Зоологија - категорија

гавран повеќе

мн. гаврани
Вид збор: Именка, машки род
Вид птица со црни сјајни пердуви и силен клун.
Латински: Corvus corax Англиски: raven

гавранов повеќе

гаврановиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на гавран.

газела повеќе

мн. газели
Вид збор: Именка, женски род
Вид тропски копитар, сличен на срна, со стројно тело, долги нозе и со рогови.
Латински: Gazella dorcas Англиски: gazelle

гајгур повеќе

мн. гајгури
Вид збор: Именка, машки род
ној
Англиски: ostrich

гарван повеќе

Види и: гавран (м.)
мн. гарвани
Вид збор: Именка, машки род
гавран
Англиски: raven

гасеница повеќе

мн. гасеници
Вид збор: Именка, женски род
Ларва на пеперутка.
Англиски: caterpillar Албански: vemzë

гаќар повеќе

мн. гаќари
Вид збор: Именка, машки род
Вид гулаб со долги пердуви на нозете во вид на гаќи.

гаќарест повеќе

гаќарестиот
Вид збор: Придавка
За гулаб, кокошка - што е со долги пердуви на нозете.

гаќарка повеќе

мн. гаќарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид кокошка со долги пердуви на нозете.

гепард повеќе

мн. гепарди
Вид збор: Именка, машки род
Вид диво животно со дамки по телото, со високи нозе и мала глава од фамилијата мачки.
Латински: acinonyx jubatus Англиски: cheetah

главоног повеќе

мн. главонози
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Морски мекотели со краци кои им служат за фаќање плен и сл.
Латински: Cephаlоpoda Англиски: Cephalopod

главоч повеќе

мн. главочи
Вид збор: Именка, машки род
Вид слатководна риба.
Латински: Proterorhinus marmoratus Англиски: Tubenose Goby

глиста повеќе

мн. глисти
Вид збор: Именка, женски род
Црв што живее во цревата на луѓето и на животните или во земја.
Англиски: worm

глоговец повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид пеперуга, во фаза на гасеница ги напаѓа јаболкото, крушата, сливата, а од шумските дрвја само глогот.
Латински: Aporia crataegi L Англиски: Black-veined White

глодач повеќе

мн. глодачи
Вид збор: Именка, машки род
Животно со силно развиени секачи по еден пар од горната и од долната вилица, а спаѓа во класата цицачи.
Латински: Rodentia Англиски: rodent

глувчарапче повеќе

мн. глувчарапчиња
Вид збор: Именка, среден род
Птица пејачка со мал раст.
Латински: Troglodytes troglodytes Англиски: wren

глувче повеќе

Види и: глушец (м.)
мн. глувчиња
Вид збор: Именка, среден род
глушец
Англиски: mouse Албански: mi

глувчица повеќе

Види и: глушец (м.)
мн. глувчици
Вид збор: Именка, женски род
Женка на глушец.
Англиски: mouse

глутница повеќе

мн. глутници
Вид збор: Именка, женски род
Група животни, обично волци, што се движат и напаѓаат заедно.
Англиски: pack Албански: tufë, zogori

глушец повеќе

мн. глувци
Вид збор: Именка, машки род
Мал глодач со долга тенка опашка што живее во близина на луѓето или во полињата.
Англиски: mouse Албански: mi

гљуга повеќе

гљугаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За мисирка - испушта глас „гљу".

гнида повеќе

мн. гниди
Вид збор: Именка, женски род
Јајце од вошка.
Англиски: nit Албански: thëni, thërrijë

голич повеќе

мн. голичи
Вид збор: Именка, машки род
Полжав без куќичка.
Латински: Arion empiricorum Англиски: slug Албански: lingotë, ligavec

голиштарец повеќе

мн. голиштарци
Вид збор: Именка, машки род
Пиле без пердуви.
Албански: zog pa tufa

горила повеќе

мн. горили
Вид збор: Именка, машки род
Голем човеколик мајмун со црно крзно.
Латински: Gorilla Англиски: gorilla

грабливка повеќе

мн. грабливки
Вид збор: Именка, женски род
Животно, обично птица, што се храни со други животни.
Англиски: predator Албански: grabitqare

градина повеќе

мн. градини
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се чуваат и одгледуваат разни животински видови со изложбен карактер.
Англиски: garden Албански: kopsht

гракне повеќе

гракнат
Вид збор: Глагол, свршен
Еднаш испушти звук „грак“.
Англиски: crow

гракот повеќе

(едн.) гракотот
Вид збор: Именка, машки род
Звук на гракање.

грива повеќе

мн. гриви
Вид збор: Именка, женски род
Долги влакна над вратот и на главата кај коњите, лавовите и кај други животни.
Англиски: mane

гривјак повеќе

мн. гривјаци
Вид збор: Именка, машки род
Гулаб со бели пердуви како гривна на вратот што живее во шума, зимно време се сели на југ.
Латински: Columba palumbus Англиски: Wood Pigeon

гризли повеќе

мн. гризлија
Вид збор: Именка, среден род
Голема кафеава северноамериканска мечка.
Латински: Ursus horribilis Англиски: grizzly

грлица повеќе

мн. грлици
Вид збор: Именка, женски род
Вид преселна птица слична на гулаб.
Латински: Streptopelia turtur Англиски: turtledove

грмуша повеќе

мн. грмуши
Вид збор: Именка, женски род
песнопојна птица
Латински: Sylvia Англиски: warbler

грпка повеќе

мн. грпки
Вид збор: Именка, женски род
Искривеност на грбот кај некои животни, на пример кај камилите.
Англиски: hump Албански: gungë në kurriz

грунец повеќе

мн. грунци
Вид збор: Именка, машки род
Вид риба во Охридското Езеро.
Латински: Rutilus rubilio ochridanus

грунче повеќе

мн. грунчиња
Вид збор: Именка, среден род
Вид риба во Охридското Езеро.
Латински: Phoxinellus minutus

губар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид пеперуга, во фаза на гасеница многу штетна за шумите.
Латински: Lymanthria dispar Англиски: Gypsy Moth

гуга повеќе

гугнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За гулаб - испушта глас „гу-гу".
Англиски: coo Албански: gugas

гугутка повеќе

мн. гугутки
Вид збор: Именка, женски род
Птица слична на гулаб што живее и во населени места.
Латински: Streptopelia risoria Англиски: turtledove

гугучка повеќе

Види и: гугутка (ж.)
мн. гугучки
Вид збор: Именка, женски род
гугутка
Англиски: turtledove

гулаб повеќе

мн. гулаби
Вид збор: Именка, машки род
Дива или питома птица од средна големина.
Латински: cоlumba livia Англиски: dove

гумен повеќе

гумени
Вид збор: Именка, машки род
Птица слична на кукавица.
Латински: Athene noctua Англиски: little owl

гусак повеќе

Види и: гуска (ж.)
мн. гусаци
Вид збор: Именка, машки род
машка гуска
Англиски: gander

гуска повеќе

мн. гуски
Вид збор: Именка, женски род
Крупна, обично бела птица што плива, се користи за исхрана, а пердувите за изработка на постелнина и др.
Латински: Anser Англиски: goose Албански: patë

гушавка повеќе

мн. гушавки
Вид збор: Именка, женски род
Вид пастрмка во Охридското Езеро.

гушар повеќе

мн. гушари
Вид збор: Именка, машки род
Вид гулаб со гуша.
Латински: Columba gutturosa Англиски: pigeon

гуштер повеќе

мн. гуштери
Вид збор: Именка, машки род
Влечуга со четири нозе и со долга опашка, се храни со инсекти.
Латински: Lacerta Англиски: lizard

гуштерник повеќе

мн. гуштерници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што има гуштери.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш