Економија - категорија

заарчи повеќе

Види и: арчи (несв.)
заарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да арчи.
Англиски: spend Албански: harxhoj
(се заарчи) се троши
Англиски: spend Албански: harxhoj

заборчи повеќе

Види и: задолжи (св.)
(се) заборчат
Вид збор: Глагол, свршен
задолжи
Англиски: get into debt Албански: huazoj

загуба повеќе

мн. загуби
Вид збор: Именка, женски род
Негативна разлика меѓу трошоците за производство на стоката и нејзината цена.
Албански: humbje, deficit

загубар повеќе

мн. загубари
Вид збор: Именка, машки род
Компанија што е во загуба.
Англиски: loser Албански: humbës

задолжен повеќе

задолжени
Вид збор: Придавка
Што има долг.
Англиски: indebted

задолжи повеќе

задолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Оптовари некого со долг.
Англиски: indebt Албански: ngarkoj
(се задолжи) Се оптовари со долг, стане должен некому.
Англиски: indebt Албански: huazoj

задолжница повеќе

мн. задолжници
Вид збор: Именка, женски род
Приватна исправа со која должникот дава согласност побарувањето на доверителот назначено во задолжницата присилно да се наплати.
Англиски: promissory note, IOU

задруга повеќе

мн. задруга
Вид збор: Именка, женски род
Колективна организација, здружение за вршење или организирање на разни стопански и други дејности.
Англиски: cooperation Албански: kooperativë

задршка повеќе

мн. задршки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од сума што се задржува при исплата на парични средства.
Англиски: commission Албански: komision, përqindje

задужбина повеќе

мн. задужбини
Вид збор: Именка, женски род
Установа или фонд со својство на правно лице, основани од дарувани средства во определени хумани, просветни или културни цели.
Англиски: foundation Албански: fondacion

заем повеќе

Види и: заим (м.)
мн. заеми
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се дава некому или што се зема од некого со обврска дека ќе биде вратено.
Англиски: loan Албански: huazim, borxh

заемодавач повеќе

Види и: заемодавец (м.)
мн. заемодавачи
Вид збор: Именка, машки род
заемодавец
Англиски: borrower Албански: huadhënës

заемодавец повеќе

мн. заемодавци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што дава заем.
Англиски: borrower Албански: huadhënës

заклучница повеќе

мн. заклучници
Вид збор: Именка, женски род
Писмен договор меѓу купувачот и продавачот за купената стока, начин на плаќање и сл.
Англиски: contract Албански: kontratë

закнижи повеќе

закнижат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да книжи (во книговодство).
Англиски: book Албански: regjistroj

закопнина повеќе

мн. закопнини
Вид збор: Именка, женски род
погребнина
Англиски: funeral fees Албански: taksë për varrim

закуп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Привремена употреба, користење на нешто (обично недвижен имот) со однапред договорена цена.
Англиски: rent Албански: qesim, qira, rentë

закупен повеќе

закупниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на закуп.
Англиски: rental Албански: i rentuar

закупец повеќе

мн. закупци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што зема нешто под закуп.
Англиски: tenant Албански: qiramarrës

закупи повеќе

закупат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе под закуп.
Англиски: rent Албански: jap me qira

закупник повеќе

Види и: закупец (м.)
мн. закупници
Вид збор: Именка, машки род
закупец
Англиски: tenant

закупнина повеќе

мн. закупнини
Вид збор: Именка, женски род
Пари што се даваат за закуп; цена на закупот.
Англиски: rent Албански: qira, rentë

закупувач повеќе

Види и: закупец (м.)
мн. закупувачи
Вид збор: Именка, машки род
закупец
Англиски: tenant Албански: qiramarrës

заложен повеќе

Види и: залог (м.)
заложниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на залог.
Англиски: security Албански: sigurie, peng

заложилница повеќе

мн. заложилници
Вид збор: Именка, женски род
Место (установа, фирма) каде што се заложуваат предмети за да се добијат пари.
Англиски: pawnshop

заложувач повеќе

Види и: заложи (св.)
мн. заложувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што заложува вредности во заложилница.
Англиски: pawner

замена повеќе

мн. замени
Вид збор: Именка, женски род
Давање нешто за друго нешто.
Англиски: exchange Албански: këmbim

замрзнат повеќе

замрзнатиот
Вид збор: Придавка
За пари - што не се користат во обртот.
Англиски: frozen Албански: të ngrira

занает повеќе

мн. занаети
Вид збор: Именка, машки род
Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, машини) од стручно оспособени лица.
Англиски: trade Турски: zanaat Албански: zeje, zanat

занаетчија повеќе

мн. занаетчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со определен занает.
Англиски: craftsman Турски: zanaatci Албански: zejtar

занаетчиски повеќе

занаетчиска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на занаетчија.
Што се однесува на занает.

занаетчиство повеќе

(едн.) занаетчиството
Вид збор: Именка, среден род
Практикување на занает, занаетчиска дејност.
Англиски: handicraft Албански: zejtari

занимање повеќе

мн. занимања
Вид збор: Именка, среден род
професија, позив, струка
Англиски: profession Албански: profesion

заработка повеќе

мн. заработки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е заработено, што е спечалено со работа.
Англиски: earnings Албански: fitim
Разлика меѓу куповната и продажната цена.
Англиски: earnings Албански: fitim, pagë

заработувачка повеќе

Види и: заработка (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
заработка
Англиски: earnings Албански: fitim, pagë
заработка
Англиски: income Албански: të ardhura

затишие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
За дејност, работа - смалување на интензитетот на работата.
Англиски: slow down Албански: heshtje, pushim

зафати повеќе

зафатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зафати) Се издигне, ја подобри материјалната состојба.
Англиски: prosper Албански: përparoj

заштеда повеќе

мн. заштеди
Вид збор: Именка, женски род
За пари - тие што се собрани со штедење покрај редовните трошоци.
Англиски: saving Албански: kursim

згорниште повеќе

мн. згорништа
Вид збор: Именка, среден род
Додаток при продажба или трампа.
Англиски: extra Албански: shtesë gjatë shitjes

зделка повеќе

мн. зделки
Вид збор: Именка, женски род
Договор меѓу две страни за извршување определена работа.
Англиски: deal Албански: marrëveshje

зеленаш повеќе

мн. зеленаши
Вид збор: Именка, машки род
Човек што дава пари на заем со многу висока камата.
Англиски: usurer Српски: зеленаш

земја повеќе

мн. земји
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Површина која е нечија сопственост.
Англиски: land Албански: pronë

земјиште повеќе

мн. земјишта
Вид збор: Именка, среден род
Имот, земја како сопственост.
Англиски: property Албански: pronë, tokë
Примери:
Приватно земјиште.

златар повеќе

мн. златари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што продава такви производи.
Англиски: jeweler Албански: artar, argjendar

златарка повеќе

Види и: златар (м.)
мн. златарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена златар.
Англиски: goldsmith Албански: artare, argjendare

златарство повеќе

(едн.) златарството
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка; занает за производи од злато, сребро и трговија со нив.
Англиски: goldsmith's art Албански: artari, argjendari
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш