Економија - категорија

набавен повеќе

набавниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на набавување.
Англиски: purchase Албански: furnizues

набави повеќе

набават
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди што е потребно.
Англиски: purchase Албански: furnizoj
Снабди некого, испорача некому нешто.
Англиски: provide Албански: pajis, furnizoj

набавка повеќе

мн. набавки
Вид збор: Именка, женски род
набавување
Англиски: purchase Албански: furnizim
Набавен предмет, тоа што е набавено.
Англиски: purchase Албански: dërgesë

набавувач повеќе

мн. набавувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е задолжено да набавува, да врши набавки (во фирма, во стоковна куќа).
Англиски: supplier Албански: furnizues

набрка повеќе

Види и: брка (несв.)
набркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Отпушти од работа, од организација и др.
Англиски: fire Албански: lëshoj, braktis

нагодба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
нагодување, пазарење
Англиски: negotiation Албански: negocim

награда повеќе

мн. награди
Вид збор: Именка, женски род
Надомест, плата за извршена работа.
Англиски: remuneration Албански: pagesë

надница повеќе

мн. надници
Вид збор: Именка, женски род
Договорена плата, заработка за еден ден работа.
Англиски: day-wage Албански: mëditje

надничар повеќе

мн. надничари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи на надница.
Англиски: day laborer Албански: punëtor me mëditje, mëditës

надничи повеќе

надничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи на надница.
Англиски: daylabor

надоместок повеќе

мн. надоместоци
Вид збор: Именка, машки род
Давачка, противвредност што се дава за извршена уcлуга, за направена штета и др.
Англиски: compensation Албански: kompensim

надоплата повеќе

надоплатата
Вид збор: Именка, женски род
Додатна исплата или наплата, додаток на редовна цена.
Англиски: extra pay Албански: pagim shtesë
Сума додадена на камата, плата, итн.
Англиски: bonus Албански: bonus, shtesë

наем повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Договорено привремено користење на нешто, на туѓ труд или на туѓ имот (на некој предмет, на куќа, стан).
Англиски: rent Албански: rent, qira
Цена што се плаќа за привремено користење на нешто.
Англиски: rent Албански: qira

наемател повеќе

мн. наематели
Вид збор: Именка, машки род
Лице што зема нешто под наем.
Англиски: lessee Албански: qiramarrës, arendator
Лице што живее под наем.
Англиски: tenant Албански: qiraxhi

наемен повеќе

наемниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на наем.
Англиски: rental Албански: qiraje

наемник повеќе

мн. наемници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е земено привремено да работи под наем.
Англиски: day laborer Албански: mëditës

наемнина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Паричен надоместок што се дава за тоа што е земено под наем.
Англиски: rent Албански: mëditje, qesim

наемништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на наемнички однос.
Албански: punë me qesim, rrogëtari

наемодавец повеќе

мн. наемодавци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дава нешто под наем.
Англиски: lessor Албански: qiradhënës

најпродаван повеќе

најпродаваниот
Вид збор: Придавка
Што најмногу се продава.

накупец повеќе

мн. накупци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што купува добиток или земјоделски производи од производителот за да ги продаде на големо.
Англиски: intermediary Албански: shitblerës

налепница повеќе

мн. налепници
Вид збор: Именка, женски род
Ливче хартија што се залепува на стоката со податоци за името, составот, потеклото, цената на производот.
Англиски: sticker Албански: afishe, etiketë

намет повеќе

мн. намети
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е наметнато, наложено; парична давачка.
Англиски: duty Албански: tatim, taksë

напазари повеќе

напазарат
Вид збор: Глагол, свршен
Накупи доволно или големо количество (обично на пазариште) разни работи.
Англиски: shop Албански: blej, pazaris

наплати повеќе

наплатат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши наплата, земе пари за продадена стока, извршена работа или уcлуга.
Англиски: cash in Албански: paguaj

наплатувач повеќе

мн. наплатувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што наплатува сметки.
Англиски: debt collector

наплаќа повеќе

Види и: наплати (св.)
наплаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
наплати
Англиски: charge Албански: paguaj
Плати, исплати многу долгови, сметки и сл.
Англиски: pay Албански: paguaj

наполица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Договор за работа со туѓ имот (земја, добиток) при што заработеното се дели на наполу меѓу работникот (наполичарот) и сопственикот на имотот.
Албански: meslin

наполичар повеќе

мн. наполичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи на наполица.
Албански: meslin

наполичарски повеќе

наполичарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на наполичар и на наполица.
Албански: meslini

наполичарство повеќе

(едн.) наполичарството
Вид збор: Именка, среден род
Однос на работа под наполица.
Албански: melini

нарачател повеќе

Види и: нарачувач (м.)
мн. нарачатели
Вид збор: Именка, машки род
Лице што нарачува.
Англиски: client Албански: klient, blerës

нарачка повеќе

мн. нарачки
Вид збор: Именка, женски род
Барање со кое нешто се нарачува, нарачување.
Англиски: order Албански: porosi
Тоа што е нарачано, што треба да се добие.
Англиски: delivery Албански: porosi

нарачувач повеќе

мн. нарачувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што нарачува нешто.
Англиски: orderer Албански: porositës, kontraktues

наткачи повеќе

наткачат
Вид збор: Глагол, свршен
Покачи, додаде при пазарење, при определување цена.
Англиски: overbid Албански: rrit, hip

наткупи повеќе

Види и: купи (св.)
наткупат
Вид збор: Глагол, свршен
Плати повисока цена од друг при продажба.
Албански: ankandoj, blej

национализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Одземање на имотот (земја, фабрики, средства за производство, недвижен имот, обртни средства) од приватниците во полза на државата.
Англиски: nationalization Албански: nacionalizim

национализира повеќе

национализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши национализација.
Англиски: nationalize

невработен повеќе

невработениот
Вид збор: Придавка
Што не е вработен, што не е во постојан работен однос.
Англиски: unemployed Албански: i papunësuar

невработеност повеќе

(едн.) невработеноста
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на тој што не е вработен, што нема работа во својата професија.
Англиски: unemployment Албански: papunësi
Општествена појава што се изразува во тоа што голем дел од работоспособното население не е вработено.
Англиски: unemployment Албански: papunësi

недарежлив повеќе

недарежливиот
Вид збор: Придавка
Што не донесува доволно приход.
Англиски: unprofitable Албански: joprofitabil

недвижност повеќе

мн. недвижности
Вид збор: Именка, женски род
Недвижен имот.
Англиски: real estate Албански: patundëshmëri

недоброкачествен повеќе

недоброкачествениот
Вид збор: Придавка
Што е од лошо качество.
Англиски: bad quality Албански: pa kualitet, jokualitativ

недоходен повеќе

недоходниот
Вид збор: Придавка
Што не донесува доход.
Англиски: unprofitable Албански: joprofitabil

неизрамнет повеќе

неизрамнети
Вид збор: Придавка
неисплатен
Англиски: unsettled

неисплатен повеќе

неисплатениот
Вид збор: Придавка
Што не е исплатен, што не е платен.
Англиски: unpaid Албански: i papaguar

неликвиден повеќе

неликвидниот
Вид збор: Придавка
Што не е ликвиден во работењето, што со приходите не ги покрива расходите.
Англиски: insolvent Албански: jolikuid, insolvent

ненаплатен повеќе

ненаплатениот
Вид збор: Придавка
Што не е наплатен.
Англиски: receivable Албански: i papaguar

неоданочен повеќе

неоданочени
Вид збор: Придавка
Што не е оданочен.
Англиски: untaxed

неоданочлив повеќе

неоданочливи
Вид збор: Придавка
Што не може да се оданочи, што не подлежи на данок.
Англиски: untaxable

неолиберализам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Економска доктрина со нова интерпретација на либерализмот.
Англиски: neo-liberalism

неплатен повеќе

неплатени
Вид збор: Придавка
Што не е платен, за кој не се прима паричен надоместок.
Англиски: unpaid Албански: i papaguar

неплаќање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Немање можност за плаќање, отсуство на плаќање.
Англиски: default

неповратен повеќе

неповратниот
Вид збор: Придавка
Што не се враќа, што се прима без обврска да се врати.
Англиски: non-repayable Албански: i pakthyeshëm

неподмирен повеќе

неподмирени
Вид збор: Придавка
Што не е платен.
Англиски: outstanding Албански: i papaguar

непродуктивен повеќе

непродуктивниот
Вид збор: Придавка
Што не произведува доволно, што не донесува добивка.
Англиски: unproductive Албански: joproduktiv

непрофитен повеќе

непрофитниот
Вид збор: Придавка
Што работи без профит.
Англиски: nonprofit

неразвиен повеќе

неразвиени
Вид збор: Придавка
Што заостанал во развојот (економски, културен).
Англиски: underdeveloped Албански: i pazhvilluar

нерентабилен повеќе

нерентабилниот
Вид збор: Придавка
Што не е рентабилен, што не ги покрива расходите, што прави загуба.
Англиски: unprofitable Албански: jorentabël

несолвентен повеќе

несолвентниот
Вид збор: Придавка
Што не може да одговори на паричните побарувања.
Англиски: insolvent Албански: josolvent, insolvent

нето повеќе

Вид збор: Придавка
Тежина на стока без амбалажата.
Англиски: net Албански: neto
Чист приход по одбивањето на сите расходи.
Англиски: net Албански: neto

нискодоходовен повеќе

нискодоходовниот
Вид збор: Придавка
Што има низок доход.

нискозадолжен повеќе

нискозадолжениот
Вид збор: Придавка
Што е ниско задолжен, што нема големи долгови.
Англиски: low indebted
Примери:
нискозадолжена земја

нискоквалификуван повеќе

нискоквалификуваниот
Вид збор: Придавка
Што има ниска квалификација.

нископлатен повеќе

нископлатениот
Вид збор: Придавка
Што е со ниска плата.

нововработен повеќе

Види и: вработен (прид.)
нововработени
Вид збор: Придавка
Што е ново вработен.
Англиски: newly employed Албански: po sa i punësuar
Примери:
Голем број нововработени државни службеници примаа плата, и покрај тоа што не им беа доделени никакви задачи.

ножарски повеќе

ножарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на нож и на ножар.
Албански: thike, thikash

нуди повеќе

нудат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предлага, препорачува, овозможува некому нешто да купи, да земе, да прими.
Англиски: offer Албански: ofroj
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш