Екологија - категорија

папрадник повеќе

мн. папрадници
Вид збор: Именка, машки род
Место зарастено со папрад.

педологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува структурата и својствата на почвата.
Англиски: pedology

песочина повеќе

мн. песочини
Вид збор: Именка, женски род
Песокливо место.
Примери:
Песочини од сувото корито на реката.

песочиште повеќе

мн. песочишта
Вид збор: Именка, среден род
Песокливо, неплодно земјиште.

пестицид повеќе

мн. пестициди
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско средство што се користи за заштита на растенијата од болести, штетници и плевели.
Англиски: pesticide

помор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Масовно умирање на луѓе или пцовисување, уништување на животни поради болест, труење или глад.
Англиски: mass extinction

почвен повеќе

Види и: почва (ж.)
почвениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на почва; што и припаѓа на почвата.

пошуми повеќе

пошумат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие со шума голи пространства.
Англиски: reforest Албански: pyllëzoj

прав повеќе

мн. правови
Вид збор: Именка, машки род
Множество од ситни честички, кои поради својата мала тежина лебдат во воздухот и паѓаат на површината.
Англиски: dust Албански: pluhur
Множество од ситни честички вода или снег.
Англиски: dust Албански: pluhur

прашина повеќе

Види и: прав (м.)
мн. прашини
Вид збор: Именка, женски род
прав
Англиски: dust Албански: pluhur
Примери:
Тенка прашина.

прашума повеќе

мн. прашуми
Вид збор: Именка, женски род
Густо обраснат и непрооден шумски предел во тропските и суптропските области.
Англиски: jungle Албански: xhungël

прашумски повеќе

Види и: прашума (ж.)
прашумскиот
Вид збор: Придавка
Што потекнува, што е дел од прашува, што се однесува на прашума.
Албански: xhungle

прегор повеќе

мн. прегори
Вид збор: Именка, машки род
Суво, исушено место на нива каде што ништо не расте.
Албански: vend i that

прегори повеќе

прегорат
Вид збор: Глагол, свршен
За сонце - изгори, исуши (нивје, посеви).
Англиски: dry out Албански: djeg, shkrumboj, thaj

прелог повеќе

мн. прелози
Вид збор: Именка, машки род
Нива оставена неорана да прележи.
Албански: arë jo e lëvruar

пречистителен повеќе

пречистителни
Вид збор: Придавка
Што служи за пречистување.
Англиски: waste treatment

пржел повеќе

Види и: пржелика (ж.)
мн. пржели
Вид збор: Именка, машки род
пржелика

пржелика повеќе

мн. пржелики
Вид збор: Именка, женски род
Сува и неплодна земја.

природа повеќе

(едн.) природата
Вид збор: Именка, женски род
Околина на населено место, отворен простор.
Англиски: nature Албански: natyrë

прнар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ситна дабова шума.
Албански: zabel lisash
Воопшто: нискостеблеста шума.
Албански: zabel drushkurt
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш