Земјоделство - категорија

лаз повеќе

мн. лазови
Вид збор: Именка, машки род
Нива добиена со ископување на шумата.
Албански: arë e fituar nga puna në pyll

лапа повеќе

мн. лапи
Вид збор: Именка, женски род
Нива што може да се наводнува, влажна нива покрај езеро.
Албански: arë përreth liqeni

леа повеќе

мн. леи
Вид збор: Именка, женски род
Мала, изделена површина добро обработена земја во градина (цветна или зеленчукова) во која cе сее или се сади.
Англиски: bed Албански: lehë, vijë
Ред, трап на обработена земја во кој се сади семе или расад.
Англиски: row Албански: lehë, trap

ледина повеќе

мн. ледини
Вид збор: Именка, женски род
Напуштено, необработено тревно место, што не е за косење.
Англиски: fallow Албански: livadh, ledinë

лемеш повеќе

мн. лемеши
Вид збор: Именка, машки род
Остар дел од плугот што ја сече земјата при орање.

лениште повеќе

мн. леништа
Вид збор: Именка, среден род
Нивје посеани со лен.

леса повеќе

мн. леси
Вид збор: Именка, женски род
Направа за браносување изорана нива.
Албански: branë

летнина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пролетен посев што зрее во лето.
Англиски: crop

ливада повеќе

мн. ливади
Вид збор: Именка, женски род
Земјиште обраснато со трева која се коси за сено или се користи за пасење; земјиште обраснато со трева, полско цвеќе и други cитни растенија.
Англиски: meadow

лиска повеќе

мн. лиски
Вид збор: Именка, женски род
Слаба, неродна, каменлива земја.
Албански: tokë gurore

лисник повеќе

мн. лисници
Вид збор: Именка, машки род
Насечени и исушени гранки сосе лисјето, што служат како храна за добитокот зимно време.

лозарство повеќе

мн. лозарства
Вид збор: Именка, среден род
Земјоделска гранка што се занимава со одгледување винова лоза.
Англиски: winegrowing Албански: vreshtari

лозинка повеќе

мн. лозинки
Вид збор: Именка, женски род
Лозова прачка.
Англиски: tendril Албански: lozë, dru hardhie

лозиште повеќе

мн. лозишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што некогаш имало лозја.
Албански: vend ku ka pas vreshtë
Место со лозја.
Англиски: vineyard Албански: vend me vreshtë

лозје повеќе

мн. лозја
Вид збор: Именка, среден род
Земјиште засадено со винова лоза.
Англиски: vineyard

лонџа повеќе

мн. лонџи
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Bид детелина што служи за исхрана на добитокот.
Англиски: clover Турски: yonca Албански: tërfil, jonxhë

луцерка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Повеќегодишна мешунка во вид на детелина со многу подвидови, којашто се сее и коси како сточна храна.
Латински: Medicago sativa Англиски: Alfalfa Албански: jonxhë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш