Зоологија - категорија

павијан повеќе

мн. павијани
Вид збор: Именка, машки род
Вид африкански мајмун.
Латински: Papio hamadryas Англиски: baboon

паек повеќе

Види и: пајак (м.)
мн. паеци
Вид збор: Именка, машки род
пајак
Англиски: spider

пајажина повеќе

мн. пајажини
Вид збор: Именка, женски род
Тенки нишки од леплива материја што ја лажи пајакот, мрежата од пајакот, пајакова мрежа.
Англиски: cobweb

пајажинен повеќе

пајажинест
Вид збор: Придавка
Што е од пајажина или личи на неа
Англиски: cobweb

пајак повеќе

пајаци
Вид збор: Именка, машки род
Осумножни членконоги животни.
Латински: Aranea Англиски: spider Албански: merimangë
Примери:
Крстатен пајак (Epeira diadema) - пајак крсташ, со слика на крст на грбот.

пајаков повеќе

пајакова
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што е од пајак.
Англиски: spider
Примери:
Пајакова мрежа.

пајаче повеќе

Види и: пајак (м.)
Вид збор: Именка, среден род
пајак
Англиски: spider

пајачен повеќе

Види и: пајаков (прид.)
пајачна
Вид збор: Придавка
пајаков
пајажинен, пајажинест, пајажинов

пајачина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пајажина
Англиски: cobweb

пајка повеќе

мн. пајки
Вид збор: Именка, женски род
патка, шатка
Латински: Anas Англиски: duck

пајкин повеќе

пајкиниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пајка.

паламид повеќе

мн. паламиди
Вид збор: Именка, машки род
Вид морска риба од родот на скуши.
Латински: Palamys sarda Англиски: sardine

паламида повеќе

мн. паламиди
Вид збор: Именка, женски род
паламид
Англиски: sardine Албански: sardele

палеозоологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од палеонтологијата што ги проучува и идентификува првите комплексни организми.
Англиски: Palaeozoology

панголин повеќе

мн. панголини
Вид збор: Именка, машки род
Посебен вид цицач, чие тело е покриено со лушпи.
Латински: Pholidota Manis Англиски: pangolin

панда повеќе

мн. панди
Вид збор: Именка, женски род
Крупно диво животно од фамилијата мечки обраснато со црно-бело крзно што живее во некои области на Кина и Тибет.
Латински: Ailuripoda melanoleuca Англиски: panda

панија повеќе

мн. пании
Вид збор: Именка, женски род
пајка, патка, шатка
Латински: Anas Англиски: duck

пантер повеќе

мн. пантери
Вид збор: Именка, машки род
Вид крупна дива мачка со црно крзно која живее во Африка и Индија.
Латински: Felis pardus Англиски: panther

панцир повеќе

мн. панцири
Вид збор: Именка, машки род
Тврдиот надворешен покров кај некои животни (желки).
Англиски: shell Германски: Panzer Албански: mburoj, kafkull

папагал повеќе

мн. папагали
Вид збор: Именка, машки род
Тропски вид птици.
Латински: Psittacine Англиски: parrot Албански: papagall

папалина повеќе

мн. папалини
Вид збор: Именка, женски род
Вид ситна морска риба.
Латински: Sprattus sprattus Англиски: sprat

папунец повеќе

Види и: пупунец (м.)
мн. папунци
Вид збор: Именка, машки род
пупунец
Англиски: hoopoe

пари повеќе

парат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пари) За животни - се спои (за мажјак и женка) заради оплодување.
Англиски: mate Албански: parëzoj, ndërzoj

парип повеќе

парипот
Вид збор: Именка, машки род
коњ
Англиски: horse Албански: at, kal
Младо, мало коњче.
Англиски: foal Албански: kal i vogël

парипка повеќе

мн. парипки
Вид збор: Именка, женски род
Млада кобила.
Англиски: mare

парог повеќе

мн. парози
Вид збор: Именка, машки род
Гранка кај роговите на еленот.
Англиски: deer antler Албански: bri kaprolli

пасе повеќе

пасат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно - јаде трева и сл.
Англиски: graze Албански: kullos
(за пчели) Пушти во природа да се хранат.
Англиски: feed Албански: ushqej, kullos

пастрмка повеќе

мн. пастрмки
Вид збор: Именка, женски род
Вид слатководна речна и езерска риба со меки перки, ситни крлушки и тело ишарено со дамки и со многу вкусно месо; Salmo fario.
Латински: Salmo truta fario Англиски: trout Албански: troftë

патица повеќе

Види и: патка (ж.)
мн. патици
Вид збор: Именка, женски род
патка, пајка, шатка
Англиски: duck

патка повеќе

мн. патки
Вид збор: Именка, женски род
пајка, шатка
Латински: Аnаѕ Англиски: duck

паток повеќе

Види и: патор (м.)
мн. патоци
Вид збор: Именка, машки род
патор
Англиски: drake

патор повеќе

Види и: патка (ж.)
Вид збор: Именка, машки род
патка
Англиски: drake

патче повеќе

мн. патчиња
Вид збор: Именка, среден род
младо од патка
Англиски: duckling

паун повеќе

мн. пауни
Вид збор: Именка, машки род
Вид птица со светкави пердуви.
Латински: Pavo cristatus Англиски: peacock
Примери:
Од паун перо.

пауница повеќе

мн. пауници
Вид збор: Именка, женски род
Женски паун.
Англиски: peacock
Примери:
Паунот и пауницата.

паунов повеќе

Вид збор: Придавка
Што е од паун.
Примери:
Пауново перо.

пачунка повеќе

мн. пачунки
Вид збор: Именка, женски род
Копита на коза, овца, срна и сл.
Англиски: hoof

пекинезер повеќе

мн. пекинезери
Вид збор: Именка, машки род
Раса на нучиња со куса сплескана муцка, мало тело со долги влакна и куси нозе.
Англиски: pekinese

пеликан повеќе

мн. пеликани
Вид збор: Именка, машки род
Крупна водна птица со долг врат и голем клун под кој виси ќесе за собирање риби како храна.
Латински: Pelecanus onocrotalus Англиски: pelican

пепеланка повеќе

мн. пепеланки
Вид збор: Именка, женски род
Мала отровна змија.
Латински: Vipera berus Англиски: viper

пепелница повеќе

мн. пепелници
Вид збор: Именка, женски род
змија лутица
Латински: Vipera berus Англиски: viper Албански: lloj gjarpëri

пеперуга повеќе

мн. пеперуги
Вид збор: Именка, женски род
ред на крилести инсекти
Латински: Papilio Англиски: butterfly Албански: flutur

пеперутка повеќе

мн. пеперутки
Вид збор: Именка, женски род
пеперуга
Латински: Papilio Англиски: butterfly

пеперутче повеќе

Види и: пеперуже (ср.)
мн. пеперутчиња
Вид збор: Именка, среден род
пеперутка
Англиски: butterfly

пеперушка повеќе

мн. пеперушки
Вид збор: Именка, женски род
пеперуга
Англиски: butterfly Албански: flutur

пердув повеќе

мн. пердуви
Вид збор: Именка, машки род
Мек израсток од птица.
Англиски: feather Албански: pupël, pendël

перка повеќе

мн. перки
Вид збор: Именка, женски род
Перја, органи за пливање кај рибите и други водни животни.
Англиски: fin Албански: fletë peshku

перкија повеќе

мн. перкии
Вид збор: Именка, женски род
Вид риба со остра перка што живее во Дојранското Езеро.
Англиски: perch

перо повеќе

мн. пера
Вид збор: Именка, среден род
(мн. пера и перје, перја) Кај рибите - перка.
Англиски: fin Албански: luspë

перперица повеќе

Види и: потполошка (ж.)
мн. перперици
Вид збор: Именка, женски род
перпелица, потпошка
Англиски: quail

перушка повеќе

Види и: пердушка (ж.)
мн. перушки
Вид збор: Именка, женски род
Кај риба: перка.
Англиски: fin

пес повеќе

мн. пци
Вид збор: Именка, машки род
Едно од најстарите домашни животна.
Латински: Canis familiaris Англиски: dog Албански: qen

песна повеќе

мн. песни
Вид збор: Именка, женски род
Глас на некои појни птици.
Англиски: bird song Албански: zëri zogjëve

петел повеќе

мн. петли
Вид збор: Именка, машки род
Мажјак од кокошка.
Англиски: cock Албански: gjel, këndes

петле повеќе

мн. петлиња
Вид збор: Именка, среден род
петел
Англиски: cock Албански: gjel i vogël

петлиште повеќе

Види и: петел (м.)
мн. петлишта
Вид збор: Именка, среден род
петел
Англиски: cock
Примери:
(нар. поез.) Станете, кокошки, оро фатете,/ќе го жениме старото петлиште.

петлов повеќе

петлови
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на, што е од петел.
Албански: gjeli

пивавица повеќе

Види и: пијавица (ж.)
мн. пивавици
Вид збор: Именка, женски род
пијавица
Англиски: leech

пијавица повеќе

мн. пијавици
Вид збор: Именка, женски род
Водна или сувоземна глиста со цицалки на обата краја што живее како паразит, припиена на телото на животните и се храни со крв.
Латински: Hirudo medicinalis Англиски: leech Албански: ushujzë

пијор повеќе

пијорот
Вид збор: Именка, машки род
Вид слатководна ситна риба во Охридското Езеро.
Латински: phoxinus phoxinus Англиски: fish

пиле повеќе

мн. пилиња
Вид збор: Именка, среден род
Од кокошка малото.
Англиски: chick Турски: piliç Албански: zogth
(мн. обично пилци) мали птици
Албански: zogëza

пилење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ведење
Англиски: hatch Албански: çel

пили повеќе

пилат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пилиња - се веде.
Англиски: hatch Албански: çel zogjë
За змии и други животни - се размножува, се коти.
Англиски: hatch Албански: çel

пилило повеќе

мн. пилила
Вид збор: Именка, среден род
ведење
Англиски: hatch Албански: çelje, vizim
Примери:
Овие пилиња се од едно пилило.

пингвин повеќе

мн. пингвини
Вид збор: Именка, машки род
Голема црно-бела јужнополарна морска птица, што не лета, оди исправено, но вешто плива.
Латински: Aptenodytes patagonicus Англиски: pinguin

пипало повеќе

мн. пипала
Вид збор: Именка, среден род
Кај некои нижи животни, инсекти, полипи и друго: орган со кој се фаќаат за предметите или ловат храна.
Англиски: tentacle Албански: brith

пипица повеќе

мн. пипици
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Мушички, штетни инсекти што се јавуваат кај кокошките.
Албански: insekte te pulat
(обично во мн.) Мушички што живеат во брашно.
Албански: flajkë në miell

пирана повеќе

мн. пирани
Вид збор: Именка, женски род
Граблива незаситна риба со остри заби.
Латински: Serrasalmus Англиски: piranha

питбул повеќе

мн. питбули
Вид збор: Именка, машки род
Агресивна кучешка раса што се користи за борби.
Англиски: pitbull

питом повеќе

питоми
Вид збор: Придавка
За животно одгледано од човек.
Англиски: tame Албански: i butë, i zbutur

питон повеќе

мн. питони
Вид збор: Именка, машки род
Змиски цар.
Латински: Pyton recutilatus Англиски: python
Примери:
Бел питон.

плашица повеќе

мн. плашици
Вид збор: Именка, женски род
Вид риба во Охридското Езеро.
Латински: Alburnus albidus alborella Англиски: Italian bleak

плашичарка повеќе

мн. плашичарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид риба летница што се храни со рибата плашица во Охридското Езеро.

подгрлица повеќе

мн. подгрлици
Вид збор: Именка, женски род
Коска што се наоѓа под грлото на птиците.
Албански: ashti nën fytin e shpendëve

подлетарка повеќе

мн. подлетарки
Вид збор: Именка, женски род
Птица, пиле што учи да лета, со недооформени крила.
Англиски: fledgeling Албански: shpezë

подмрежица повеќе

мн. подмрежици
Вид збор: Именка, женски род
Мала, ситна птица со жолти пердуви под гушата.
Латински: Parus minor Англиски: tit

подојница повеќе

мн. подојници
Вид збор: Именка, женски род
Овца, крава што останува без својот пород и дои друго јагне, теле.

поентер повеќе

мн. поентери
Вид збор: Именка, машки род
Вид ловечко куче, англиски птичар.
Англиски: pointer Албански: poenter

полв повеќе

мн. полвови
Вид збор: Именка, машки род
Животно од родот на глодарите, слично на верверица.
Латински: Glis glis Англиски: dormouse

полжав повеќе

мн. полжави
Вид збор: Именка, машки род
Животно од класата мекотели, живее на копно, во солени и слатки води, со меко тело, покриено со едноклеточен епител, некои форми се составени и од коскеска куќичка.
Латински: Gastropoda molluska Англиски: snail Албански: kërmill

ползач повеќе

мн. ползачи
Вид збор: Именка, машки род
Заедничко име за животни што спаѓаат во групата што ползи.
Англиски: reptile

полип повеќе

мн. полипи
Вид збор: Именка, машки род
Морско животно со многу краци.
Англиски: polyp Албански: polip
(само мн.) Животни што живеат на едно место во вид на колонија.
Англиски: polyp Албански: polip

полноглавец повеќе

мн. полноглавци
Вид збор: Именка, машки род
Развиено јајце од жаба.
Англиски: tadpole Албански: fulterëz, vezë e zhvilluar bretkoce

пони повеќе

мн. понија
Вид збор: Именка, среден род
Раса низок, мал шкотски коњ.
Англиски: pony Албански: poni

попадика повеќе

мн. попадики
Вид збор: Именка, женски род
Вид речна риба.
Латински: Vimba melanops Англиски: Macedonian vimba Албански: lloj peshku lumi

попупа повеќе

Види и: пупа (несв.)
попупаат
Вид збор: Глагол, свршен
За пупунец - пупа малку, некое време.

пор повеќе

мн. порови
Вид збор: Именка, машки род
Мала граблива ѕверка од фамилијата куни, со темнокафеаво или со црно крзно што лачи секрет со многу непријатен мирис заради заштита и одбрана од непријателот.
Латински: Mustela putorius Англиски: polecat

пород повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Младо од животно.
Англиски: offspring Албански: pjellë

поскок повеќе

мн. поскоци
Вид збор: Именка, машки род
Вид отровна змија.
Латински: Vipera ammodytes Англиски: viper

потопница повеќе

мн. потопници
Вид збор: Именка, женски род
Вид езерска птица на Охридското Езеро, планинска потопница.
Латински: Nyroca marila Англиски: scaup

потполошка повеќе

мн. потполошки
Вид збор: Именка, женски род
Полска птица од семејството на еребиците, најмала од тој вид.
Латински: Coturnix communis Англиски: quail Албански: thëllëzë

праменка повеќе

мн. праменки
Вид збор: Именка, женски род
Вид овца со груба волна.

прасе повеќе

мн. прасиња
Вид збор: Именка, среден род
мало, младо свињче
Англиски: piglet Албански: gic

прасец повеќе

мн. прасци
Вид збор: Именка, машки род
Мажјак на домашна свиња.
Англиски: boar

праси повеќе

прасат
Вид збор: Глагол, несвршен
За свиња - раѓа прасиња.
Албански: pjell derra

прасило повеќе

мн. прасила
Вид збор: Именка, среден род
Прасиња од едно опрасување.
Англиски: litter

прдавец повеќе

мн. прдавци
Вид збор: Именка, машки род
Птица преселница, живее во ливадите, рамнините во близина на обработливо земјиште.
Латински: Crex crex Англиски: Corncrake

предводник повеќе

мн. предводници
Вид збор: Именка, машки род
Животно што го предводи стадото.
Англиски: leader Албански: prijës

прежива повеќе

преживаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За некои тревопасни животни - повторно ја џвака храната вратена од желудникот, преџвакува.
Англиски: ruminate

преживар повеќе

мн. преживари
Вид збор: Именка, машки род
Животно што прежива храна.
Латински: Artiodactyla ruminantia Англиски: ruminant

презими повеќе

презимат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно - преспие зима, не излезе од дувлото за време на зимата.
Англиски: hibernate Албански: kaloj dimrin

препелица повеќе

мн. препелици
Вид збор: Именка, женски род
потполошка
Англиски: quail

преселница повеќе

мн. преселници
Вид збор: Именка, женски род
Птица што се сели во јужните краишта за време на зимата.
Англиски: migratory bird Албански: zog shtegëtar

примат повеќе

мн. примати
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) Највисок род на цицачи - човек, мајмуни и полумајмуни.
Англиски: primates Албански: primat

присојница повеќе

мн. присојници
Вид збор: Именка, женски род
Вид отровна змија што живее на присојно место.
Албански: lloj gjarpëri

пркне повеќе

пркнат
Вид збор: Глагол, свршен
За птица - летне, изврши движење со крилата.
Англиски: flutter Албански: valëvitet, rrah krahët

прч повеќе

мн. прчови
Вид збор: Именка, машки род
јарец
Англиски: he-goat Албански: përç, cjap

прчи повеќе

прчат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прчи) За коза - се пари, се спарува.

птица повеќе

мн. птици
Вид збор: Именка, женски род
’Рбетник обраснат со перје, со крила, клун и две нозе што може да лета.
Латински: Aves Англиски: bird Албански: shpend

птичар повеќе

мн. птичари
Вид збор: Именка, машки род
Ловечко куче за лов на диви птици, дресирано да ги носи приците од водата до копното.
Албански: qen shpestarë

птичји повеќе

птичја
Вид збор: Придавка
Што се однесува на птица.

пувка повеќе

мн. пувки
Вид збор: Именка, женски род
Кај некои птици, израсток од пердуви на главата во форма на туфка.
Англиски: crest Албански: kreshtë, xhufkë

пудла повеќе

мн. пудли
Вид збор: Именка, женски род
Вид куче со бујно виткано влакно кое се одгледува како домашно милениче.
Англиски: poodle

пујка повеќе

мн. пујки
Вид збор: Именка, женски род
мисирка
Англиски: turkey

пуле повеќе

Види и: прле (ср.)
мн. пулиња
Вид збор: Именка, среден род
прле

пупунец повеќе

мн. пупунци
Вид збор: Именка, машки род
Песнопојна птица со лепезаста кикиришка на главата.
Латински: Upupa epops Англиски: hoopoe

пупунче повеќе

Види и: папунец (м.)
мн. пупунчиња
Вид збор: Именка, среден род
папунец
Англиски: hoopoe

пчеларка повеќе

мн. пчеларки
Вид збор: Именка, женски род
Вид птица што се храни со пчели.
Латински: Merops apiaster Англиски: Bee-eater
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш