Зоологија - категорија

ибис повеќе

мн. ибиси
Вид збор: Именка, машки род
Птица од родот на штрковите со долг, црн подвиткан клун и со бели пердуви по телото, која старите Египќани ја сметале за света птица.
Латински: Ibis religiosa Англиски: ibis

изјагни повеќе

(се) изјагнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овци - заврши со јагнење.

излежи повеќе

Види и: лежи (несв.)
излежат
Вид збор: Глагол, свршен
За птица - изведе пилиња.
Англиски: hatch Албански: çel, klloçitet

изнакоти повеќе

(се) изнакотат
Вид збор: Глагол, свршен
За некои животни (глувци, зајаци) - се накоти многу, во голем број.
Англиски: multiply Албански: pjell shumë

икра повеќе

мн. икри
Вид збор: Именка, женски род
Рибини јајца.
Англиски: roe Албански: ikër, vezë peshku

инсект повеќе

мн. инсекти
Вид збор: Именка, машки род
Ситна животинка од родот на членконогите.
Англиски: insect

ирбис повеќе

мн. ирбиси
Вид збор: Именка, машки род
снежен леопард
Латински: Panthera uncia Англиски: snow leopard

ирвас повеќе

мн. ирваси
Вид збор: Именка, машки род
Вид северен елен.
Латински: Rangifer tarandus Англиски: caribou

испили повеќе

испилат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесе на свет пиле, пилиња (за кокошка, птица).
Англиски: hatch Албански: kurdis
(се испили) За пиле - разбие јајце, дојде на свет како пиле.
Англиски: hatch Албански: kurdis

ихтиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука, гранка на зоологијата што ги проучува рибите.
Англиски: ichthyology
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш