattus Англиски: rat

стелна повеќе

Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за крава, биволица: која има плод во утробата.
Англиски: pregnant
Примери:
Нашата крава е стелна и брзо ќе се отели.

стелница повеќе

мн. стелници
Вид збор: Именка, женски род
стелна крава

стелност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба кога кравата носи плод, од оплодувањето до отелувањето.

стеница повеќе

мн. стеници
Вид збор: Именка, женски род
Паразит што живее во нечиста околина и се храни со човечка и животинска крв.
Латински: cimex lectularius Англиски: bed bug
Примери:
Досаден како стеница.

стонога повеќе

Види и: стоногалка (ж.)
мн. стоноги
Вид збор: Именка, женски род
стоногалка
Англиски: centipede

стоногалка повеќе

мн. стоногалки
Вид збор: Именка, женски род
Многуног инсект.
Латински: Julus terrestris Англиски: centipede

стоножица повеќе

мн. стоножици
Вид збор: Именка, женски род
стоногалка
Англиски: centipede

страч повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Мажјак на страчка.
Англиски: magpie

страчка повеќе

мн. страчки
Вид збор: Именка, женски род
Вид птица со долга опашка.
Латински: Pica rustica Англиски: magpie Албански: laraskë

страчори повеќе

страчорат
Вид збор: Глагол, несвршен
За страчка - оддава специфичен звук карактеристичен за страчка.

стрвник повеќе

мн. стрвници
Вид збор: Именка, машки род
Месојадец, животно или птица што се храни со месо.
Англиски: carnivore Албански: mishngrënës
Примери:
Волци стрвници.

стрвница повеќе

мн. стрвници
Вид збор: Именка, женски род
Обично за животно што јаде месо.
Англиски: carnivore Албански: ari coftinar
Примери:
Таа година над селото се беше населила мечка стрвница.

стрвојад повеќе

мн. стрвојади
Вид збор: Именка, машки род
мршојад, мршојадец
Англиски: scavenger

струна повеќе

мн. струни
Вид збор: Именка, женски род
Влакно од коњска опашка или грива.
Англиски: horsehair Албански: qime bishti nga kali, grefe

стршен повеќе

мн. стршни
Вид збор: Именка, машки род
Вид оса.
Латински: Vespa crabro Англиски: hornet Албански: lloj grenze
Примери:
Почина од убод од стршен.

студенокрвен повеќе

студенокрвна
Вид збор: Придавка
Што нема постојана телесна температура, што има способност да ја менува телесната температура во зависност од температурата на средината; ладнокрвен.
Англиски: cold-blooded

сунѓер повеќе

мн. сунѓери
Вид збор: Именка, машки род
Морско животно.
Латински: Spongia officinale Англиски: sponge Турски: sünger Албански: sungjer, shpuzë

суп повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Граблива птица од родот на јастреби.
Латински: Gyps fulvus Англиски: Griffon Vulture

сурла повеќе

мн. сурли
Вид збор: Именка, женски род
Издолжена муцка, обично кај слон.
Англиски: trunk, Албански: surle, feçkë
Примери:
Сурлата на слонот.

сурлари повеќе

Вид збор: Именка, множина
Копнени цицачи кои се карактеристични по својата големина, долга сурла, заби големи нозе и уши и огромни глави.
Латински: proboscidea Англиски: proboscidea
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш