Економија - категорија

обврзница повеќе

мн. обврзници
Вид збор: Именка, женски род
Паричен документ (хартија од вредност или инструмент за долг) издаден од држава, од претпријатие или од банка што носи постојан приход и го зголемува капиталот.
Англиски: bond Албански: letër me vlerë

обврска повеќе

мн. обврски
Вид збор: Именка, женски род
долг
Англиски: debt Албански: borxh

обесцени повеќе

обесценат
Вид збор: Глагол, свршен
За пари, вредносни хартии - направи да ја загуби цената, вредноста.
Англиски: devalue Албански: zhvleftësoj

обесштети повеќе

обесштетат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде отштета за нанесена загуба, штета.
Англиски: compensate Албански: kompensoj

облигација повеќе

мн. облигации
Вид збор: Именка, женски род
Вредносна хартија, признаница или обврзница со која се потврдува постоењето на нечиј долг.
Англиски: bond Албански: letër me vlerë

обработка повеќе

мн. обработки
Вид збор: Именка, женски род
Обработување на земја, вршење земјоделски работи, обликување, усовршување на суровински материјал.
Англиски: processing Албански: përpunim

обрт повеќе

мн. обрти
Вид збор: Именка, машки род
Ставање во употреба, движење, циркулација, промет на пари, капитал и сл.
Англиски: turnover Албански: qarkullim

обртен повеќе

Види и: обрт (м.)
обртниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на обрт.
Албански: qarkullimi

оданочи повеќе

оданочат
Вид збор: Глагол, свршен
Воведе данок, определи износ или висина на данок.
Англиски: tax Албански: tatoj, taksoj

оданочлив повеќе

Види и: оданочи (св.)
оданочливи
Вид збор: Придавка
Што може да се оданочи.
Англиски: taxable Албански: i tatueshëm

одлучувач повеќе

мн. одлучувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што одлучува.
Англиски: decision maker Албански: vendimmarrës

олигопол повеќе

мн. олигополи
Вид збор: Именка, машки род
Монопол од неколку големи компании.
Англиски: oligopoly

опаковка повеќе

мн. опаковки
Вид збор: Именка, женски род
Пакување што го штити производот.
Англиски: packaging

операција повеќе

мн. операции
Вид збор: Именка, женски род
Финансиски дејствија поврзани со трговијата или банкарското работење; извршување некоја задача според определен план, договор, одлука.
Англиски: operation Албански: operacion

оптек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
За пари - учество во употребата, во размената.
Англиски: circulation Албански: qarkullim

орочен повеќе

орочени
Вид збор: Придавка
Парични средства што може да се подигнат по одреден рок.
Англиски: time-phased Албански: depozituar

орочи повеќе

орочат
Вид збор: Глагол, свршен
Паричен влог што спогодбено е даден на определен рок на чување во банка.
Албански: depozitoj

ортак повеќе

мн. ортаци
Вид збор: Именка, машки род
Другар во некакава работа, деловен соработник.
Англиски: partner Турски: ortak Албански: ortak

ортаклак повеќе

Види и: ортак (м.)
(едн.) ортаклакот
Вид збор: Именка, машки род
Заедничко работење на две или повеќе лица, ортаци, работна, деловна заедница.
Англиски: partnership Турски: ortaklık Албански: ortakllëk

ортаков повеќе

Види и: ортак (м.)
ортаковиот
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на ортакот.
Турски: ortak Албански: otrakut

ортакува повеќе

Види и: ортак (м.)
ортакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи ортачки, со деловен партнер.
Англиски: join Турски: ortak

ортачи повеќе

Види и: ортакува (несв.)
ортачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува ортак.
Англиски: join Турски: ortak

ортачки повеќе

Види и: ортак (м.)
ортачка
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што му припаѓа на ортак.
Турски: ortak Албански: ortaku

оружарница повеќе

мн. оружарници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница за изработка на оружје, фабрика за оружје.
Англиски: weapon manufacture Албански: punëtori armësh

осигуреник повеќе

мн. осигуреници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има договор, гаранција со осигурителна компанија.
Англиски: insured person Албански: person i siguruar

осигури повеќе

осигурат
Вид збор: Глагол, свршен
Склучи договор за осигурување (куќа, автомобил, имот, живот).
Англиски: insure Албански: bëj kontratë sigurimi

осигурител повеќе

мн. осигурители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што осигурува.
Англиски: insurer Албански: sigurues

осигурителен повеќе

осигурителни
Вид збор: Придавка
Претпријатие што се занимава со осигурување на физички и правни лица.
Албански: sigurim, sigurues

осигурување повеќе

мн. осигурувања
Вид збор: Именка, среден род
Однос заснован врз договор меѓу две страни, осигуреник и осигурителна компанија со кој, врз основа на определен еднократен паричен влог или повремени влогови од страна на осигуреникот, другата страна ќе му исплати определен паричен надоместок во случај на претрпена штета, болест, губење на работната способност, на животот итн.
Англиски: insurance Албански: shoqëritë e sigurimeve
Материјална и здравствена заштита на вработените и членови на нивните семејства во случај на болест, незгода на работното место или во старост.
Англиски: insurance Албански: sigurim
Служба што осигурува, обезбедува, што чува одделни установи, објекти, лица од јавниот живот.
Англиски: security Албански: mbrojtje

осиромашен повеќе

Види и: осиромаши (св.)
осиромашени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) осиромаши
Англиски: impoverished Албански: varfëruar
Примери:
Ние овде не зборуваме за осиромашена земја која нема ресурси.

осиромаши повеќе

осиромашат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого сиромав.
Англиски: impoverish Албански: varfëroj
Стане сиромав.
Англиски: become poor Албански: varfërohem
(се осиромаши) Стане сиромав.
Англиски: become poor Албански: varfërohem

оскапи повеќе

оскапат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане скап, поскап.
Англиски: become expensive Албански: shtrenjëtohet
Направи нешто да биде поскапо.
Англиски: raise the price Албански: shtrenjëtohet

оставител повеќе

мн. оставители
Вид збор: Именка, машки род
Оној што остава некакви работи, пари или друго во депозит.
Англиски: depositor Албански: depozitues

отказ повеќе

мн. откази
Вид збор: Именка, машки род
Акт за прекинување на договорен или службен одноc, за отпуштање од работа, од служба.
Англиски: notice Албански: shkarkim, pezullim

откуп повеќе

(едн.) откупот
Вид збор: Именка, машки род
Купување стоки, производи, материјални добра, обично како преземање на вишок производи со гарантиран паричен надоместок.
Англиски: purchase Албански: blerje

откупен повеќе

откупниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на откуп, што врши откуп.
Англиски: purchasing Албански: blerës

откупувач повеќе

мн. откупувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што откупува.
Англиски: buyer Албански: blerës

отпис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Постапка во книговодството со која се намалува вредноcта на нешто или сосема се отпишува.
Англиски: write-off Албански: shlyerje, rrangallë

отпише повеќе

отпишат
Вид збор: Глагол, свршен
Врши отпис во книговодство.
Англиски: write off Албански: fshi

отплата повеќе

мн. отплати
Вид збор: Именка, женски род
Износ на пари со кој дел по дел во одредени временски интервали се отплаќа некој долг, кредит.
Англиски: installment Албански: pages, shlyerje

отпреми повеќе

отпремат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому финансиска компензација.
Англиски: compensate Српски: отпремити Албански: konpensoj

отпремнина повеќе

отпремнината
Вид збор: Именка, женски род
финансиска компензација
Англиски: severance pay Српски: отпремнина Албански: pagesë pëshkurtim nga punar

отстапи повеќе

отстапат
Вид збор: Глагол, свршен
Намали, попушти во цената.
Англиски: decrease Албански: ulë, zvogloj, lëshoj

отуѓен повеќе

отуѓениот
Вид збор: Придавка
Што на некој начин преминал во сопственост на друг; пренесен на друг.
Англиски: alienated Албански: i tjetërsuar

отуѓи повеќе

отуѓат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе во сопственост на друг.
Англиски: appropriate Албански: tjetërson

отштета повеќе

мн. отштети
Вид збор: Именка, женски род
Надоместок за сторена штета.
Англиски: compensation Албански: konpensim

отштети повеќе

отштетат
Вид збор: Глагол, свршен
Надомести штета, плати отштета.
Англиски: compensate Албански: konpensoj
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш