Земјоделство - категорија

баз повеќе

зб. мн. базје
Вид збор: Именка, машки род
Парче земја со густа трева ископано од горниот слој на необработувана почва.
Англиски: sod, turf

балка повеќе

мн. балки
Вид збор: Именка, женски род
вид слива
Англиски: plum Албански: lloj kumbulle
Вид тиква, бела тиква, обично за печење.
Англиски: pumpkin Албански: lloj kungulli

бач повеќе

мн. бачови
Вид збор: Именка, машки род
Старешина на бачило, најстар овчар на бачило.

бачилар повеќе

мн. бачилари
Вид збор: Именка, машки род
Овчар, работник на бачило.

бачило повеќе

мн. бачила
Вид збор: Именка, среден род
Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи.
Англиски: pen Албански: bulmetore
бачување
Албански: bulmetore

бачилски повеќе

Види и: бачило (ср.)
бачилскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со бачило.

бачува повеќе

бачуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее и работи на бачило.

безжитен повеќе

безжитниот
Вид збор: Придавка
Што е без жито, неплоден.
Англиски: fruitless

белка повеќе

мн. белки
Вид збор: Именка, женски род
Име за женка со бела боја кај домашните животни (овца, крава).
Албански: bardhoshe

беловина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Бело грозје.
Англиски: white grapes Албански: rrush i bardhë

берач повеќе

мн. берачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што бере, што собира плодови и сл.
Англиски: fruit picker

берба повеќе

мн. берби
Вид збор: Именка, женски род
Берење, собирање плодови, тутун, дрва и сл.
Англиски: harvest Албански: vjelje
Времето кога се берат плодови.
Англиски: crop Албански: korrje

биче повеќе

мн. бичиња
Вид збор: Именка, среден род
Мало од бик.
Англиски: bull

бишка повеќе

Види и: свиња (ж.)
мн. бишки
Вид збор: Именка, женски род
свиња
Англиски: pig

бишкар повеќе

Види и: свињар (м.)
мн. бишкари
Вид збор: Именка, машки род
свињар
Англиски: swineherd

бостан повеќе

мн. бостани
Вид збор: Именка, машки род
Нива, место насадено со бостан.
Турски: bostan Албански: shalqi, bostan

бостаниште повеќе

мн. бостаништа
Вид збор: Именка, среден род
бостан
Турски: bostanlık Албански: shalqi i madh
Место насадено со бостан.
Албански: vend i mbjellur me shalqi, bostan

бостанџија повеќе

мн. бостанџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што одгледува и/или продава бостан.
Англиски: melon man Турски: bostancı

бразда повеќе

мн. бразди
Вид збор: Именка, женски род
Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина.
Англиски: furrow Албански: hulli

брана повеќе

мн. брани
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена направа или железно, запчесто орудие, за претсеидбена површинска подготовка на почвата или за негување на културите по сеењето.
Англиски: rake Албански: branë, grabuj

браноса повеќе

браносаат
Вид збор: Глагол, свршен
Поминува со брана преку орана нива.

брзак повеќе

мн. брзаци
Вид збор: Именка, машки род
Зеленчук што созрева рано.
Албански: shpejtak, i hershëm

буша повеќе

мн. буши
Вид збор: Именка, женски род
Раса домашно говедо.
Англиски: cattle
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш