Економија - категорија

изведувач повеќе

мн. изведувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што изведува некоја работа, проект и сл.
Англиски: performer Албански: kontraktor

извезе повеќе

извезат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнесе, продаде во друга држава сопствен производ, капитал и сл.
Англиски: export Албански: eksportoj

извезување повеќе

Види и: извоз (м.)
Вид збор: Именка, среден род
извоз
Англиски: export Албански: eksport

извод повеќе

мн. изводи
Вид збор: Именка, машки род
Во банкарството - писмен извештај за состојбата на тековна или жиросметка што се води во банката.
Англиски: statement Албански: çertifikatë

извоз повеќе

(едн.) извозот
Вид збор: Именка, машки род
Извезување на стока и услуги во друга држава.
Англиски: export Албански: eksport
Количеството и вредноста на извезените стоки и услуги.
Англиски: export Албански: eksport

извозен повеќе

извозниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на извоз.

извозлив повеќе

Види и: извоз (м.)
извозливиот
Вид збор: Придавка
Што може да се извезе.
Англиски: exportable

извозник повеќе

мн. извозници
Вид збор: Именка, машки род
Правен субјект што се занимава со извезување на стоки во друга земја.
Англиски: exporter Албански: eksportues

издаде повеќе

издадат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде под наем.
Англиски: let Албански: jep me qira

издаток повеќе

мн. издатоци
Вид збор: Именка, машки род
давачка, трошок
Англиски: expense Албански: harxhim

издршка повеќе

(едн.) издршката
Вид збор: Именка, женски род
Осигурување на средства за живот.
Англиски: financial support Албански: mirëmbajtje, kujdes
Сума пари што се потребни за живот на некого, особено на лице што самото не заработува.
Англиски: financial support Албански: mirëmbajtje, mbështetje

измена повеќе

мн. измени
Вид збор: Именка, женски род
Заемна размена на материјални добра, трампа.
Англиски: exchange Албански: këmbim

изнајми повеќе

Види и: најми (св.)
изнајмил
Вид збор: Глагол, свршен
најми
Англиски: rent Албански: huazoj, jap me qira

изнајмување повеќе

Види и: изнајми (св.)
мн. изнајмувања
Вид збор: Именка, среден род
Замање на наем.
Англиски: rent

изработка повеќе

мн. изработки
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Процес на работа на некаков производ, на некаков предмет; изработување.
Англиски: production Албански: punim, ndërtim
(само едн.) Квалитет на изработување на одреден производ.
Англиски: work Албански: punim
(мн.) Одделен производ, резултат од изработување на нешто.
Англиски: product Албански: punime, produkte

икономиса повеќе

икономисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Штеди, заштедува нешто.
Англиски: save Албански: kursej

имот повеќе

мн. имоти
Вид збор: Именка, машки род
Сето тоа што е во сопственост на некого.
Англиски: property Албански: pronë
Дел од тоа што е во сопственост (куќа, нива).
Англиски: property Албански: pronë, mall

имотен повеќе

имотниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на имот.
Англиски: property Албански: i pronës
Што има многу имот, што е богат.
Англиски: rich Албански: i pasur

импорт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Увезување на стока и услуги од други држави.
Англиски: import Албански: import
Количество и вредност на увезеното.
Албански: import

импортира повеќе

импортираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Увезе, увезува странска стока на домашен пазар, се занимава со увозна трговија.
Англиски: import Албански: importoj

инвалиднина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Парична помош што ја добива инвалидот; инвалидска пензија.
Англиски: disability pension Албански: pension invalidor

инвентар повеќе

(едн.) инвентарот
Вид збор: Именка, машки род
Попис на целокупниот имот, пред сѐ на подвижниот, со назнака на вредноста на предметите.
Англиски: inventory Албански: inventar
Самиот тој имот.
Англиски: inventory Албански: inventar

инвентаризација повеќе

мн. инвентаризации
Вид збор: Именка, женски род
Попис и контрола, преглед на инвентарот.
Англиски: inventory Албански: inventarizim
Впишување, внесување во инвентарот.
Англиски: inventory Албански: inventarizim

инвентаризира повеќе

инвентаризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави попис на инвентарот; изврши инвентаризација.
Англиски: take inventory

инвестира повеќе

инвестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вложи, вложува средства, капитал во некоја работа, во претпријатие, наука, култура и сл.
Англиски: invest Албански: investon

инвеститор повеќе

мн. инвеститори
Вид збор: Именка, машки род
Лице или организација, претпријатие што инвестира во нешто.
Англиски: investor Албански: investitor

инвестиција повеќе

мн. инвестиции
Вид збор: Именка, женски род
Вложување капитал, средства во некоја работа.
Англиски: investment Албански: investim
Капитал вложен во некоја работа.
Англиски: investment Албански: investim

индекс повеќе

мн. индекси
Вид збор: Именка, машки род
Број што ги покажува во проценти последователните промени кај некоја економска појава.
Англиски: indicator Албански: indikator

индексира повеќе

индексираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поврзува една вредност да влијае на друга.
Англиски: index Албански: indekson

индустрија повеќе

мн. индустрии
Вид збор: Именка, женски род
Стопанска дејност што ја опфаќа фабричката преработка на суровини во полупроизводи и во готови производи.
Англиски: industry Албански: industri

индустријалец повеќе

мн. индустријалци
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на индустриско претпријатие.
Англиски: industrialist Албански: industrialist

индустријализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Индустриски развој, процес на воведување фабричко производство место дотогашното ситно рачно производство.
Англиски: industrialization Албански: industrializim

индустријализира повеќе

индустријализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воведе, воведува индустријализација.
Англиски: industrialize

индустриски повеќе

Види и: индустрија (ж.)
индустрискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на индустрија, што е поврзан со индустрија.
Англиски: industrial Албански: industrial

инженеринг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Претпријатие што се занимава со таква дејност.
Англиски: engineering Албански: inxhiniering

инкасатор повеќе

мн. инкасатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ги наплатува сметките за вода, струја, телефон и прима готови пари, главно надвор од установа; благајник, наплатувач.
Англиски: cashier Германски: Inkassant Албански: inkasator

инкасира повеќе

инкасираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наплати, наплатува, прими, прима пари во готово.
Англиски: cash in

инкасо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Наплатување на доспеана меница или чек.
Англиски: collection

инпут повеќе

(едн.) инпутот
Вид збор: Именка, машки род
влез, влезна величина
Англиски: input Албански: input, hyrje

инсолвентен повеќе

инсолвентни
Вид збор: Придавка
Што е неспособен да плати, платежно неспособен да одговори на обврските.
Англиски: insolvent Албански: insolvent

интабулација повеќе

мн. интабулации
Вид збор: Именка, женски род
Ставање под хипотека, упис на хипотека.
Англиски: mortgage Албански: peng, hipotekë

интервју повеќе

мн. интервјуа
Вид збор: Именка, среден род
Разговор за кандидат при вработување.
Англиски: interview Албански: intervistë

интерес повеќе

мн. интереси
Вид збор: Именка, машки род
Паричен надомест за користење туѓи материјални средства.
Англиски: interest Албански: interes

инфлаторен повеќе

инфлаторни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на инфлација, што предизвикува инфлација.
Англиски: inflationary Албански: inflatorë

инфлација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Состојба кога во стоковно - паричните односи ќе се јават многу повеќе пари во оптек и одобрени кредити наспрема мало количество на стока и услуги што се нудат на пазарот.
Англиски: inflation Албански: inflacion

инфлациски повеќе

Види и: инфлаторен (прид.)
инфлациска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со инфлација.
Англиски: inflationary Албански: inflatorë

искупи повеќе

искупат
Вид збор: Глагол, свршен
Накупи многу нешта.
Англиски: shop Албански: blej
Накупи сѐ што требало да се купи, заврши со купување.
Англиски: buy Албански: blej

испазари повеќе

Види и: пазари (св. и несв.)
испазарат
Вид збор: Глагол, свршен
Напазари, накупи многу, полно.
Англиски: shop Албански: blej

исплата повеќе

мн. исплати
Вид збор: Именка, женски род
Давање пари како надоместок за завршена работа или заради подмирување обврска од страна на претпријатие, установа, банка кон службеник, работник, странка или клиент.
Англиски: payment Албански: pagesë

исплатен повеќе

исплатниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на исплата.

исполица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Договор за наем според кој половина од приходот добива сопственикот на нивата, а половина тој што ја зема да ја обработува.
Англиски: rent Албански: rent, qira gjysëm për gjysëm

исполичар повеќе

мн. исполичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи на исполица.
Англиски: tenant farmer Албански: qiraxhi, qesimtarë

испорака повеќе

мн. испораки
Вид збор: Именка, женски род
Доставување, предавање на нешто купено или нарачано.
Англиски: delivery Албански: dërgesë

испорачувач повеќе

мн. испорачувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице или организција што испорачува.
Англиски: supplier Албански: dërgues, furnizues

испратнина повеќе

мн. испратнини
Вид збор: Именка, женски род
Исплатен износ при отпуштање од работа, пензионирање, напуштање државна служба, итн.
Англиски: severance pay

испратница повеќе

мн. испратници
Вид збор: Именка, женски род
Сметководствен документ со кој се потврдува испраќање на нешто.
Англиски: issue slip Албански: faturë

истргува повеќе

Види и: тргува (несв.)
истргуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некаква трговија.
Англиски: trade Албански: tregtoj
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш