Дијалектен збор - категорија

багра повеќе

мн. багри
Вид збор: Именка, женски род
банда, џган
Англиски: scum Албански: bandë

баир повеќе

мн. баири
Вид збор: Именка, машки род
рид, брдо
Англиски: hill Турски: bayır Албански: breg

бај повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
чичко
Англиски: uncle Турски: bey
Примери:
Бај Петре.

бајче повеќе

мн. бајчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мало стаклено топче за играње.
Англиски: marble

бака повеќе

мн. баки
Вид збор: Именка, женски род
Сад во кој се става крмата за стоката.
Англиски: trough

бале повеќе

мн. балевци
Вид збор: Именка, машки род
(вокатив) брат
Англиски: brother

бале повеќе

мн. балиња
Вид збор: Именка, среден род
брат
Англиски: brother Албански: vllaçko

балка повеќе

мн. балки
Вид збор: Именка, женски род
вид слива
Англиски: plum Албански: lloj kumbulle
Вид тиква, бела тиква, обично за печење.
Англиски: pumpkin Албански: lloj kungulli

бамбори повеќе

бамборат
Вид збор: Глагол, несвршен
Здодевно зборува за иста работа.
Англиски: blab

баник повеќе

мн. баници
Вид збор: Именка, машки род
Вид сукано тесто, обично со сирење или без фил во корите, колпите.

бањарка повеќе

мн. бањарки
Вид збор: Именка, женски род
Крпа, сунѓер за триење.
Англиски: sponge Албански: sungjer

бањач повеќе

мн. бањачи
Вид збор: Именка, машки род
бањар
Англиски: lifeguard Албански: notues, kujdestar plazhi

барка повеќе

баркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
пипка
Англиски: touch Албански: prek
мешка
Албански: masazhë

баруга повеќе

Види и: бара (ж.)
мн. баруги
Вид збор: Именка, женски род
бара
Англиски: pond Албански: kënetë

бас повеќе

мн. басови
Вид збор: Именка, машки род
облог
Англиски: bet Албански: bast, kaull

бачевина повеќе

Види и: бачило (ср.)
мн. бачевини
Вид збор: Именка, женски род
бачило

башак повеќе

мн. башаци
Вид збор: Именка, машки род
пченка
Англиски: corn Турски: başak

белач повеќе

мн. белачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што бели, варосува.
Англиски: painter

бива повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
бидува
Англиски: happen

биеница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
маштеница
Англиски: buttermilk Албански: dhalltë

битанга повеќе

мн. битанги
Вид збор: Именка, женски род
никаквец
Англиски: bastard

бишка повеќе

Види и: свиња (ж.)
мн. бишки
Вид збор: Именка, женски род
свиња
Англиски: pig

бишкар повеќе

Види и: свињар (м.)
мн. бишкари
Вид збор: Именка, машки род
свињар
Англиски: swineherd

благува повеќе

благуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
блажи
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj

благун повеќе

мн. благуни
Вид збор: Именка, машки род
Bид круша што има крупни и многу слатки плодови.
Англиски: pear Албански: dardhë

блантав повеќе

блантавиот
Вид збор: Придавка
блуткав
Англиски: tasteless Албански: i pashijshëm

блесав повеќе

блесави
Вид збор: Придавка
глупав, ненормален, забеган
Англиски: stupid Српски: блесав

блокажа повеќе

мн. блокажи
Вид збор: Именка, женски род
блокирање, блокада
Англиски: blockade

блујавица повеќе

мн. блујавици
Вид збор: Именка, женски род
Вид плевел што расте на житните полиња.
Латински: Lolium temulentum Англиски: cockle Албански: lloj bari

боб повеќе

мн. бобови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) бакла, грав
Латински: faba Англиски: bean Албански: bathë, groshë, fasule

бобинка повеќе

мн. бобинки
Вид збор: Именка, женски род
боболка
Албански: murrizë

бовча повеќе

мн. бовчи
Вид збор: Именка, женски род
скутник, прегач
Англиски: apron Турски: bohça Албански: përparëse

бојазан повеќе

Вид збор: Именка, машки род
страв, уплав
Англиски: fear

болеснички повеќе

Види и: болен (м.)
болесничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на болен.
Англиски: patients Српски: болеснички

боравалка повеќе

мн. боравалки
Вид збор: Именка, женски род
Лажица за мешање при готвење, обично дрвена.
Англиски: stirring spoon Албански: lugë përziese

боравенка повеќе

мн. боравенки
Вид збор: Именка, женски род
Шарена кошула, везена со повеќе бои.

борави повеќе

борават
Вид збор: Глагол, несвршен
Меша, обично храна при приготвување.
Англиски: stir Албански: përziej
Чувствува мачнина во стомакот, му се повраќа.
Албански: më villet

боравица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
мешаница
Англиски: melee

бофча повеќе

Види и: бовча (ж.)
мн. бофчи
Вид збор: Именка, женски род
бовча

брак повеќе

мн. бракови
Вид збор: Именка, машки род
свадба
Англиски: wedding Албански: martesë

брзоплет повеќе

брзоплетиот
Вид збор: Придавка
непромислен, невешт, неумесен
Англиски: crude Српски: брзоплет

бризне повеќе

Види и: брзне (св.)
бризнат
Вид збор: Глагол, свршен
брзне

брка повеќе

бркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
меша, буричка, размешува
Англиски: stir Албански: përziej

брука повеќе

Види и: бронка (ж.)
мн. бруки
Вид збор: Именка, женски род
срам
Англиски: shame Српски: брука

брусхалтер повеќе

мн. брусхалтери
Вид збор: Именка, машки род
градник
Англиски: brassière Германски: Brusthalter

бубаќ повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
памук
Англиски: cotton

бубрежник повеќе

бубрежникот
Вид збор: Именка, машки род
пафлак
Англиски: spareribs Албански: haje me veshkë

бувјак повеќе

мн. бувјаци
Вид збор: Именка, машки род
Пазар на кој се продаваат употребувани и стари предмети.
Англиски: flea market Српски: бувљак

буза повеќе

мн. бузи
Вид збор: Именка, женски род
усни
Англиски: lips

букти повеќе

буктат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно и неконтролирано гори.
Англиски: blaze

булумента повеќе

Види и: булук (м.)
Вид збор: Именка, женски род
Група неорганизирани луѓе.
Англиски: mob

бунела повеќе

мн. бунели
Вид збор: Именка, женски род
виљушка
Англиски: fork

бусола повеќе

мн. бусоли
Вид збор: Именка, женски род
компас
Англиски: compass Српски: бусола
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш