Екологија - категорија

габрак повеќе

мн. габраци
Вид збор: Именка, машки род
Место обраснато со габрови дрвја.

геотермија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука за топлинска енергија поврзано со Земјата.
Англиски: geothermics

голосек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Оголено место од сеча на шума.
Англиски: deforestation

гора повеќе

мн. гори
Вид збор: Именка, женски род
Место обраснато со дрвја.
Англиски: forest Албански: pyll

горешник повеќе

мн. горешници
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Деновите помеѓу 30-ти јули и 5-ти август кои се сметаат за најтопли.
Англиски: heat

горештина повеќе

мн. горештини
Вид збор: Именка, женски род
Врелина, жештина, висока температура на воздухот.
Англиски: heat

густеж повеќе

мн. густежи
Вид збор: Именка, машки род
Густа шума.
Англиски: forest
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ч - џ - ш