Земјоделство - категорија

набодна повеќе

мн. набодни
Вид збор: Именка, женски род
Долга вила со два шилци за пренесување, товарење снопови.
Англиски: furrow Албански: sfurk

навили повеќе

навилат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи стогови сено.
Англиски: haystack

нагнои повеќе

нагнојат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, фрли гној на нива, на обработливо земјиште, наѓубри со гној.
Англиски: fertilize Албански: plehroj

нагрли повеќе

нагрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Копајќи, нанесе земја околу коренот на растение (компир, пченка).

наджние повеќе

Види и: наджнее (св.)
наджнијат
Вид збор: Глагол, свршен
Ожние повеќе од некого, натпревари некого во жниење.
Англиски: harvest

надора повеќе

надораат
Вид збор: Глагол, свршен
Изора над определеното, повеќе отколку што треба.
Англиски: plough Албански: lëvron tepër

надрочи повеќе

надрочат
Вид збор: Глагол, свршен
За плод - нарасне, стане крупен, јадар, зрел.
Англиски: ripen

наѓубри повеќе

наѓубрат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави на обработливо земјиште вештачко ѓубре или гној, нагнои.
Англиски: fertilize

назоба повеќе

назобаат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ, магаре нахрани со зоб.
Англиски: feed Албански: ushqej me tagji

накрми повеќе

накрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде крма, нахрани добиток.
Англиски: feed Албански: ushqej me tagji

намолзе повеќе

намолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Со молзење добие доволно или големо количество млеко.
Англиски: milk

насад повеќе

мн. насади
Вид збор: Именка, машки род
Површина на која се насадени растенија.
Англиски: plantation Албански: plantacion

насади повеќе

насадат
Вид збор: Глагол, свршен
За растение, дрва - изврши садење.
Англиски: plant Албански: mbjell
Сади во поголем број, во поголемо количество.
Англиски: plant Албански: mbjell
Нареди снопови на гумно за вршење (обично со коњ).
Албански: bundles
Стави јајца за ведење.
Албански: çelje
(се насади) Со садење се наработи.
Англиски: plant Албански: mbjell

наснопи повеќе

наснопат
Вид збор: Глагол, свршен
Врзе ожнеано жито или нешто друго во снопови.
Англиски: bundle

настожи повеќе

настожат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере во стог (сено).
Албански: mbledh në kope, stog

наткоси повеќе

Види и: коси (несв.)
наткосат
Вид збор: Глагол, свршен
Надмине некого во косење.
Англиски: mow Албански: tejkaloj në kositje
Окоси повеќе од определено количество или од определена површина.
Англиски: mow Албански: kosis tepër

наткосува повеќе

Види и: наткоси (св.)
наткосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
наткоси
Англиски: mow Албански: kosis tepër
(се наткосува) Се натпреварува во косење.
Албански: garoj në kositje

недооран повеќе

недоораниот
Вид збор: Придавка
Што е неизоран до крај.
Англиски: unplowed

неискастрен повеќе

неискастрени
Вид збор: Придавка
Што не е искастрен.
Англиски: unpruned

нероден повеќе

неродниот
Вид збор: Придавка
Што не се одликува со доволен род.

нива повеќе

мн. ниви
Вид збор: Именка, женски род
Определена земјишна површина што се обработува со орање, сеење, садење; ораница.
Англиски: farmland

новина повеќе

мн. новини
Вид збор: Именка, женски род
Нова нива, разорана ледина и претворена во нива.
Албански: arë e re
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш