Земјоделство - категорија

вадалка повеќе

мн. вадалки
Вид збор: Именка, женски род
Градинарска канта за вадење, за полевање.
Англиски: watering can

вадилка повеќе

мн. вадилки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за вадење од земја компири, кромид и сл.

валог повеќе

мн. валози
Вид збор: Именка, машки род
Планинска долина што се ора.

валта повеќе

мн. валти
Вид збор: Именка, женски род
Рамна и влажна плодна земја.

ведарница повеќе

мн. ведарници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се ведат, се квачат пилиња.

вечериште повеќе

мн. вечеришта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што пасат овците навечер, пред второто молзење.

вијак повеќе

мн. вијаци
Вид збор: Именка, машки род
скопен овен

вила повеќе

мн. вили
Вид збор: Именка, женски род
Орудие со два или повеќе краци, парошци за работа со сено, слама, гној и сл.
Англиски: fork Албански: pirun

виме повеќе

мн. вимиња
Вид збор: Именка, среден род
Млечен жлездест орган кај некои домашни животни (крава, овца, коза).
Англиски: udder

виногорје повеќе

мн. виногорја
Вид збор: Именка, среден род
Регион каде што се одгледува винова лоза, лозарски реон.
Англиски: winegrowing area

винороден повеќе

винородниот
Вид збор: Придавка
Крај, регион богат со лоза и во кој се произведува многу вино; лозарски крај, регион.
Англиски: winegrowing

витли повеќе

витлат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врзува снопови со вител.
Албански: lidh duj, vandak me vorbull

вкоренилиште повеќе

мн. вкоренилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се садат калемите за формирање резници за винова лоза.

влак повеќе

мн. влакови
Вид збор: Именка, машки род
Вид брана за влачење нива.
Албански: lloj dige për vllaçitje

влачи повеќе

влачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Рамни нива со влак, со брана.
Албански: rrafshoj

води повеќе

водат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се води) За крава или биволица - се оплодува, се пари.
Англиски: copulate Албански: çiftohet

волна повеќе

мн. волни
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Истрижени влакна што се обработуваат во вид на суровина и се користат за изработка на посебен вид текстил.
Англиски: wool Албански: lesh

воловар повеќе

мн. воловари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што чува или пасе волови.
Англиски: cowboy

воловарник повеќе

мн. воловарници
Вид збор: Именка, машки род
Место, штала каде што се чуваат волови.

врав повеќе

мн. вравови
Вид збор: Именка, машки род
Снопови жито послани на гумно за вршидба.

врвовинка повеќе

мн. врвовинки
Вид збор: Именка, женски род
Плод од овошје или зеленчук што останал на крајот на сезоната, по бербата.

врзма повеќе

мн. врзми
Вид збор: Именка, женски род
Мрежа за пренос на слама, трева и сл.

вршач повеќе

мн. вршачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши жито.
Англиски: thresher

вршачка повеќе

мн. вршачки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што врши жито.
Албански: shirëse, korrëse
машина за вршење
Англиски: threshing-machine Албански: makinë shirëse

врши повеќе

вршат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ги одвојува зрната од класјето на житото.
Англиски: thresh Албански: shkund

вршидба повеќе

мн. вршидби
Вид збор: Именка, женски род
Раздвојување на зрната на житото од класот со помош на вршало или вршалка.
Англиски: threshing Албански: shirje
Времето кога се врши житото.
Англиски: threshing Албански: shirje, korrje

вршило повеќе

мн. вршила
Вид збор: Именка, среден род
Вршење жито.
Англиски: threshing Албански: shirje
Колот што е забоден среде гумно.
Англиски: pole Албански: shtyllë, strumbullar
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш