Економија - категорија

кадар повеќе

мн. кадри
Вид збор: Именка, машки род
Сиот состав, сите лица опфатени во одделна професија, служба, организација.
Англиски: cadre Албански: kuadro

калауз повеќе

мн. калаузи
Вид збор: Именка, машки род
трговски посредник
Англиски: intermediary Албански: ndërmjetës

калира повеќе

калираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За стока - изгуби, губи на тежина поради сушење, испарување, транспорт и сл.
Англиски: shrink

калкулатор повеќе

мн. калкулатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави пресметки, што калкулира.
Англиски: accountant Албански: llogaritar

калкулација повеќе

мн. калкулации
Вид збор: Именка, женски род
Пресметка, претсметка на производствената, набавната или продажната цена на некој производ или услуга.
Англиски: calculation Албански: kalkulim, llogaritje

кало повеќе

(едн.) калото
Вид збор: Именка, среден род
За стока - губиток, загуба во тежина или во количеcтво, поради cушење, испарување, транспорт и сл.
Англиски: shrinkage Албански: kallo, fira

калфа повеќе

мн. калфи
Вид збор: Именка, машки род
Помошник на трговец или занаетчија што го има поминато чирачкиот стаж и што има положено калфински испит.
Англиски: apprentice Албански: kallfë, punëtorë fillestar

камата повеќе

мн. камати
Вид збор: Именка, женски род
Добивка што се прима за позајмени или вложени пари.
Англиски: interest Албански: interes, kamatë
корист, добивка
Англиски: profit Албански: fitim

каматен повеќе

каматни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на камата.
Англиски: interest Албански: interesi, kamate

каматник повеќе

мн. каматници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дава пари на заем cо камата.
Англиски: usurer Албански: huadhënës me interes

кантарина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Такса за мерење на кантар.
Албански: taksë për kandar

капар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дел од договорена вредност, сума пари што се даваат однапред при склучување на некаков договор (при купување, наем и сл.), како гаранција дека договореното ќе се почитува, ќе се изврши.
Англиски: deposit Турски: kaparo Албански: kapar, depozit

капари повеќе

Види и: капариса (св.)
капарат
Вид збор: Глагол, свршен
капариса
Англиски: deposit Албански: kaparoj

капариса повеќе

капарисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде капар, го осигури за себе тоа што го купува.
Англиски: deposit Албански: kaparoj, kaparisë

капацитет повеќе

мн. капацитети
Вид збор: Именка, машки род
Објекти за производство (погони, фабрики, комбинати).
Англиски: capacity Албански: kapacitet

капитал повеќе

мн. капитали
Вид збор: Именка, машки род
Средства (пари и друга сопственост) што се вложуваат во производството за да носат добивка.
Англиски: capital Албански: kapital

капитален повеќе

капитални
Вид збор: Придавка
Што е од општо, големо значење за земјата; што се однесува на основните, обично големи, средства (за изградба на нешто).
Англиски: capital Албански: kapitale

капитализам повеќе

(едн.) капитализмот
Вид збор: Именка, машки род
Општествено-економски систем што се карактеризира cо приватна сопственост на средствата за производство, слободен пазар и пазарна конкуренција на капиталот и на работната сила.
Англиски: capitalism Албански: kapitalizëm

капитализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Претворање на некои вредности (на вишокот на вредност, на сопственоста, на износот на камата) во капитал.
Англиски: capitalisation Албански: kapitalizim

капиталистички повеќе

капиталистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е својствен или што се однесува на капитализам и капиталист.
Англиски: capitalistic Албански: kapitaliste

картел повеќе

мн. картели
Вид збор: Именка, машки род
Облик на монополистичко здружување во областа на индустријата и на капиталот заради отстранување на конкуренцијата.
Англиски: cartel Албански: kartel

картичка повеќе

мн. картички
Вид збор: Именка, женски род
Посебно изработен документ со лични податоци и други ознаки што служи за утврдување идентитет, евидентирање, за кредитни плаќања итн.
Англиски: credit card Албански: kartelë

каса повеќе

мн. каси
Вид збор: Именка, женски род
Кутија или шкаф, обично од метал за чување пари и вредности.
Англиски: cashbox Албански: arkë, kasë
Место каде што cе врши уплата и исплата на парични средства.
Англиски: box-office Албански: kasë
финансии воопшто, пари
Англиски: treasury Албански: arkë, thesar
Направа со која што се регистрира наплатата, cе пресметува вкупниот износ и се издава белешка.
Англиски: cash register Албански: kasë

касиер повеќе

мн. касиери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи на каса во продавница или што води евиденција за издадена храна и пијалак во кафеана.
Англиски: cashier Албански: kasier
благајник
Англиски: treasurer Албански: arkatar

касов повеќе

Види и: каса (ж.)
касовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на каса.
Албански: kase, arkatari

кати повеќе

катат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одделува пари, штеди.
Англиски: save Албански: ndaj, kursej

кауција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пари или хартии од вредноcт што се даваат како гаранција за извршување на договорени обврски.
Англиски: deposit Албански: kaucion

кванташки повеќе

кванташкиот
Вид збор: Придавка
На големо, ангро.
Англиски: wholesale Албански: kuante, me shumicë

квитанција повеќе

мн. квитанции
Вид збор: Именка, женски род
Потврда издадена и примена за внесени пари или други вредности.
Англиски: receipt Германски: Quittung Албански: kuitancë, faturë

квота повеќе

мн. квоти
Вид збор: Именка, женски род
Количина, процент, определен број или дел при распределба на нешто.
Англиски: quota Албански: kuotë
Количина на вложен труд, потрошен за определено утврдено време.
Англиски: quota Албански: kuotë

кеш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
готови пари
Англиски: cash

килимарница повеќе

мн. килимарници
Вид збор: Именка, женски род
Дуќан во кој се продаваат килими.
Англиски: carpet shop Албански: qilimarë

кинематографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Филмска уметност, филмска индустрија.
Англиски: cinematography Албански: kinematografi

киоск повеќе

мн. киосци
Вид збор: Именка, машки род
Мала продавница во која се продаваат весници, цигари и друга ситна трговска стока.
Англиски: booth Албански: kiosk
Мала продавница во која се продаваат сендвичи, сокови, сладолед итн.
Англиски: kiosk Албански: kiosk

кираџија повеќе

мн. кираџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што зема стан под кирија, што живее под наем.
Англиски: tenant Турски: kiracı Албански: qiraxhi

кирија повеќе

мн. кирии
Вид збор: Именка, женски род
Паричен надомест за изнајмена куќа, стан, соба и сл.
Англиски: lease Турски: kira Албански: qira
Паричен надомест за привремено користење на нешто (нива, средство за работа).
Англиски: rent Турски: kira Албански: qira, rentë

класа повеќе

мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Слој луѓе што имаат иста положба во системот на општественото производство и иcти економски интереси.
Англиски: class Албански: klasë

кластер повеќе

мн. кластери
Вид збор: Именка, машки род
група, здружение, здружување
Англиски: cluster

клиент повеќе

мн. клиенти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што користи уcлуга од некого; постојан посетител како странка, муштерија и сл.
Англиски: client Албански: konsumator

клиентела повеќе

(едн.) клиентелата
Вид збор: Именка, женски род
(збир. им.) Сите клиенти коишто бараат уcлуга од едно лице, претпријатие.
Англиски: clientele Албански: klientelë

клиринг повеќе

(едн.) клирингот
Вид збор: Именка, машки род
Израмнување на меѓусебни долгови и побарувања преку посебни установи без плаќање во готово.
Англиски: clearing Албански: kliring, pastrim
Ликвидирање на обврски и побарувања во меѓународната трговија без употреба на валути (односно на злато), со компензација.
Англиски: clearing Албански: likuidim, pastrim

книговодител повеќе

мн. книговодители
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што се занимава со книговодство, со водење на деловни книги во книговодство.
Англиски: bookkeeper Албански: llogaritarë, kontabilist

книговодство повеќе

мн. книговодства
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Систем на евиденција што се води во специјално одредени, деловни книги и служи за евидентирање и контрола на имотната состојба и финансиските промени во некоја стопанска или друга организација.
Англиски: bookkeeping Албански: kontabilitet

книжарница повеќе

мн. книжарници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за книги, книжарски производи и канцелариски материјал.
Англиски: book store Албански: librari

книжи повеќе

книжат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внесува, заведува во трговски или касови книги.
Англиски: book

ковач повеќе

мн. ковачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што со ковење изработува или поправа предмети од метал.
Англиски: smith Албански: farkëtar

кове повеќе

коват
Вид збор: Глагол, несвршен
Изработува метални пари.
Англиски: mint Албански: stampoj

кожар повеќе

мн. кожари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што обработува и изработува предмети од кожа; трговец со предмети од кожа.
Албански: lëkurëpunues, lëkurëshitës

кожарница повеќе

мн. кожарници
Вид збор: Именка, женски род
Кожарска работилница; фабрика за преработка на кожи.
Англиски: leather manufacture Албански: dyqan lëkurash, punëtori lëkurash

кожарски повеќе

кожарска
Вид збор: Придавка
Што cе однесува на кожар или на кожарство.
Албански: lëkure

кожарство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Кожарски занает, кожарско производство.
Англиски: leather manufacturing Албански: prodhim lëkurash

кожен повеќе

кожни
Вид збор: Придавка
Што е изработен од кожа, што е преслечен со кожа.
Англиски: leather Албански: lëkure

кожодер повеќе

мн. кожодери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што наплатува повеќе, што пљачка.
Англиски: scalper Албански: rrjepës

кожуварница повеќе

Види и: кожарница (ж.)
мн. кожуварници
Вид збор: Именка, женски род
кожарница
Албански: shitore, punëtori lëkurash

кожуварски повеќе

кожуварскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кожувар и кожуварство.
Албански: lëkure

колапс повеќе

(едн.) колапсот
Вид збор: Именка, машки род
Пропаѓање (во економијата, во стопанството).
Англиски: collapse Албански: shkatërrim, rënie

колективизам повеќе

(едн.) колективизмот
Вид збор: Именка, машки род
Општествено-економски систем во кој основните средства за производство се во заедничка, во општествена или државна сопственост.
Англиски: collectivism Албански: kolektivizëm

комбинат повеќе

мн. комбинати
Вид збор: Именка, машки род
Големо производствено претпријатие во кое cо технолошкиот процес се обединети повеќе помали претпријатија од различни производствени гранки.
Англиски: combined collective Албански: kombinat

комерција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
трговија
Англиски: commerce Албански: tergëti

комерцијален повеќе

комерцијални
Вид збор: Придавка
Што е поврзан, што се однесува на комерција, трговија.
Англиски: commercial Албански: komerciale
Што е корисен, поволен од гледиште на тргувањето, што може да донесе добивка.
Англиски: profitable Албански: profitabil, komecial
Што е пресметан да донесе добивка, а е без други квалитети (естетски, уметнички).
Англиски: commercial Албански: komercial

комерцијалец повеќе

мн. комерцијалци
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за трговски работи.
Англиски: dealer Албански: komercialist, tergëtar

комерцијализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Насочување на некоја дејност кон поголема финансиска добивка.
Англиски: commercialization

комерцијалист повеќе

мн. комерцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи во комерција, во трговија.
Англиски: merchant

комисион повеќе

мн. комисиони
Вид збор: Именка, машки род
Трговска фирма што продава туѓи предмети за определен надоместок.
Англиски: commission Албански: komision

комисионен повеќе

Види и: комисион (м.)
комисиониот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на комисион.

комисионер повеќе

мн. комисионери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што посредува во трговска зделка за извесен процент од цената.
Англиски: intermediary Албански: komisioner, ndërmjetës
Сопственик на комисион
Албански: komisioner

комисионира повеќе

комисионираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Припрема стока за клиент од одреден сортимент, врз основа на нарачка.
Англиски: pick Германски: kommissionieren

комитент повеќе

мн. комитенти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што издава налози (на банка, на посредник, комисионер) за определени работи и зделки.
Латински: Komittent Англиски: principal Албански: urdhëdhënës, komitent

комора повеќе

мн. комори
Вид збор: Именка, женски род
Установа што ги застапува интересите на една дејност или сталеж.
Англиски: chamber Албански: odë, asociacion

компанија повеќе

мн. компании
Вид збор: Именка, женски род
Големо друштво на сродни услужни, трговски или индустриски фирми за заедничка дејност.
Англиски: company Албански: kompani

компањон повеќе

мн. компањони
Вид збор: Именка, машки род
Деловен партнер.
Англиски: partner Албански: kompanjon, partner

компензација повеќе

(едн.) компензацијата
Вид збор: Именка, женски род
Порамнување на побарувања и долгови.
Англиски: compensation Албански: kompensim

конверзија повеќе

мн. конверзии
Вид збор: Именка, женски род
Во банкарството - замена на една валута со друга.
Англиски: conversion Албански: konvertim
Промена на условите на стар заем или замена со друг (под нови услови).
Англиски: conversion Албански: konvertim

конвертибилен повеќе

конвертибилни
Вид збор: Придавка
За валута - што може, што е прифатена да се менува за злато или за други валути.
Англиски: convertible Албански: konvertibil

конвертибилност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Заменливост на домашни пари за која и да е странска валута.
Англиски: convertibility Албански: konverbilitet

конвертира повеќе

конвертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши конверзија.
Англиски: convert Албански: konvertoj

конгломерат повеќе

мн. конгломерати
Вид збор: Именка, машки род
Збир од разновидни компании кои дејствуваат под една управа.
Англиски: conglomerate Албански: konglomerat, grupim

конзорциум повеќе

мн. конзорциуми
Вид збор: Именка, машки род
Крактовремено здружување на компании, особено со банки, со цел остварување одредена зделка.
Англиски: consortium

конјунктура повеќе

мн. конјунктури
Вид збор: Именка, женски род
Состојба во активноста на стопанството, во понудата и побарувачката, изгледи за деловен успех.
Англиски: economic trend Германски: Konjunktur Албански: konjukturë, tendencë ekonomike

конкурентен повеќе

конкурентни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конкуренција.
Англиски: competitive Албански: konkurrues
Што ги исполнува условите за да учествува во конкуренција.
Англиски: competitive Албански: konkurrues

конкуренција повеќе

(едн.) конкуренцијата
Вид збор: Именка, женски род
Соперништво на некое поле од работата, натпревар за постигнување подобри резултати.
Англиски: competition Германски: Konkurrenz Албански: konkurencë

конкурс повеќе

мн. конкурси
Вид збор: Именка, машки род
Оглас со кој се повикуваат заинтересираните за избор на работно место, за доделување награда и сл.
Англиски: tender Албански: konkurs, tender

консигнација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Продажба во којашто трговецот продава туѓа стока за определен процент од цената.
Англиски: commission Албански: konsignim, përqindje

консигнира повеќе

Види и: консигнација (ж.)
консигнираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преземе стока за продажба на туѓа сметка.
Англиски: consign

консултант повеќе

мн. консултанти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист во некоја област од кого се бараат совети, мислења.
Англиски: consultant Албански: konsultant

консуматор повеќе

Види и: консумент (м.)
мн. консуматори
Вид збор: Именка, машки род
Потрошувач, купувач на стока.
Англиски: consumer Албански: konsumator

консумент повеќе

Види и: консуматор (м.)
мн. консументи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што консумира, потрошува, купува некоја стока.
Англиски: consumer Албански: konsumator

контингент повеќе

мн. контингенти
Вид збор: Именка, машки род
Договорено количество стоки во меѓународната размена (за увоз, извоз).
Англиски: contingent Албански: kontingjent

конто повеќе

мн. конта
Вид збор: Именка, среден род
Книговодствена сметка на која се бележат cите промени на паричните средства (приходи и расходи).
Англиски: account Албански: konto, llogari
Писмена сметка врз основа на којашто се врши некое плаќање.
Англиски: account Албански: konto

контрабанда повеќе

контрабандата
Вид збор: Именка, женски род
Тргување со артикли што се под државен монопол и надвор од неговите прописи и цени.
Англиски: black market Албански: kontrabandë

контракт повеќе

мн. контракти
Вид збор: Именка, машки род
договор
Англиски: contract

конфекција повеќе

мн. конфекции
Вид збор: Именка, женски род
Индустриско производство на облека по стандардни големини.
Англиски: clothing industry Албански: konfeksion

концерн повеќе

мн. концерни
Вид збор: Именка, машки род
Капиталистичко монополско здружение што настанува со финансиско групирање на поголем број претпријатија.
Англиски: group Германски: Konzern Албански: koncern

концесија повеќе

мн. концесии
Вид збор: Именка, женски род
Договор на власта (државна или општинска) со приватно лице или cо странска фирма за давање на користење, под определени услови, претпријатие, земја и друг имот или за вршење некои работи.
Англиски: license Албански: koncesion, liçencë

концесионер повеќе

мн. концесионери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што добил концесија.
Англиски: concessionaire Албански: koncesioner

концесионира повеќе

концесионираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дава (или зема под) концесија.

кооператив повеќе

Види и: кооператива (ж.)
мн. кооперативи
Вид збор: Именка, машки род
кооператива

кооператива повеќе

мн. кооперативи
Вид збор: Именка, женски род
Доброволно здружение на луѓе што вршат одредена дејност.

кооперативен повеќе

кооперативни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кооператива.
Англиски: cooperational Албански: kooperative

кооперација повеќе

мн. кооперации
Вид збор: Именка, женски род
Облик на здружување на трудот во областа на индустриското производство, градежништвото, земјоделството, трговијата итн.
Англиски: cooperation Албански: korporatë
селска продавница
Англиски: shop Албански: koperativë

копејка повеќе

мн. копејки
Вид збор: Именка, женски род
стотинка од рубља
Англиски: kopeck

копродукција повеќе

мн. копродукции
Вид збор: Именка, женски род
Заедничко производство, соработка на два или повеќе партнери во инвестициски проекти или во производство на стоки за пазарот (обично во производството на филмови).
Англиски: coproduction Албански: koproduksion

корист повеќе

(едн.) користа
Вид збор: Именка, женски род
материјална добивка
Англиски: profit Албански: përfitim, leverdi

корпоративен повеќе

корпоративниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што е својствен, што е во врска cо корпорација.
Англиски: corporate Албански: korporativ

корпорација повеќе

мн. корпорации
Вид збор: Именка, женски род
Здружение на лица од исти сталешки или професионални интереси.
Англиски: guild Албански: korporatë
Претпријатие што припаѓа на повеќе сопственици; акционерско друштво.
Англиски: corporation Албански: korporatë

корпус повеќе

мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Збир на луѓе од иста струка.
Англиски: guild Албански: korpus

костадинка повеќе

мн. костадинки
Вид збор: Именка, женски род
Златна пара.
Англиски: gold coin Албански: verdhushkë

котација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
котирање на берза
Англиски: quotation

котизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пари што се плаќаат за учество на конференција.
Англиски: attendance fee Албански: kotizim, taksë pjesëmarrjeje

котира повеќе

(се) котираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Има определена цена на берза.
Англиски: quote Албански: kuoton, çmim burse
Определи, определува берзанска вредност.
Англиски: value Албански: kutoton, cakton çmim burse
(се котира) Има определена цена на берза.
Англиски: quote Албански: kuotohet, ka çmim burse

кошта повеќе

коштаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чини, има одредена цена.
Англиски: cost Германски: kosten

кредит повеќе

мн. кредити
Вид збор: Именка, машки род
Давање пари, стоки и сл. на користење за определено време и со определена камата.
Англиски: loan Албански: hua, kredi
Сума што му се става некому на располагање за определени цели.
Англиски: loan Албански: kredi, huazim

кредитен повеќе

кредитни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кредит.
Англиски: credit Албански: kreditorë

кредитира повеќе

кредитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава кредит некому.
Англиски: credit

кредитор повеќе

мн. кредитори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дава кредит.
Англиски: creditor Албански: kreditor, kredidhënës

кредитоспособен повеќе

кредитоспособниот
Вид збор: Придавка
Што е способен, што исполнува услови да добие кредит.
Англиски: credit-worthy

криза повеќе

мн. кризи
Вид збор: Именка, женски род
Голем недоcтиг на нешто.
Англиски: scarcity Албански: mungesë

кројачница повеќе

мн. кројачници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија во која се крои и се шие, во која се изведуваат кројачки работи.
Англиски: tailor shop Албански: punëtori rrobaqepësie

круна повеќе

мн. круни
Вид збор: Именка, женски род
Парична единица во некои држави.
Албански: koronë

кулук повеќе

мн. кулуци
Вид збор: Именка, машки род
Работна обврска на селаните кон феудалниот господар или спахија.
Англиски: drudgery Турски: kulluk Албански: kulluk, lloj tatimi

купен повеќе

Види и: купи (св.)
купени
Вид збор: Придавка
Што е набавен со купување.
Англиски: bought Албански: i blerë

купец повеќе

мн. купци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што купува.
Англиски: buyer Албански: blerës

купи повеќе

купат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие во сопственост плаќајќи со пари.
Англиски: buy Албански: blej

куповен повеќе

куповниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на купување, тоа со што се купува.
Албански: blerës

купон повеќе

мн. купони
Вид збор: Именка, машки род
Дел од вредносна хартија што се носи за наплата на достасана камата или дивиденда.
Англиски: coupon Албански: kupon, triskë

купопродажба повеќе

мн. купопродажби
Вид збор: Именка, женски род
Спогодба меѓу две страни со која едната страна продава, а другата купува.
Англиски: sale Албански: shitblerje

купопродажен повеќе

купопродажниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на купопродажба.
Англиски: sales Албански: shitblerës

купувач повеќе

мн. купувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што купува нешто.
Англиски: consumer Албански: blerës

купувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
купување, пазарење
Англиски: shopping Албански: blerje

курс повеќе

мн. курсеви
Вид збор: Именка, машки род
Дневна цена на валутите, акциите, хартиите од вредноcт или на некои стоки на берзата.
Англиски: exchange rate Албански: kurs

кусок повеќе

мн. кусоци
Вид збор: Именка, машки род
Количество или износ што недостасува, што е помалку од планираното или од потребното.
Англиски: shortage Албански: mungesë

куќа повеќе

мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
установа, претпријатие, фирма
Англиски: house Албански: firmë

куќарина повеќе

мн. куќарини
Вид збор: Именка, женски род
данок за куќа
Англиски: property tax
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш