Зоологија - категорија

заблее повеќе

Види и: блее (несв.)
заблеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блее.
Англиски: bleat Албански: fillon të blegëroj

завишти повеќе

завиштат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вишти.
Англиски: neigh

заграка повеќе

загракаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да грака.
Англиски: crow Албански: kërret, gugas

заек повеќе

Види и: зајак (м.)
мн. зајци
Вид збор: Именка, машки род
зајак
Англиски: rabbit

зажеволи повеќе

Види и: жеволи (несв.)
зажеволат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да жеволи.
Англиски: ruminate Албански: mërtyp

зајак повеќе

мн. зајаци
Вид збор: Именка, машки род
Плашливо диво животно од фамилијата глодачи со долги задни нозе и долги уши.
Латински: Lepus Англиски: hare Албански: lepur
Питом зајак, припитомен глодач сличен на зајак.
Латински: Cuniculus cuniculus Англиски: rabbit Албански: lepur i butë

зајко повеќе

мн. зајковци
Вид збор: Именка, машки род
зајак
Англиски: rabbit

зајчар повеќе

мн. зајчари
Вид збор: Именка, машки род
Вид ловечко куче со кое се ловат зајаци.
Англиски: hound

заморче повеќе

мн. заморчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мало животно од фамилијата на глодачите што се чува како домашно милениче.
Латински: Caviidae Англиски: guinea pig

занесе повеќе

занесат
Вид збор: Глагол, свршен
За птица - почне да несе јајца.
Англиски: lay Албански:

зарика повеќе

Види и: рика (несв.)
зарикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да рика.
Англиски: bellow

застрачи повеќе

застрачат
Вид збор: Глагол, свршен
За страчка - почне да пушта извик.

зацвили повеќе

зацвилат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да цвили; да испушта пискав глас од тага, болка и сл.
Англиски: whine

зебра повеќе

мн. зебри
Вид збор: Именка, женски род
Вид копитар со црно - бели линии по телото, слично на коњ, што живее во африканските савани.
Латински: Equus zebra Англиски: zebra Албански: zebër
Место на улицата обоено со линии што означува пешачки премин.
Англиски: zebra crossing Албански: vija të bardha, zebra

зебу повеќе

мн. зебуа
Вид збор: Именка, среден род
Вид домашно говедо со грпка од масно ткиво кое се одгледува во Индија и во источна Африка.
Латински: Воѕ indicus Англиски: zebu

зеленушка повеќе

мн. зеленушки
Вид збор: Именка, женски род
Bид појна птица со зеленожолта боја.
Латински: Chloris chloris Англиски: greenfinch

златица повеќе

мн. златици
Вид збор: Именка, женски род
Штетен инсект тврдокрилец што се храни со лисјето на компирите; компирова златица.
Латински: Leptinotarsa decemlineata Англиски: Colorado potato beetle

златка повеќе

мн. златки
Вид збор: Именка, женски род
куна златка
Латински: Mustela martes Англиски: pine marten

змија повеќе

мн. змии
Вид збор: Именка, женски род
Влечуга без нозе што се движи ползејќи, со лизгаво, долго тело.
Латински: Ophidia Англиски: snake Албански: gjarpër
Тој што е лош, злобен или подмолен како змија.
Англиски: villain Албански: njeri i lig, njeri gjarpër

зоолог повеќе

мн. зоолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по зоологија.
Англиски: zoologist

зоолошки повеќе

зоолошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на зоолог и на зоологија.
Англиски: zoological

зузука повеќе

зузукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За инсект (пчела, мува) - испушта звук што се претставува како „зу-зу".
Англиски: buzz
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш