Економија - категорија

магазин повеќе

мн. магазини
Вид збор: Именка, машки род
продавница, дуќан
Англиски: shop Албански: dyqan

магационер повеќе

мн. магационери
Вид збор: Именка, женски род
Човек што работи во магацин.
Англиски: warehouseman

мајка повеќе

мн. мајки
Вид збор: Именка, женски род
Фирма, претпријатие од кое произлегуваат други фирми - ќерки, формирани со нејзин капитал.
Англиски: mother company Албански: firma ëmë

макроекономија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од економијата што се занимава со фактори како што се инфлација, вработеност, стапка на вработеност, итн.
Англиски: macroeconomics

макроекономски повеќе

Види и: макроекономија (ж.)
макроекономскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со макроекономија.
Англиски: macroeconomic

максимира повеќе

максимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Определи највисоки можности.
Англиски: maximize

мал повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
имот, имање
Англиски: property Турски: mal Албански: pronë

малопродажба повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
трговија на мало
Англиски: retail

малопродажен повеќе

малопродажниот
Вид збор: Придавка
Што е наменет за трговија на мало.
Англиски: retail Албански: shitje me pakicë

мануфактура повеќе

мн. мануфактури
Вид збор: Именка, женски род
Работилница заснована на рачно производство и внатрешна поделба на трудот.
Англиски: manufacture Албански: manifakturë
Рачно изработени работи од платно, конец или волница.
Англиски: manufactured goods Албански: manifakturë, punë dore
Продавница за ракотворби.
Англиски: shop Албански: shitore manifakture

мануфактурен повеќе

мануфактурниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на мануфактура.
Англиски: manufacturing Албански: manifakture

маржа повеќе

мн. маржи
Вид збор: Именка, женски род
Разлика меѓу набавната и продажната цена на трговска стока.
Англиски: margin Албански: diferencë
Разлика меѓу курсевите на берзите.
Англиски: spread Албански: dallim i kursit valutor

марка повеќе

мн. марки
Вид збор: Именка, женски род
Мало парче хартија на кое има знак, цена и сл., кое се лепи на писма или документи и со кое се наплаќа определена уcлуга.
Англиски: stamp Албански: pullë
Име или знак со кој производителот го означува својот производ.
Англиски: label Албански: etiketë
Парична единица во некои земји.
Англиски: mark Албански: marka

маркет повеќе

мн. маркети
Вид збор: Именка, машки род
пазар, саем, панаѓур
Англиски: market Албански: treg
Продавница, обично самопослуга.
Англиски: shop Албански: market, shitore

маркетинг повеќе

(едн.) маркетингот
Вид збор: Именка, машки род
Систем на одлуки и мерки што се преземаат за подобар пласман на стоката.
Англиски: marketing Албански: marketing

мастраф повеќе

мн. мастрафи
Вид збор: Именка, машки род
трошок, издаток
Англиски: expense Турски: masraf

материјал повеќе

мн. материјали
Вид збор: Именка, машки род
Предмети што служат за некоја намена.
Англиски: supply Албански: pajisje

материјален повеќе

материјална
Вид збор: Придавка
Што се однесува на имот, на имотна состојба.
Англиски: monetary Албански: materiale, mjete

машиноградба повеќе

мн. машиноградби
Вид збор: Именка, женски род
Индустриска гранка што ги опфаќа фабриките за производство на машини; машинска индустрија.
Англиски: mechanical engineering Албански: inxhinieri mekanike

медар повеќе

мн. медари
Вид збор: Именка, машки род
Производител и продавач на мед.
Англиски: honey producer Албански: majltbërës, mjaltshitës

медарка повеќе

мн. медарки
Вид збор: Именка, женски род
медар
Англиски: honey producer Албански: mjaltbërësr, mjaltshitëse

медарница повеќе

мн. медарници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за мед.
Англиски: honey shop

менаџер повеќе

мн. менаџери
Вид збор: Именка, машки род
Директор на некое претпријатие; раководител на сектор.
Англиски: manager Албански: menaxher

менаџира повеќе

менаџираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Раководи со претпријатие, води бизнис.
Англиски: manage

менаџмент повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Раководење и организирање на работата за поуспешно оcтварување на одредени економски резултати.
Англиски: management Албански: menaxhim

меница повеќе

мн. меници
Вид збор: Именка, женски род
Хартија од вредност со пропишана форма, со која издавачот се обврзува дека во утврдениот рок ќе ја исплати запишаната сума пари на лицето назначено на меницата или повикува друго лице да ја изврши исплатата.
Англиски: bill of exchange Албански: kambial, faturë

меничен повеќе

меничниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со меница.
Албански: kambiale

менува повеќе

менуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава нешто во замена за друго; разменува.
Англиски: exchange Албански: këmbej

менувачница повеќе

мн. менувачници
Вид збор: Именка, женски род
Место (објект, просторија, шалтер) каде што се разменуваат пари од разни валути.
Англиски: exchange office Албански: këmbimore

меркантилен повеќе

меркантилниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трговија.
Англиски: mercantile Албански: tregëtare, komerciale

меркантилизам повеќе

(едн.) меркантилизмот
Вид збор: Именка, машки род
Економска теорија од времето на раниот капитализам која се залага за зголемена надворешна трговија како главен извор на благосостојба и ги штити интересите на трговската буржоазија.
Англиски: mercantilism Албански: merkantilizëm, tregëtim

месар повеќе

мн. месари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што работи во кланица или во месарница.
Англиски: butcher Албански: kasap

месарница повеќе

мн. месарници
Вид збор: Именка, женски род
продавница за месо
Англиски: meat market

металургија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Индустрија за производство на метали и на нивни легури.
Англиски: metalworking industry Албански: industri metalurgjike

меџидија повеќе

мн. меџидии
Вид збор: Именка, женски род
Стара турска сребрена монета.
Англиски: silver coin Турски: mecidiye

мешетар повеќе

мн. мешетари
Вид збор: Именка, машки род
Трговски посредник.
Англиски: broker Албански: komisioner, ndërmjetësues tregëtar

мешетари повеќе

мешетарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Посредува при тргување.
Англиски: brokerage

микроекономија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од економијата што се занимава со однесувањето на индивидуалните потрошувачи и компаниите.
Англиски: microeconomics

микроекономски повеќе

Види и: микроекономија (ж.)
микроекономскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со микроекономија.
Англиски: microeconomic

минималец повеќе

мн. минималци
Вид збор: Именка, машки род
минимална плата
Англиски: minimal salary Албански: rroga minimale

минимаркет повеќе

мн. минимаркети
Вид збор: Именка, машки род
Мала продавница, обично самопослуга.
Англиски: mini market

мирија повеќе

мн. мирии
Вид збор: Именка, женски род
данок
Англиски: tax Турски: mirî Албански: tatim, taksë

млекарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дејност на производство на млеко и млечни производи.
Англиски: dairy Албански: qumështari

млекопроизводител повеќе

мн. млекопроизводители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што произведува млеко.
Англиски: milk producer Албански: qumështprodhues

млекопроизводство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка, производство и преработка на млеко.
Англиски: dairy industry Албански: qumështari

ММФ повеќе

Вид збор: Скратеница
Кратенка за Меѓународниот монетарен фонд.
Англиски: IMF

монета повеќе

мн. монети
Вид збор: Именка, женски род
кована (метална) пара
Англиски: coin Албански: monedhë
пари општо
Англиски: money Албански: para

монетарен повеќе

монетарни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монета, паричен.
Англиски: monetary Албански: monetarë, monetare

монопол повеќе

мн. монополи
Вид збор: Именка, машки род
Исклучиво право на нешто (производcтво на одредена стока или тргување со неа, одржување на некои служби).
Англиски: monopoly Албански: monopol

монополизира повеќе

монополизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воспостави, воспоставува монопол во одредена стопанска или во некоја друга дејност.
Англиски: monopolize

монополист повеќе

мн. монополисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е член на монопол, што наметнува монопол во нешто, што го користи правото на монопол.
Англиски: monopolist

монополистички повеќе

монополистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монополизам и монополист.
Англиски: monopolistic

монополски повеќе

монополскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монопол (тутунска фабрика).
Албански: monopoli

моторизација повеќе

(едн.) моторизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Снабдување, опремување со моторни возила.
Англиски: motorization Албански: motorizim

мрежа повеќе

мн. мрежи
Вид збор: Именка, женски род
Организација раширена на определена територија и лицата кои ги опфаќа.
Англиски: network Албански: rrjet

мулк повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Недвижен имот; облик на приватна сопственост на земја во феудализмот.
Англиски: estate Турски: mülk

муштерија повеќе

мн. муштерии
Вид збор: Именка, машки род
Корисник на занаетчиски или други услуги.
Англиски: customer Турски: müşteri Албански: blerës
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш