Зоологија - категорија

раѓа повеќе

раѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За женско животно - добива мало.
Англиски: bear Албански: lind

разблее повеќе

Види и: блее (несв.)
разблеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно да блее.
Англиски: bleat Албански: blegëron fort
Примери:
Разблеало силно стадо.
(се разблее) Почне да блее.
Англиски: bleat Албански: blegëron
Примери:
Се разблеале овците.

разблејува повеќе

Види и: разблее (св.)
(се) разблејуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разблее

разгонетост повеќе

разгонетоста
Вид збор: Именка, женски род
За женско животно - состојба на пројавување нагон за оплодување.
Англиски: rutting

разгонува повеќе

Види и: разгони (св.)
разгонуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се разгонува) За женско животно пројави нагон за оплодување.

размука повеќе

(се) размукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мука.
Англиски: moo
Примери:
Се размука кравата.

рак повеќе

мн. раци
Вид збор: Именка, машки род
морски рак
Латински: Cancer pagurus Англиски: crab Албански: gaforre
речен рак
Латински: Astacus fluviatilis Англиски: crayfish Албански: gaforre

раковина повеќе

мн. раковини
Вид збор: Именка, женски род
Тврдиот заштитен покров на некои животни - рак, полжав и сл.
Англиски: shell

ракообразен повеќе

ракообразна
Вид збор: Придавка
Кој има облик на рак, сличен на рак.

ракун повеќе

мн. ракуни
Вид збор: Именка, машки род
Северноамериканско диво четириножно животно, цицач, со скапоцено крзно и карактеристични црни шарки околу очите; Procyon lotor.
Латински: Procyon lotor Англиски: raccoon

ракче повеќе

мн. ракчиња
Вид збор: Именка, среден род
рак
Англиски: crab

ранозрел повеќе

ранозрела
Вид збор: Придавка
Што достигнува рано зрелост, порано завршува со растење.
Англиски: precocious

рапче повеќе

мн. рапчиња
Вид збор: Именка, среден род
врапче
Англиски: sparrow Албански: harabel, trumcak

раса повеќе

мн. раси
Вид збор: Именка, женски род
Група животни од еден вид што си прилегаат по некои својства и наследни особини.
Англиски: breed Албански: racë
Примери:
Коњ од чиста раса.

расквичи повеќе

Види и: квичи (несв.)
(се) расквичат
Вид збор: Глагол, свршен
За куче, прасе – почне силно да квичи.
Англиски: squeak
Примери:
Ама се расквичиле кучињава.

расклика повеќе

Види и: клика (несв.)
(се) раскликат
Вид збор: Глагол, свршен
За орел и некои птици - почне силно да клика.

раскрека повеќе

Види и: крека (несв.)
(се) раскрекаат
Вид збор: Глагол, свршен
За жаба - почне многу да крека.
Англиски: croak Албански: krekos
Примери:
Сма се раскрекале жабиве.

раскрка повеќе

раскркаат
Вид збор: Глагол, свршен
раскрека
Англиски: crow

расплоден повеќе

расплодна
Вид збор: Придавка
Определен за расплод.
Англиски: breeding
Примери:
Расплодна крава.

расплодник повеќе

мн. расплодници
Вид збор: Именка, машки род
Животно (обично мажјак) определен за расплод.
Англиски: breeding stock

расплодува повеќе

Види и: расплоди (св.)
(се) расплодуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расплоди
Англиски: breed

расцвили повеќе

Види и: цвили (несв.)
(се) расцвилат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да цвили (за коњ издава жален звук).
Англиски: neigh
Примери:
Коњите се расцвилија.

расцвилува повеќе

Види и: расцвили (св.)
(се) расцвилуват
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расцвили
Англиски: neigh

раче повеќе

мн. рачиња
Вид збор: Именка, среден род
рак
Англиски: crab Албански: gaforre
Примери:
Раче осмокраче.

рачец повеќе

Види и: рак (м.)
мн. рачци
Вид збор: Именка, машки род
рак
Англиски: crab

рбетник повеќе

мн. рбетници
Вид збор: Именка, машки род
Животно што има ’рбет.
Англиски: vertebrate Албански: kurrizor

регургитира повеќе

регургитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(Кај птиците) Вади храна од желудникот за хранење на подмладокот.
Англиски: regurgitate Албански: vjell

рептил повеќе

мн. рептили
Вид збор: Именка, машки род
Влекач, влечуга (крокодил, гуштер, змија).
Англиски: reptile

ржи повеќе

ржат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно - знак за неудобност.
Англиски: snarl Албански: hingëllon, hungëron
За куче - знак за агресивност.
Англиски: growl Албански: hungëron

рзак повеќе

мн. рзаци
Вид збор: Именка, машки род
За коњ - здрав, силен, бесен, нескротлив.
Англиски: stallion

риба повеќе

мн. риби
Вид збор: Именка, женски род
Вид водно животно.
Латински: Pisces Англиски: fish Албански: peshk

рибенце повеќе

Вид збор: Именка, среден род
риба
Англиски: fish

рибица повеќе

Види и: рипче (ср.)
мн. рибици
Вид збор: Именка, женски род
риба
Англиски: fish

рибичка повеќе

мн. рибички
Вид збор: Именка, женски род
риба, рипче
Англиски: fish Албански: peshk i vogël

рибиште повеќе

мн. рибишта
Вид збор: Именка, среден род
риба
Англиски: fish

рик повеќе

мн. рикови
Вид збор: Именка, машки род
Силен вик на некои животни.
Англиски: roaring Албански: ulërim

рилест повеќе

рилести
Вид збор: Придавка
За некои животни - кој има голема рилка.

рилка повеќе

мн. рилки
Вид збор: Именка, женски род
Муцка, особено на свиња.
Англиски: trunk Албански: turin

рилкар повеќе

мн. рилкари
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) Животни со издадена рилка.
Латински: Proboscidea Англиски: proboscidean

рилце повеќе

рилцето
Вид збор: Именка, среден род
Муцка, особено на свиња.
Англиски: trunk

рипка повеќе

Види и: рипче (ср.)
мн. рипки
Вид збор: Именка, женски род
Златна рипка.
Латински: cyprinus auratus Англиски: goldfish
риба
Англиски: fish

рипче повеќе

Види и: риба (ж.)
мн. рипчиња
Вид збор: Именка, среден род
риба
Англиски: fish
Примери:
Фативме само неколку рипчиња.

рис повеќе

мн. рисови
Вид збор: Именка, машки род
Диво животно од родот на мачките.
Латински: Felis lynx Англиски: lynx Албански: ris, rrëqebull
Примери:
Ќе сретнеш волци, мечки, а и рисови.

рисов повеќе

рисова
Вид збор: Придавка
Што е од рис, што припаѓа на рис.
Примери:
Рисова кожа.

ровка повеќе

мн. ровки
Вид збор: Именка, женски род
Мал месојаден цицач, сличен на крт.
Латински: Soricidae Англиски: shrew

рог повеќе

мн. рогови
Вид збор: Именка, машки род
Тврд израсток на главата на некои животни.
Англиски: horn Албански: bri
Сличен израсток кај некои инсекти.
Англиски: feeler Албански: bri

рожба повеќе

мн. рожби
Вид збор: Именка, женски род
Малечкото на животно или птица.
Англиски: young Албански: i njomë

рои повеќе

(се) ројат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пчели и некои други инсекти - се изделува рој.
Англиски: swarm Албански: tuf, roe
Примери:
Наскоро пчелите ќе се ројат.

рој повеќе

мн. роеви
Вид збор: Именка, машки род
Семејство на пчели или на други слични инсекти.
Англиски: swarm Албански: gëlon, luzmë, krinë
Множество инсекти што кружат во воздухот.
Англиски: swarm Албански: gëlon

ројак повеќе

мн. ројаци
Вид збор: Именка, машки род
Млад рој пчели.
Англиски: swarm of bees Албански: roe bletësh

рслан повеќе

Вид збор: Именка, машки род
арслан
Англиски: lion

рт повеќе

мн. ртови
Вид збор: Именка, машки род
Вид ловечко куче.
Англиски: hound

ртица повеќе

Види и: рт (м.)
мн. ртици
Вид збор: Именка, женски род
Женско од 'рт.
Англиски: hound

рудица повеќе

мн. рудици
Вид збор: Именка, женски род
руда овца
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш