Земјоделство - категорија

паберка повеќе

мн. паберки
Вид збор: Именка, женски род
Плод што ќе остане да се бере подоцна, зашто не узреал наполно.
Англиски: late crop Албански: kulturë e mëvonshme

паламарка повеќе

мн. паламарки
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена кука со која се служат жетварите со дупчиња за прстите.

паличник повеќе

мн. паличници
Вид збор: Именка, машки род
Железниот дел од плугот што ја сече земјата при орање.

параспур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Растурена, необработувана нива.
Англиски: fallow Албански: arë e papunuar
Нива на којашто работи наполичар.
Албански: arë ku punohet me mëditje

пасиште повеќе

мн. пасишта
Вид збор: Именка, среден род
Ливада или земјиште каде се напасува стоката.
Англиски: meadow

паша повеќе

мн. паши
Вид збор: Именка, женски род
пасиште
Англиски: meadow Албански: kullotë
Тревата што ја пасе добитокот.
Англиски: fodder Албански: ushqim, kullotë
Тревите и цвеќињата од кои берат мед пчелите.
Албански: kullotë, barisht
пасење
Англиски: feeding Албански: kullotë

пиперкар повеќе

мн. пиперкари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што произведува и продава пиперки.

питом повеќе

питоми
Вид збор: Придавка
За растение - одгледан од човек.
Англиски: domesticated Албански: e butë, e kultivuar

плантажа повеќе

мн. плантажи
Вид збор: Именка, женски род
Големо земјоделско стопанство со специјална култура.
Англиски: plantation
Примери:
Плантажи на каучук, памук, кафе.

плантажен повеќе

плантажна
Вид збор: Придавка
Во врска со плантажа.
Примери:
плантажни работи.

плантажер повеќе

мн. плантажери
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на плантажа.
Англиски: planter

плантација повеќе

Види и: плантажа (ж.)
мн. плантации
Вид збор: Именка, женски род
плантажа
Англиски: plantation

пластеник повеќе

мн. пластеници
Вид збор: Именка, машки род
Долги парцели покриени со пластична фолија што се користат за рано производство на градинарски растенија.

плева повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сламчиња и лушпи при веење и сеење на житото.
Албански: byk, hjedhë

плевелен повеќе

плевелниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на плевел.
Англиски: weed

плевење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Чистење плева.
Англиски: weed

плеви повеќе

плеват
Вид збор: Глагол, несвршен
Чисти од плевел, бурјан.
Англиски: weed

плевна повеќе

мн. плевни
Вид збор: Именка, женски род
Зграда за плева, слама, сено и сл.
Англиски: barn

плевотина повеќе

мн. плевотини
Вид збор: Именка, женски род
од плева
Англиски: weedy

племја повеќе

Види и: плевна (ж.)
мн. племји
Вид збор: Именка, женски род
плевна
Англиски: barn

плетва повеќе

мн. плетви
Вид збор: Именка, женски род
плевел
Англиски: weed Албански: tëharr, baroj
Времето на плевењето.
Англиски: weeding Албански: tëharrje

плетеница повеќе

мн. плетеници
Вид збор: Именка, женски род
Сплетена низа од кромид, лук и сл.
Англиски: plait Албански: gërshet

плоден повеќе

плодни
Вид збор: Придавка
За земја - плодороден.
Англиски: fertile Албански: pjellor

плодиште повеќе

мн. плодишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се врши плодење.
Дел од сандак за пчели, од улиште, дрвена рамка во која се наоѓа матицата, пчелите, легло и онолку мед и цветен прав колку што е потребно за правилна работа на пчелното семејство во текот на годината.

плодоред повеќе

плодоредот
Вид збор: Именка, машки род
Наизменично засевање на исти земјишни површини со разни земјоделски култури.
Англиски: crop rotation

плодороден повеќе

плодородна
Вид збор: Придавка
За земја - што дава многу плод, што раѓа добро.
Англиски: fertile
Примери:
Плодородна земја

плодородие повеќе

Вид збор: Именка, среден род
плодородност
Англиски: cornucopia Албански: pjellor
Примери:
Познат е тој крај по своето плодородие.
бериќет, род
Англиски: cornucopia Албански: bereqet, begati
Примери:
Големо плодородие.

плодородност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Што раѓа плодови.
Англиски: fertility
Примери:
Плодородноста на земјата.

плуг повеќе

мн. плугови
Вид збор: Именка, машки род
Земјоделско орудие за орање.
Англиски: plow
Примери:
Тракторски плуг.

површи повеќе

површат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во вршење жито.
Англиски: thresh

површина повеќе

мн. површини
Вид збор: Именка, женски род
Земјиште како предмет на мерење, измерена единица, целина.
Англиски: area Албански: sipërfaqe

повторка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Трева што се коси повторно во истата година.

погрли повеќе

погрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време со грлење (компири, пченка).

подискоси повеќе

Види и: искоси (св.)
подискосат
Вид збор: Глагол, свршен
Искоси трева малку, донекаде.
Англиски: mow

подмладок повеќе

мн. подмладоци
Вид збор: Именка, машки род
Во сточарството - млади животни.
Албански: kafshë të reja

подора повеќе

подораат
Вид збор: Глагол, свршен
Со орање одземе од нешто (меѓа, туѓа нива), изора повеќе од дозволеното.
Англиски: plow

подривач повеќе

Види и: подрие (св.)
мн. подривачи
Вид збор: Именка, машки род
Земјоделска машина за обработка на почвата.

пожнее повеќе

Види и: жнее (св. и несв.)
пожнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Жнее малку, кратко време.
Англиски: harvest Албански: korr pak

поилка повеќе

Види и: пои (несв.)
мн. поилки
Вид збор: Именка, женски род
Специјална направа за напојување домашни животни.

поле повеќе

мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
Обработлива, засеана земја надвор од населено место.
Англиски: field Албански: fushë, arë
Дел од обработлива, засеана земја.
Англиски: field Албански: fushë

полежина повеќе

мн. полежини
Вид збор: Именка, женски род
Полегнато жито од дожд, од солен ветер и сл.
Албански: grunaja të shtrira

полјоделец повеќе

мн. полјоделци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со обработка на земја.
Англиски: farmer

полјоделски повеќе

Види и: земјоделски (прид.)
полјоделска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на полјоделец.
Што се однесува на полјоделство.

полјоделство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Обработување земја, главно одгледување житни култури.
Англиски: farming Албански: bujqësi

полог повеќе

мн. полози
Вид збор: Именка, машки род
Дел од ракатки жито при жнеење што се собираат во сноп.
Албански: tufa

понасади повеќе

Види и: насади (св.)
понасадат
Вид збор: Глагол, свршен
Насади во извесна мера.
Англиски: plant Албански: mbjell pak
Насади многу.
Англиски: plant Албански: mbjell shumë

понасее повеќе

Види и: насее (св.)
понасеат
Вид збор: Глагол, свршен
Насее во извесна мера.
Англиски: sow

пооврши повеќе

Види и: оврши (св.)
поовршат
Вид збор: Глагол, свршен
Оврши малку, донекаде.

поора повеќе

Види и: ора (несв.)
поораат
Вид збор: Глагол, свршен
Ора малку, кратко време.
Англиски: plow

попасе повеќе

попасат
Вид збор: Глагол, свршен
За добиток - помине кратко време во пасење.
Англиски: graze Албански: kullot pak
Изведе добиток на пасење малку, кратко време.
Англиски: graze Албански: kullot pak

попасок повеќе

мн. попасоци
Вид збор: Именка, машки род
Кратко пасење на стоката рано наутро или навечер, пред молзење.

поплеви повеќе

поплеват
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во плевење.
Англиски: weed

попраши повеќе

Види и: праши (несв.)
попрашат
Вид збор: Глагол, свршен
За земја, насад - помине некое време во прашење.

попреора повеќе

Види и: преора (св.)
попреораат
Вид збор: Глагол, свршен
Преора малку.

посади повеќе

посадат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, закопа семе, лоза в земја за да израсне растение.
Англиски: plant Албански: mbjell
Сади малку или уште малку.
Англиски: plant Албански: mbjell pak

посев повеќе

мн. посеви
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) сеење, сеидба
Англиски: sowing Албански: mbjellje
Тоа што е посеано и изникнато; посеани ниви.
Англиски: sowing Албански: mbjellje, kulturë

посевен повеќе

посевни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на посев.

посее повеќе

посеат
Вид збор: Глагол, свршен
Засее, фрли семе да никне.
Англиски: sow Албански: mbjell
Сее малку, кратко време.
Англиски: sow Албански: sit

посен повеќе

посни
Вид збор: Придавка
За земја - што е сиромашна со определени состојки.
Албански: pa yndyrë

потка повеќе

мн. потки
Вид збор: Именка, женски род
Купче земја со забодена гранка во средината, знак дека на нивата или на ливадата е оставена да расте тревата, да не се пушта стока да пасе.
Албански: vend i shënuar për moskullotje

почва повеќе

мн. почви
Вид збор: Именка, женски род
Површински слој на земјата во кој се развива животот и растенијата.
Англиски: soil Албански: truall, tokë

прачка повеќе

мн. прачки
Вид збор: Именка, женски род
Страк од лоза, лозова пенушка.
Албански: hardhi

прашалка повеќе

мн. прашалки
Вид збор: Именка, женски род
Алат што служи за прашење земја.

праши повеќе

прашат
Вид збор: Глагол, несвршен
Копа земја со прашалка, ситнејќи ја и отстранувајќи непотребни штетни растенија.
Албански: shat i vogël për të prashit

првестинка повеќе

мн. првестинки
Вид збор: Именка, женски род
Домашно животно (крава, овца) што првпат раѓа.
Албански: kafsh shtëpiake që pjell për së pari herë

пребој повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Крупно мелено брашно што се користи за исхрана на добитокот.
Албански: krunde

прегор повеќе

мн. прегори
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Сушење поради преголема изложеност на сонце.
Англиски: drought Албански: tharje, thatësi

прегори повеќе

прегорат
Вид збор: Глагол, свршен
За крава, овца, коза - престане да дава млеко.
Албански: shterr

прекопа повеќе

прекопаат
Вид збор: Глагол, свршен
скопа, спраши
Англиски: dig up Албански: gropoj, gërmoj

прекос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Трева што се добива при повторно косење во текот на истата година.
Примери:
Сено од прекос.

прекоси повеќе

прекосат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно окоси во истата година.
Англиски: mow Албански: kosit përsëri

прележи повеќе

Види и: лежи (несв.)
прележат
Вид збор: Глагол, свршен
За нива, земја - остане необработена, непосеана за приридно да ѝ се обнови плодноста.
Англиски: lie fallow Албански: qëndroj, djerr

прелог повеќе

мн. прелози
Вид збор: Именка, машки род
Нива оставена неорана да прележи.
Албански: arë jo e lëvruar
угар
Англиски: fallow land Албански: ugar

пресад повеќе

мн. пресади
Вид збор: Именка, машки род
Младо дрво што е за пресадување.

пресади повеќе

пресадат
Вид збор: Глагол, свршен
Откопа растение и насади на друго место.
Англиски: transplant Албански: rimbjell

пресее повеќе

пресеат
Вид збор: Глагол, свршен
Одново посее.
Англиски: sow Албански: mbjell sërish

претсеидбен повеќе

претсеидбени
Вид збор: Придавка
Што се случува пред сеидба.
Примери:
претсеидбено ѓубрење

принос повеќе

(едн.) приносот
Вид збор: Именка, машки род
Род, приход од имот (од земјоделски култури, од берба, од жетва).
Англиски: yield Албански: rendiment

приносен повеќе

приносни
Вид збор: Придавка
Што дава голем, добар принос.
Англиски: productive

приора повеќе

Види и: ора (несв.)
приораат
Вид збор: Глагол, свршен
Изора уште малку земја.

приплод повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
расплод
Англиски: breeding Албански: shtim, shumëzim
Прираст на добиток.
Англиски: breeding Албански: shtim, shumëzim

приплоден повеќе

приплодни
Вид збор: Придавка
Што служи за приплод.

присад повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вид калемена овошка.

присади повеќе

присадат
Вид збор: Глагол, свршен
Насади покрај нешто, насади уште малку.
Англиски: plant

присее повеќе

присеат
Вид збор: Глагол, свршен
Насее уште малку, засее дополнително.
Англиски: sow

притка повеќе

мн. притки
Вид збор: Именка, женски род
Колец за придржување на растенијата.
Англиски: pole

прихрани повеќе

прихранат
Вид збор: Глагол, свршен
За растенија и животни - даде дополнителна концентрирана храна заради подобри резултати во развојот, растењето, добивање тежина итн.
Англиски: nourish Албански: ushqej shtesë

провее повеќе

провеат
Вид збор: Глагол, свршен
Прочисти овршено жито од класјето со помош на ветрот.
Албански: dlir grurin me ndihmën e erës

провирен повеќе

провирни
Вид збор: Придавка
За почва - ровка, мека, растресита.
Англиски: friable Албански: i shkrifët

прогон повеќе

мн. прогони
Вид збор: Именка, машки род
Мерка за земја - површина што може да се изора за еден ден орање.
Албански: njësi për tokën

пролетнина повеќе

мн. пролетнини
Вид збор: Именка, женски род
Пролетни посеви.

прополис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Производ на пчелите, смолеста материја од восок и поленов прав; пчелна смола.
Англиски: propolis

проред повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Слободен простор меѓу редовите на градинарски култури, лозови насади и сл.
Англиски: space Албански: ndarje, hapsirë mes dy rreshtave

птичарски повеќе

Види и: птичар (м.)
птичарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на птичар и одгледување птици.

пчела повеќе

мн. пчели
Вид збор: Именка, женски род
Инсект опнокрилец што дава мед.
Латински: Apis mellifica Англиски: bee

пчелар повеќе

Види и: пчела (ж.)
мн. пчелари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со одгледување пчели.
Англиски: beekeeper

пчеларник повеќе

Види и: пчела (ж.)
мн. пчеларници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде се чуваат сандаци со пчели.
Англиски: bee colony

пчеларски повеќе

Види и: пчела (ж.)
пчеларска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со пчелар и пчеларство.

пчеларство повеќе

(едн.) пчеларството
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка што се занимава со одгледување пчели заради добивање мед, восок, матичен млеч и др.
Англиски: beekeeping Албански: bletari
Дел од земјоделската наука.
Англиски: apiculture Албански: bletari

пчелен повеќе

пчелниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пчела, што е од пчела, што е производ од пчела.

пченица повеќе

(едн.) пченицата
Вид збор: Именка, женски род
Житно растени со тенко стебленце и плод од зрна во клас.
Латински: Triticum sativum Англиски: wheat Албански: grurë

пченичиште повеќе

мн. пченичишта
Вид збор: Именка, среден род
Место посеано со пченица.
Англиски: cornfield Албански: fushë misri
Нечиста пченица.
Албански: misër i papastër

пченкариште повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Место посадено со пченка.
Англиски: corn field

пченковина повеќе

(едн.) пченковината
Вид збор: Именка, женски род
Стеблата и листот од пченката, без кочани.
Албански: misër

пченкушка повеќе

мн. пченкушки
Вид збор: Именка, женски род
Кочан, плод од пченка.
Англиски: corncob Албански: koçan misri

пченчиште повеќе

мн. пченчишта
Вид збор: Именка, среден род
Стрниште од пченка.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш