Земјоделство - категорија

обезрожува повеќе

обезрожуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Отсранува рогови кај некои домашни животни.

обработлив повеќе

обработливиот
Вид збор: Придавка
За земја - што се обработува, што е за обработување.
Англиски: arable

овошник повеќе

Види и: овоштарник (м.)
мн. овошници
Вид збор: Именка, машки род
овоштарник
Англиски: orchard

овоштар повеќе

мн. овоштари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што одгледува овошни растенија и ги продава нивните плодови.

овоштарник повеќе

мн. овоштарници
Вид збор: Именка, машки род
Место што е насадено со овошни дрвја.
Англиски: orchard
Примери:
Се шеташе низ овоштарникот.

овоштарски повеќе

овоштарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на овоштар и на овоштарство.

оврши повеќе

овршат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со вршење, со вршидба на жито.

овчарство повеќе

мн. овчарството
Вид збор: Именка, среден род
Занимање, работа на овчар.
Албански: blegëtori
Одгледување на овци како стопанска гранка.
Англиски: sheep keeping Албански: blegëtori

овчарува повеќе

овчаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со овчарство, работи како овчар.

огниште повеќе

мн. огништа
Вид збор: Именка, среден род
Местото на коренот, дупката за садење бостан, пченка, компир и др.
Албански: vatra e rrënjës

одвее повеќе

одвеат
Вид збор: Глагол, свршен
За жито - исчисти од плева со веење.
Албански: gruhat

одгледа повеќе

одгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
За културни растенија, домашни животни - овозможи развој, растење, исхрана.
Англиски: cultivate Албански: kultivoj

одгрли повеќе

одгрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне, отстрани земја околу растение со која било загрлено.

одрина повеќе

мн. одрини
Вид збор: Именка, женски род
Начин на одгледување винова лоза што се качува и се шири во висина и во ширина.
Албански: mënyrë mbjellje të hardhisë rrushi

ожнее повеќе

Види и: жнее (св. и несв.)
ожнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши жнеење житни стебла, собере жито од нива.
Англиски: harvest

ожние повеќе

Види и: ожнее (св.)
ожнијат
Вид збор: Глагол, свршен
ожнее
Англиски: harvest

окрои повеќе

окројат
Вид збор: Глагол, свршен
За лозје - изреже, поткастри гранки.
Англиски: prune

опасе повеќе

опасат
Вид збор: Глагол, свршен
За животно - изеде се што е за пасење, изеде се и до крај.
Англиски: graze Албански: kullos

опашина повеќе

мн. опашини
Вид збор: Именка, женски род
Лушпи, плева и празни зрна што остануваат на површината кога се сее или се вее жито.

опкопа повеќе

Види и: копа (несв.)
опкопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ископа наоколу, околу нешто.
Англиски: dig up

оплеви повеќе

Види и: исплеви (св.)
оплеват
Вид збор: Глагол, свршен
исплеви
Англиски: weed

опраши повеќе

опрашат
Вид збор: Глагол, свршен
За лозје, нива - иситни, растресе земја, чистејќи ја од плевел.
Албански: prashit

ора повеќе

ораат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обработува плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење.
Англиски: plow Албански: lëvroj

орало повеќе

мн. орала
Вид збор: Именка, среден род
рало
Англиски: plow Албански: pllug, parmend
Општо име за сите орудија за орање.
Англиски: plow Албански: parmend, pllug

оранжерија повеќе

мн. оранжерии
Вид збор: Именка, женски род
Застаклена и затоплувана просторија за одгледување растенија.
Англиски: orangery, greenhouse

ораница повеќе

мн. ораници
Вид збор: Именка, женски род
Земја што се ора, што се обработува, изорана нива.
Англиски: farmland Албански: arë e lëvruar
Земја што се обработува со орање, оставена подолго време неизорана.
Англиски: fallow land Албански: arë për të lëvruar
орање
Англиски: plow Албански: lavrim

ораничен повеќе

ораничниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ораница и на орање.

оранички повеќе

ораничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ораница, што е наменет за орање.

оратен повеќе

оратниот
Вид збор: Придавка
Што може да се обработува со орање.
Англиски: arable

орен повеќе

мн. орни
Вид збор: Придавка
За земја што може да се ора, да се обработува.
Англиски: arable

оризиште повеќе

мн. оризишта
Вид збор: Именка, среден род
Земјиште (ниви, поле) каде што се сее ориз.
Англиски: rice paddy

оризожнеач повеќе

мн. оризожнеачи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што жнее ориз.

оризоплеварка повеќе

мн. оризоплеварки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што чисти ориз од плевел.

оризопроизводител повеќе

мн. оризопроизводители
Вид збор: Именка, машки род
Производител на ориз.
Англиски: paddy farmer

орница повеќе

мн. орници
Вид збор: Именка, женски род
Земја што подолго време се обработувала, но во моментот е запуштена, необработена.
Англиски: fallow Албански: ugar
Ораница, обработлива и обработувана земја.
Англиски: farmland Албански: tokë bujqësore

осатка повеќе

(едн.) осатката
Вид збор: Именка, женски род
Вид пченица со поситно зрно и подолги осилки.
Англиски: wheat Албански: lloj gruri kokërrimët

остен повеќе

мн. остени
Вид збор: Именка, машки род
Стап со остар железен шилец на крајот за спотерување на запрежен рогат добиток.
Албански: hoszen, xipkë

откос повеќе

мн. откоси
Вид збор: Именка, машки род
Откосена трева на ливада или ред, откосена трева што останува зад косачот.
Англиски: hay Албански: bar i kositur
Тоа што се коси со еден замав на косата или со едно косење.
Албански: kositje me një hov
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш