Земјоделство - категорија

гаждаре повеќе

мн. гаждариња
Вид збор: Именка, среден род
Голем кош за пченка.

гламница повеќе

(едн.) гламницата
Вид збор: Именка, женски род
Вид болест кај житата при што тие или изумираат или заостануваат во понатамошниот раст.
Латински: Ustilago Англиски: smut Албански: vrug, gjeren

глотеж повеќе

мн. глотежи
Вид збор: Именка, машки род
Нечистотија во житото.
Англиски: impurity Албански: ndotje

глушина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Нива обрасната со плевел.
Албански: grashinë, barojë

гмечалка повеќе

мн. гмечалки
Вид збор: Именка, женски род
Направа за гмечење и цедење грозје.

гнои повеќе

гнојат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Во земјоделството - посипува нива, земја со гној.
Англиски: fertilize Албански: plehëroj

гноиво повеќе

Види и: гној (м.)
(едн.) гноивото
Вид збор: Именка, среден род
шталско ѓубре
Англиски: manure

гној повеќе

(едн.) гнојот
Вид збор: Именка, машки род
Измет од добиток; природно ѓубре.
Англиски: manure Албански: pleh

гнојарник повеќе

мн. гнојарници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се собира гнојот.
Англиски: compost heap

говедар повеќе

мн. говедари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со пасење на говеда.
Англиски: cowboy

говедарник повеќе

мн. говедарници
Вид збор: Именка, машки род
Просторија во која се затвораат, се чуваат говеда.
Англиски: cowshed

говедарство повеќе

(едн.) говедарството
Вид збор: Именка, среден род
Одгледување на говеда како гранка на сточарството.
Англиски: cattle farming

говедо повеќе

мн. говеда
Вид збор: Именка, среден род
Домашно тревопасно животно што се одгледува заради млеко и месо, а се користи и за работа.
Англиски: cattle Албански: bagëti, gjedh

големопоседник повеќе

мн. големопоседници
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на голем посед, на голем имот.
Англиски: big landowner Албански: pronar i madh toke

градина повеќе

мн. градини
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се одгледуваат цвеќиња, зеленчук и др.
Англиски: garden Албански: kopsht

градинарство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Одгледување на цвеќиња, зеленчук и други градинарски култури.
Англиски: gardening Албански: kopshtari

граориште повеќе

мн. граоришта
Вид збор: Именка, среден род
Место, нива посадена со граор.

грдел повеќе

мн. грдели
Вид збор: Именка, машки род
Права гредичка на ралото на којашто се држи јаремот.

грибла повеќе

гриблаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи со грибло.
Англиски: rake

грибло повеќе

мн. грибла
Вид збор: Именка, среден род
Алатка со дрвена рачка и со метални запци на крајот што служи за собирање сено, слама и за порамнување на земја.
Англиски: rake Албански: grabujë

грли повеќе

грлат
Вид збор: Глагол, несвршен
Припокрие растение со земја околу коренот (пченка, компири).

грло повеќе

мн. грла
Вид збор: Именка, среден род
Животно во стадо или крдило.

гроздобер повеќе

(едн.) гроздоберот
Вид збор: Именка, машки род
Берење, собирање на грозјето.
Англиски: grape harvest Албански: vjelja e rushit

грозјебрање повеќе

Види и: гроздобер (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
гроздобер

грутка повеќе

мн. грутки
Вид збор: Именка, женски род
Стврднато парче земја што се изделува при орање, копање.
Англиски: clod Албански: krep, plis dheu

гумнар повеќе

мн. гумнари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што врши жито.

гумниште повеќе

Види и: гумно (ср.)
мн. гумништа
Вид збор: Именка, среден род
гумно

гумно повеќе

мн. гумна
Вид збор: Именка, среден род
Рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи.
Англиски: threshing floor

гускар повеќе

мн. гускари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што чува гуски.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш