Екологија - категорија

еколог повеќе

мн. еколози
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со проучување на животната средина, на екологија.
Англиски: ecologist Албански: ekolog
Член на движење за зачувување на здрава животна средина.
Англиски: ecologist Албански: ekolog

екологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за заемните односи на организмите меѓусебно и во однос на нивната околина, на животната средина.
Англиски: ecology

екологист повеќе

мн. екологисти
Вид збор: Именка, машки род
Член на движење за зачувување на здрава животна средина.
Англиски: ecologist

еколошки повеќе

Види и: екологија (ж.)
еколошкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на екологија.
Англиски: ecological

екосистем повеќе

мн. екосистеми
Вид збор: Именка, машки род
Природно единство, целокупност на живите организми и неживата природа на определен, ограничен простор; заемните односи меѓу живите суштества и нивната природна животна средина; еколошки систем.
Англиски: ecosystem

екостандард повеќе

мн. екостандарди
Вид збор: Именка, машки род
еколошки стандард

екотуризам повеќе

(едн.) екотуризмот
Вид збор: Именка, машки род
Туризам во еколошки заштитени предели со минимално загадување на природата.
Англиски: ecotourism

емитент повеќе

мн. емитенти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што емитира индустриски гасови во атмосферата.
Англиски: polluter Албански: ndotës, emitues
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш