Економија - категорија

газда повеќе

мн. газди
Вид збор: Именка, машки род
сопственик, стопан
Англиски: owner, boss Албански: pronar
работодавец
Англиски: employer Албански: punëdhënës

галантерија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ситна трговска стока за лична употреба.
Англиски: haberdashery Албански: kinkaleri, galanteri
Продавница за таков вид стока.
Англиски: haberdashery Албански: galanteri

гарантен повеќе

гарантниот
Вид збор: Придавка
Што има својство, карактер на гаранција; што се однесува на гаранција.
Англиски: warranty Албански: garancie

гарантира повеќе

гарантираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дава целосна сигурност за нешто.
Англиски: guarantee, vouch Албански: garantoj

гаранција повеќе

мн. гаранции
Вид збор: Именка, женски род
сигурност, осигуреност
Англиски: warranty Албански: garanci

гастарбајтер повеќе

мн. гастарбајтери
Вид збор: Именка, машки род
Работник во странство.
Англиски: immigrant worker Германски: Gastarbeiter Албански: gastarbajter, punëtorë mysafir

гигант повеќе

мн. гиганти
Вид збор: Именка, машки род
Што е голем по своите размери (претпријатие, фабрика, брод).
Англиски: giant Албански: gjigant

главеник повеќе

ин. главеници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се глави за работа.
Англиски: day laborer Албански: rrogëtar

главнина повеќе

мн. главнини
Вид збор: Именка, женски род
Поголем дел од нешто.
Англиски: basic amount Албански: shuma kryesore

глобализира повеќе

глобализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Делува, се шири низ целиот свет.
Англиски: globalize

големопоседник повеќе

мн. големопоседници
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на голем посед, на голем имот.
Англиски: big landowner Албански: pronar i madh toke

гондола повеќе

мн. гондоли
Вид збор: Именка, женски род
Полица за редење на трговска стока.
Англиски: shelf Албански: raft

господар повеќе

мн. господари
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на имот.
Англиски: owner Албански: pronar

готовина повеќе

(едн.) готовината
Вид збор: Именка, женски род
Пари што се на располагање; готови пари.
Англиски: cash Албански: para të thata, kesh

градежништво повеќе

градежништвото
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка чија дејност е градење објекти; изведување на градежни работи.
Англиски: construction Албански: ndërtimtari

градинарство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Одгледување на цвеќиња, зеленчук и други градинарски култури.
Англиски: gardening Албански: kopshtari

грејс период повеќе

Вид збор: Сложенка
Временски период даден од почетокот на користењето на кредитот до првата отплата на главнината.
Англиски: grace period

гробарина повеќе

(едн.) гробарината
Вид збор: Именка, женски род
Давачка што се плаќа за гроб.
Англиски: grave fees Албански: taksë varri

гросист повеќе

мн. гросисти
Вид збор: Именка, машки род
трговец на големо
Англиски: wholesaler Албански: grosist

грош повеќе

мн. грошови
Вид збор: Именка, машки род
Турска ситна монета од 40 пари.
Англиски: penny Турски: kuruş Албански: grosh, monedhë

губи повеќе

губат
Вид збор: Глагол, несвршен
Трпи загуба во работата.
Англиски: lose Албански: humb

гурбет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Одење во туѓа земја за да се заработат пари.
Англиски: migration Турски: gurbet Албански: kurbet, mërgim

гурбетлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Живот и работа во гурбет.
Англиски: migration Турски: gurbetlik Албански: kurbetllëk
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш