Земјоделство - категорија

угар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Нива изорана и оставена несеана за да прележи така една година.
Англиски: fallow land Албански: ugar

угарен повеќе

угарна
Вид збор: Придавка
Оставен како угар
Англиски: fallow
Примери:
Угарна нива.

угарење повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Орање на нива за угар.

угари повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
Ора нива за угар.

улиште повеќе

мн. улишта
Вид збор: Именка, среден род
Кошница со пчели.
Англиски: beehive Албански: hoje

улјаник повеќе

мн. улјаници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што стојат улиштата.
Англиски: bee colony

уров повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Мешункасто растение кое се користи главно како сточна храна.
Латински: Vicia sativa Англиски: Common Vetch Албански: egjër, modhull

утрина повеќе

мн. утрини
Вид збор: Именка, женски род
Земја оставена за пасење.
Англиски: meadow Албански: livadh, kullotë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш