Зоологија - категорија

каданка повеќе

мн. каданки
Вид збор: Именка, женски род
трнарско врапче
Латински: Fringilla carduelis Англиски: Goldfinch Албански: gardalinë
ласица, невестулка
Англиски: weasel Албански: nuselalë, bukël

кајман повеќе

мн. кајмани
Вид збор: Именка, машки род
Вид крокодил распространет во Средна и Јужна Америка.
Латински: Caiman crocodilus Англиски: caiman

какаду повеќе

мн. какадуа
Вид збор: Именка, среден род
Вид папагал со разнобојни пердуви.
Латински: Cacatua galerita Англиски: cockatoo

какараска повеќе

мн. какараски
Вид збор: Именка, женски род
страчка
Англиски: magpie

каламар повеќе

мн. каламари
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Вид лигни.
Латински: Loligo Англиски: squid Албански: kallamar

калешка повеќе

мн. калешки
Вид збор: Именка, женски род
Овца со црни белези околу очите.
Албански: dele kaleshe

калкан повеќе

мн. калкани
Вид збор: Именка, машки род
Сплескана риба во вид на лист.
Латински: Pleuronectes Англиски: plaice Турски: kalkan Албански: kalkan, lloj peshku

калуѓерица повеќе

мн. калуѓерици
Вид збор: Именка, женски род
калуѓерка
Англиски: tadpole Албански: fulterëz

калуѓерка повеќе

мн. калуѓерки
Вид збор: Именка, женски род
полноглавец
Англиски: tadpole Албански: fulterëz

камелеон повеќе

мн. камелеони
Вид збор: Именка, машки род
Вид гуштер што ја менува својата боја под влијание на надворешни фактори, во зависност од околината во која се наоѓа.
Латински: Chamaeleon vulgaris Англиски: chameleon Албански: kameleon

каменарка повеќе

мн. каменарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид отровна змија.
Латински: Vipera ammodytes Англиски: viper Албански: nëpërkë, lloj gjarpëri helmues
Bид еребица.
Латински: Perdix graeca Англиски: partridge Албански: thëllëzë

камењарка повеќе

Види и: каменарка (ж.)
мн. камењарки
Вид збор: Именка, женски род
каменарка
Англиски: viper Албански: nëpërkë
каменарка
Англиски: partridge Албански: thëllëzë

камила повеќе

мн. камили
Вид збор: Именка, женски род
Пустинско животно, копитар со една или две грпки што служи за јавање и за пренос на товар.
Латински: Camelus Англиски: camel

канаринец повеќе

мн. канаринци
Вид збор: Именка, машки род
Мала, песнопојна птица пренесена од Канарските Острови, што се одгледува и во домашни услови (во кафез).
Латински: Ѕеrinuѕ саnаrius Англиски: canary

канарка повеќе

мн. канарки
Вид збор: Именка, женски род
канаринка
Англиски: canary Албански: kanarinë

канибализам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кај некои животни - јадење на единки од сопствениот вид.
Англиски: cannibalism Албански: kanibalizëm

канџа повеќе

мн. канџи
Вид збор: Именка, женски род
Долг, свиткан и остар нокт на прстите на многу птици и животни; долг, свиткан нокт; прст воопшто.
Англиски: claw Албански: kthetër

кања повеќе

мн. кањи
Вид збор: Именка, женски род
Птица, вид орел стрвојад, живее во Египет а кај нас доаѓа во летните месеци.
Латински: Neophron percnopterus Англиски: Egyptian Vulture

капура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кај животни преживари - вториот, помал дел од желудникот.
Англиски: paunch Албански: lukthi te përtypsit

каракул повеќе

мн. каракули
Вид збор: Именка, машки род
Вид овца со црно, виткано влакно; скапоцено црно, јагнешко крзно; астраган.

караман повеќе

мн. карамани
Вид збор: Именка, машки род
Bид куче, обично со црно влакно, име за куче со црно влакно.
Турски: kahraman

картал повеќе

мн. картали
Вид збор: Именка, машки род
Мршојадна птица, вид орел.
Латински: Vultur monachus Англиски: Great vulture Турски: kartal

кастрат повеќе

мн. кастрати
Вид збор: Именка, машки род
Скопено животно.
Албански: kafshë e tredhur

катерица повеќе

мн. катерици
Вид збор: Именка, женски род
верверица
Англиски: squirrel Бугарски: катерица

качулка повеќе

мн. качулки
Вид збор: Именка, женски род
Сноп од пердуви на глава од птица.
Англиски: aigrette Албански: tufë

квака повеќе

квакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта звук, глас ква-ква, карактеристичен за жаба и за некои птици.
Англиски: quack

квачи повеќе

квачат
Вид збор: Глагол, несвршен
За птици - веде пилиња лежејќи на јајца.
Англиски: hatch Албански: klloçit, squk, çel

квачка повеќе

мн. квачки
Вид збор: Именка, женски род
Кокошка што квачи јајца и се грижи за пилињата.
Англиски: hen Албански: squk, kluç

кенгур повеќе

мн. кенгури
Вид збор: Именка, машки род
Австралиско тревопасно животно, цицач од фамилијата торбари, со куси предни и долги задни нозе, што cе движи cо скокање и ги одгледува младите во кожена торба на стомакот.
Латински: Macropus giganteus Англиски: kangaroo

кенгурче повеќе

Види и: кенгур (м.)
мн. кенгурчиња
Вид збор: Именка, среден род
Младо од кенгур.
Англиски: kangaroo

кефалопод повеќе

мн. кефалоподи
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) Морски мекотели со краци кои им служат за фаќање плен и сл.
Латински: Cephаlоpoda Англиски: Cephаlоpod

киви повеќе

мн. кивија
Вид збор: Именка, среден род
Bид птица тркач, со недоразвиени крила, краток врат и долг тенок клун која живее во Нов Зеланд.
Латински: Apteryx australis Англиски: kiwi Албански: kivi

кикиритка повеќе

мн. кикиритки
Вид збор: Именка, женски род
кикиришка
Англиски: comb Албански: krehër

кикиришка повеќе

мн. кикиришки
Вид збор: Именка, женски род
Месест, црвен и назабен израсток на глава на кокошка, петел, мисирка и сл.
Англиски: comb

кинологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од зоологијата што ги проучува кучињата и нивните расни карактеристики.
Англиски: cynology

кит повеќе

мн. китови
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за најголемите морски цицачи, cо мазна кожа и тело на риба.
Англиски: whale Албански: balenë

китица повеќе

мн. китици
Вид збор: Именка, женски род
Кај коњите - перче долги влакна, над копитото на задниот дел од ногата.

клен повеќе

мн. кленови
Вид збор: Именка, машки род
Bид речна риба.
Латински: Squalius cephalus Англиски: chub Албански: klen

клешта повеќе

мн. клешти
Вид збор: Именка, женски род
Кај некои животни - дел од телото што служи за фаќање на пленот, за земање храна и сл.
Англиски: shears Албански: gërshërë, kapse

клик повеќе

мн. кликови
Вид збор: Именка, машки род
Гласови на некои птици.
Англиски: shriek Албански: klithë

клика повеќе

кликаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За некои птици - испушта силен, продорен глас.

клукајдрвец повеќе

мн. клукајдрвци
Вид збор: Именка, машки род
Шумска птица со долг и остар клун.
Латински: Dendrocopus Англиски: woodpecker

клун повеќе

мн. клунови
Вид збор: Именка, машки род
Остар и издолжен рожен дел на устата кај птиците, орган за фаќање храна, за колвање.
Англиски: beak Албански: sqep

клунар повеќе

мн. клунари
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за цицачи што во телесната градба имаат карактеристики на птици и на влекачи и живеат во географската област на Австралија.
Латински: Monotremata Англиски: Monotreme Албански: sqepator
Цицач што несе јајца, со долг клун и долга опашка и со сиво-кафеаво крзно што живее во водите на Австралија.
Латински: Ornithorhynchus anatinus Англиски: Platypus Албански: sisor që bën vezë

коала повеќе

мн. коали
Вид збор: Именка, женски род
Вид австралиска мечка од родот торбари.
Латински: Рhаѕсоlartus cinereus Англиски: Koala

кобец повеќе

мн. копци
Вид збор: Именка, машки род
Вид птица грабливка.
Латински: Accipiter nisus Англиски: Sparrowhawk

кобила повеќе

мн. кобили
Вид збор: Именка, женски род
Женка на коњ.
Англиски: mare Албански: pelë

кобра повеќе

мн. кобри
Вид збор: Именка, женски род
Змија отровница, долга до 2 метра, што живее во југоисточна Азија.
Латински: Naia tripudians Англиски: cobra

коза повеќе

мн. кози
Вид збор: Именка, женски род
Домашно животно со рогови, преживар со долго остро влакно и брада; се одгледува заради млекото, волната и месото.
Англиски: goat Албански: dhi

кози повеќе

(се) козат
Вид збор: Глагол, несвршен
За коза - раѓа јаре.
Албански: lind kec

којот повеќе

мн. којоти
Вид збор: Именка, машки род
прериски волк
Латински: Canis latrans Англиски: coyote

кокер повеќе

мн. кокери
Вид збор: Именка, машки род
Кучешка раса со долги свиленкасти влакна и клапави уши.
Англиски: cocker

кокодака повеќе

кокодакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за кокошка) Испушта карактеристичен глас.
Англиски: cluck Албански: kakaris

кокона повеќе

мн. кокони
Вид збор: Именка, женски род
Обвивка во која се замотува ларвата на инсект.
Англиски: cocoon Албански: fshikëz

колве повеќе

колват
Вид збор: Глагол, несвршен
За птица - зема, откинува со клунот.
Англиски: pick Албански: çukis
За птица - удира, чука со клунот.
Англиски: peck Албански: çukis
(се колве) За птици - се удираат со клун една со друга.
Англиски: peck Албански: çukis

коли повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Кучешка раса со долги влакна; шкотски овчар.
Англиски: collie

колибри повеќе

мн. колибрија
Вид збор: Именка, среден род
Многу мала шарена птица со долг клун, со акробатски лет околу цветовите со чиј полен се храни, распространета во Средна и Јужна Америка, најмала од cите птици.
Латински: Trochilidae Англиски: hummingbird

колострум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Густа млечна маса што истекува во првите денови по породувањето од градите на жената или од женско животно.
Латински: colostrum Англиски: colostrum

комар повеќе

мн. комари
Вид збор: Именка, машки род
комарец
Англиски: mosquito Албански: mushkonjë

кондор повеќе

мн. кондори
Вид збор: Именка, машки род
Голема граблива јужноамериканска птица, вид орел.
Латински: Vultur gryphus Англиски: condor

конопарче повеќе

мн. конопарчиња
Вид збор: Именка, среден род
Појна птица.
Латински: Carduelis cannabina Англиски: Linnet

коњ повеќе

мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
Крупно домашно животно од редот на копитарите што се одгледува за работа, транспорт или спорт.
Латински: Equus caballus Англиски: horse Албански: kalë

коњоштип повеќе

мн. коњоштипи
Вид збор: Именка, машки род
Крупен штетен инсект што рие подземни ходници во кои живее и се храни, правејќи штети на градинарските растенија.
Латински: Gryllotalpa vulgaris Англиски: mole cricket

коњски повеќе

коњскиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на коњ.
Англиски: horse Албански: kali, i kalit

коњче повеќе

мн. коњчиња
Вид збор: Именка, среден род
коњ
Англиски: horse Албански: kal i vogël

копа повеќе

копаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животни - рие во земјата, прави дупки, ходници.
Англиски: burrow Албански: strofull

копитар повеќе

мн. копитари
Вид збор: Именка, машки род
Тревопасен цицач што има копита (коњ, зебра) тревојади со копита.
Англиски: ungulate Албански: thundrak
Еден од редот на таквите цицачи.
Англиски: ungulate Албански: thundror

копитен повеќе

копитниот
Вид збор: Придавка
Што има копита.
Англиски: ungulate

копитница повеќе

мн. копитници
Вид збор: Именка, женски род
копито
Англиски: hoof Албански: thundër

копито повеќе

мн. копита
Вид збор: Именка, среден род
Рожест израсток на крајот од ногата кај некои цицачи.
Англиски: hoof Албански: thundërr

копсопиле повеќе

мн. копсопилиња
Вид збор: Именка, среден род
јастреб
Англиски: hawk

копулација повеќе

копулацијата
Вид збор: Именка, женски род
копулирање
Англиски: copulation

копулира повеќе

копулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Има сексуален однос.
Англиски: copulate

корал повеќе

мн. корали
Вид збор: Именка, машки род
Морско неподвижно животно од родот на полипите што живее прикачено на карпи во големи групи.
Латински: Anthozoa Англиски: coral Албански: koral

коран повеќе

мн. корани
Вид збор: Именка, машки род
Машка пастрмка во Охридското Езеро.
Англиски: trout

корморан повеќе

мн. корморани
Вид збор: Именка, машки род
Голема птица со темна боја и со cилен клун што се храни со риби и се искористува од рибарите при риболов; црн пеликан;
Латински: Phalacrocorax carbo Англиски: cormorant

кос повеќе

мн. косови
Вид збор: Именка, машки род
Појна птица од редот на дроздовите што живее по шумите, лозјата и парковите.
Латински: Turbus merula Англиски: thrush

кострец повеќе

мн. костреци
Вид збор: Именка, машки род
Вид речна риба тврдоперка.
Латински: Perca fluviatilis Англиски: perch

костреш повеќе

Види и: кострец (м.)
мн. костреши
Вид збор: Именка, машки род
кострец
Латински: Perca fluviatilis Англиски: perch

коти повеќе

котат
Вид збор: Глагол, несвршен
За зајаци, глувци и други животни - донесува пород на свет.
Англиски: breed Албански: shumëzohet, pjell

котка повеќе

мн. котки
Вид збор: Именка, женски род
мачка
Англиски: cat Албански: macë

кошута повеќе

мн. кошути
Вид збор: Именка, женски род
Женката на еленот.
Латински: Сеrva Англиски: deer

краба повеќе

мн. краби
Вид збор: Именка, женски род
Вид морски рак.
Латински: Brachyura Англиски: crab

крава повеќе

мн. крави
Вид збор: Именка, женски род
Израснато женско говеда, женката на бикот.
Латински: Воѕ vacca Англиски: cow Албански: lopë

кравји повеќе

кравја
Вид збор: Придавка
Што е од крава.

крагуј повеќе

мн
Вид збор: Именка, машки род
Птица грабливка од фамилијата соколи.
Латински: Gyps fulvus Англиски: griffon vulture

крак повеќе

мн. краци
Вид збор: Именка, машки род
Издолжен дел од телото на некои животни (медуза, октопод, рак).
Англиски: arm Албански: krah

крака повеќе

кракаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За кокошка - испушта глас, се огласува.
Англиски: cluck

крап повеќе

мн. крапови
Вид збор: Именка, машки род
Слатководна риба со тело покриено со јадри крлушки.
Латински: Cyprinus carpio Англиски: carp

крека повеќе

крекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За жаба - испушта гласови.
Англиски: croak Албански: krekos

крекалица повеќе

мн. крекалици
Вид збор: Именка, женски род
Вид жаба што многу крека.
Латински: hyla arborea Англиски: frog Албански: bretkocë që krekos shumë

кресница повеќе

мн. кресници
Вид збор: Именка, женски род
Летна пастрмка во Охридското Езеро.

крзно повеќе

мн. крзна
Вид збор: Именка, среден род
Кожа на некои животни покриена, обрастена cо влакна.
Англиски: fur Албански: gëzof, lëkurë

криворог повеќе

криворогиот
Вид збор: Придавка
Што има криви рогови.

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
(мн. крилја) Орган за летање кај птиците и некои инсекти.
Англиски: wing Албански: krah, fletë

кркач повеќе

мн. кркачи
Вид збор: Именка, машки род
Вид жаба.
Латински: Нуiа arborea Англиски: toad Албански: lloj bretkoce

кркушка повеќе

мн. кркушки
Вид збор: Именка, женски род
Мала слатководна риба со вретенесто тело.
Латински: Gobius fluviatilis Англиски: Monkey goby Албански: lloj peshku, kërkushë
голема вошка
Англиски: bedbug Албански: morr i madh

крлеж повеќе

мн. крлежи
Вид збор: Именка, машки род
Bид паразит што живее на кожата на човекот и на разни животни и што може да пренесе зараза.
Латински: Ixodes ricinus Англиски: tick Албански: këpushë, rriqër

крлушка повеќе

мн. крлушки
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Тврди рожести плочки што го штитат телото на некои рбетници (риби, гуштери, змии).
Англиски: scale Албански: luspë

крмнак повеќе

мн. крмнаци
Вид збор: Именка, машки род
Мажјак на домашна или дива cвиња.
Англиски: boar Албански: derr mashkull

крмначе повеќе

мн. крмначиња
Вид збор: Именка, среден род
Младо домашно или диво свинче.
Англиски: piglet

крокодил повеќе

мн. крокодили
Вид збор: Именка, машки род
Големо водно животно слично на гуштер што живее во водите на тропските предели, а телото му е покриено со тврда ковчести крлушки.
Латински: Crocodilia Англиски: crocodile

крокодилче повеќе

Види и: крокодил (м.)
мн. крокодилчиња
Вид збор: Именка, среден род
Младо од крокодил.
Англиски: crocodile
крокодил
Англиски: crocodile

крстач повеќе

мн. крстачи
Вид збор: Именка, машки род
Вид орли кои имаат облик на крст на грбот.
Латински: Aquila Imperialis Англиски: Imperial Eagle Албански: lloj shqiponje me kryq në shpinë

крт повеќе

мн. кртови
Вид збор: Именка, машки род
Цицач што cе храни cо инсекти, живее под земја и има предни нозе и муцка приспособени за копање.
Латински: Таlpa еuropaea Англиски: mole Албански: urith

круна повеќе

мн. круни
Вид збор: Именка, женски род
Дел од цветот со одвоени или сраснати цветни ливчиња.
Англиски: ring Албански: kurorë lule

кршјак повеќе

мн. кршјаци
Вид збор: Именка, машки род
млад зајак

кршорога повеќе

мн. кршороги
Вид збор: Именка, женски род
Овца со неизрастени или скршени рогови.

кука повеќе

кукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За кукавица - испушта глас што се прима како
Англиски: cuckoo Албански: qaj, vajtoj, kukas

кукавица повеќе

мн. кукавици
Вид збор: Именка, женски род
Птица преселница која обично не свива свое гнездо, туку ги остава јајцата во туѓо гнездо.
Латински: Cuculus canorus Англиски: cuckoo Албански: qyqe

кукавичин повеќе

Види и: кукавица (ж.)
кукавичиниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на кукавица.

кукавички повеќе

кукавичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што и припаѓа на птицата кукавица.
Албански: qyqeje, i qyqes

кукла повеќе

мн. кукли
Вид збор: Именка, женски род
Последен стадиум во развојот на некои инсекти, ларви и сл.
Англиски: pupa Албански: krizalidë

кукли повеќе

(се) куклат
Вид збор: Глагол, несвршен
За инсекти - се претвора, се преобразува во кукла; го поминува развојниот стадиум на кукла.
Англиски: pupate

кукумјавка повеќе

мн. кукумјавки
Вид збор: Именка, женски род
Ноќна птица (за која cе верува дека со гласот предвидува. претскажува несреќа).
Латински: Athene noctua indigena Англиски: little owl Албански: kukuvajkë

куластра повеќе

Види и: колострум (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
колострум
Латински: colostrum Англиски: colostrum

кумрија повеќе

мн. кумрии
Вид збор: Именка, женски род
гугутка
Англиски: turtledove Турски: kumru

куна повеќе

мн. куни
Вид збор: Именка, женски род
Мала граблива ѕверка со витко тело, кратки нозе и cо скапоцено крзно.
Латински: Mustella foina Англиски: marten

куникула повеќе

мн. куникули
Вид збор: Именка, женски род
Bид питом зајак, се одгледува поради месото, крзното и влакното.
Латински: Cunіculus Англиски: rabbit

кунин повеќе

куниниот
Вид збор: Придавка
Што е од куна.

кутре повеќе

Види и: куче (ср.)
мн. кутриња
Вид збор: Именка, среден род
куче
Англиски: dog

куче повеќе

мн. кучиња
Вид збор: Именка, среден род
Домашно животно што лае и обично има улога на чувар.
Латински: Саniѕ familiаriѕ Англиски: dog Српски: пас Албански: qen Бугарски: куче Грчки: σκυλί

кучи повеќе

(се) кучат
Вид збор: Глагол, несвршен
За кучка - раѓа, се окотува.
Англиски: have puppies

кучило повеќе

мн. кучила
Вид збор: Именка, среден род
Сите кучиња од едно котење.
Англиски: litter Албански: qenë të një pjelle

кучка повеќе

мн. кучки
Вид збор: Именка, женски род
Женка од куче.
Англиски: bitch Албански: bushtër, kudër

кучкин повеќе

Види и: кучка (ж.)
кучкиниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кучка, што е од кучка.
Англиски: bitch
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш