Земјоделство - категорија

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обработува земја.
Англиски: till Албански: lëroj

разводнување повеќе

Види и: разводнува (несв.)
разводнувањето
Вид збор: Именка, среден род
разводнува
Англиски: irrigation

разор повеќе

мн. разори
Вид збор: Именка, машки род
Бразда што се формира при орање.
Англиски: furrow

разора повеќе

Види и: изора (св.)
разораат
Вид збор: Глагол, свршен
Изора земја - обично: нива, ледина, ливада.
Англиски: plow
Примери:
Годинава првпат ја разоравме ледината.

разоран повеќе

разорани
Вид збор: Придавка
За нива, ледина, ливада - кој е изоран.
Примери:
Разорана ледина.

разорување повеќе

Види и: разорува (несв.)
мн. разорувања
Вид збор: Именка, среден род
орање
Англиски: ploughing Албански: lëvrim

разорувач повеќе

мн. разорувачи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што разорува.
Англиски: plower Албански: parmend

разривач повеќе

мн. разривачи
Вид збор: Именка, машки род
Земјоделска машина за обработка на почвата.

разровка повеќе

разровкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане ровок, ронлив, да се раздробува.
(се разровка) Стане ронлив, се раздроби.

разровкувач повеќе

мн. разровкувачи
Вид збор: Именка, машки род
Земјоделска машина за обработка на почвата, разривач.

ралица повеќе

мн. ралици
Вид збор: Именка, женски род
Рачка на рало, плуг.

ралник повеќе

мн. ралници
Вид збор: Именка, машки род
Остар железен дел на рало, плуг што ја сече и врти земјата при орање.

ралниче повеќе

мн. ралничиња
Вид збор: Именка, среден род
Дел од машински сеалки, мали ралници што прават бразди каде што се сее семето.

ралничен повеќе

ралничниот
Вид збор: Придавка
Што е како ралица, што се однесува на ралник.

рало повеќе

мн. рала
Вид збор: Именка, среден род
Дрвено земјоделско орудие за орање.
Англиски: plow Албански: parmendë

рамнач повеќе

мн. рамначи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од машина за обработка на почвата, за рамнење на почвата.

раноградинарски повеќе

раноградинарскиот
Вид збор: Придавка
Градинарски култури што се јавуваат рано напролет.

ранч повеќе

мн. ранчови
Вид збор: Именка, машки род
Сточарска фарма за одгледување на крупен добиток.
Англиски: ranch
Примери:
Тој го поседува најубавиот ранч во Америка.

ранчер повеќе

мн. ранчери
Вид збор: Именка, машки род
Сточар што има ранч или што работи на ранч.
Англиски: rancher

расад повеќе

мн. расади
Вид збор: Именка, машки род
Растенија што се одгледуваат специјално за пресадување.
Англиски: seedling
Примери:
Полна кошница расад.

расаден повеќе

расадниот
Вид збор: Придавка
Што е одгледан со помош на расад, со расадување.

расади повеќе

расадат
Вид збор: Глагол, свршен
Пресади на разни места.
Англиски: plant

расадилиште повеќе

мн. расадилишта
Вид збор: Именка, среден род
Површина, дел од расадник што служи за расадување на прегусто изникнат расад.

расадник повеќе

мн. расадници
Вид збор: Именка, машки род
Градина во која се одгледуваат растенија за расад.
Англиски: tree nursery Албански: fidanisht
Примери:
Шумски расадник.

расадничар повеќе

мн. расадничари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи во расадник или што одгледува расад.

расадосадачка повеќе

мн. расадосадачки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за механичко расадување расад.

расадува повеќе

Види и: расади (св.)
расадуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
расади
Англиски: plant

раскопа повеќе

Види и: копа (несв.)
раскопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Обработи земја.
Албански: punoj tokën

раскоси повеќе

Види и: коси (несв.)
(се) раскосија
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да коси
Англиски: mow Албански: fillon të kosit
Примери:
Најпосле и тој се раскоси.

распасе повеќе

(се) распасат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пасе.
Англиски: graze
Примери:
Се распасе коњот.

расплоден повеќе

расплодна
Вид збор: Придавка
Определен за расплод.
Англиски: breeding
Примери:
Расплодна крава.

расплодник повеќе

мн. расплодници
Вид збор: Именка, машки род
Животно (обично мажјак) определен за расплод.
Англиски: breeding stock

расплодува повеќе

Види и: расплоди (св.)
(се) расплодуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расплоди
Англиски: breed

распрашувач повеќе

мн. распрашувачи
Вид збор: Именка, машки род
Алатка, машина или дел од машина што служи за распрашување земја.
Англиски: sprayer, duster

ратај повеќе

мн. ратаи
Вид збор: Именка, машки род
земјоделец, селанец
Англиски: farmer

ратајство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Обработка на земјата како стопанска гранка.
Англиски: agriculture

ратеј повеќе

Види и: ратај (м.)
мн. ратеи
Вид збор: Именка, машки род
ратај
Англиски: farmer

редосејалка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид на сеалка.

резач повеќе

мн. резачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што реже лозја, овошки и др.
Албански: prestar, krasitës

резидба повеќе

мн. резидби
Вид збор: Именка, женски род
Процес и време на режење во овоштарството.
Англиски: pruning

резница повеќе

мн. резници
Вид збор: Именка, женски род
Отсечен дел од растение што се става во вода или во земја да ожили.
Дел од ластарот на виновата лоза пресечен на 2-3 окца.

реколта повеќе

мн. реколти
Вид збор: Именка, женски род
Принос од земјоделството во определен временски период.
Англиски: yield
Примери:
Богата реколта.

реколтен повеќе

Види и: реколта (ж.)
реколтниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на реколта.

реповадач повеќе

мн. реповадачи
Вид збор: Именка, машки род
Машина за вадење (собирање) репи (репки, трупки).

реулав повеќе

реулавиот
Вид збор: Придавка
Во лозарството - вид грозд со неразвиени, неоплодени зрна.

рж повеќе

мн. ржје
Вид збор: Именка, женски род
Зрната на ова жито.
Англиски: rye

рженица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
'ржна слама

ржиште повеќе

мн. ржишта
Вид збор: Именка, среден род
Нива посеана со 'рж.
Англиски: rye-field

ржобија повеќе

мн. 'ржобии
Вид збор: Именка, женски род
Специјална прачка со која се чука 'ржта.

ржца повеќе

Види и: рж (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
'рж
Англиски: rye Албански: thekër

рила повеќе

рилаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(обично за лозје) - Копа длабоко.
Англиски: burrow

рилање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
рила
Примери:
Се враќа од рилање.

рилач повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Човек кој рила.

родница повеќе

мн. родници
Вид збор: Именка, женски род
Земја што дава добар род, родна земја.
Англиски: humus soil Албански: tokë humus

рти повеќе

ртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стави во вода или во земја за да пушти 'ртулци.
Англиски: germinate

рудина повеќе

мн. рудини
Вид збор: Именка, женски род
планинска полјана
Англиски: mountain pasture Албански: kullotë malore
Примери:
(нар. поез.) На врв на планина / на рамна рудина.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш