Екологија - категорија

канцероген повеќе

канцерогениот
Вид збор: Придавка
Што предизвикува канцер, рак.
Англиски: carcinogen

кисел повеќе

киселиот
Вид збор: Придавка
За дожд што содржи киселина како резултат на загаденоста на воздухот.
Англиски: sour Албански: i tharbët, acidik

компостиште повеќе

мн. компостишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се подготвува компост.

конзервација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Изведување посебни мерки за заштита и чување на природата.
Англиски: conservation Албански: konversim

конјунктурен повеќе

конјунктурни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конјунктура; тој, тоа што се бара.
Англиски: in demand

контаминација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Загадување со отровни, радиоактивни материи или со заразни бактерии.
Англиски: contamination Албански: kontaminim

контејнер повеќе

мн. контејнери
Вид збор: Именка, машки род
Голем метален сад за собирање на отпадоци, смет, ѓубре.
Англиски: container Албански: konteiner

копарок повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Место обраснато со cитна шума.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш