Дипломатија - категорија

екселенција повеќе

мн. екселенции
Вид збор: Именка, женски род
Превозвишеност, пресветлост; титулирање, обраќање кон висок дипломатски, државен или црковен претставник.
Англиски: Excellency

екстериторијален повеќе

екстериторијалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на територија која се иззема од законите на земјата во која се наоѓа бидејќи е на располагање на дипломатско претставништво на друга земја.
Англиски: extraterritorial

Ексцеленција повеќе

мн. Ексцеленции
Вид збор: Именка, женски род
Дипломатска титула за амбасадор или министер.
Англиски: Excellency

ембарго повеќе

(едн.) ембаргото
Вид збор: Именка, среден род
Забрана на извоз или на увоз на стоки или на други вредности.
Англиски: embargo Албански: embargo

еминенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Титула за угледни, истакнати личности.
Англиски: eminence Албански: eminencë

емисар повеќе

мн. емисари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е испратено од некоја држава, партија кај некого (обично во друга земја) со посебна задача.
Англиски: emissary

енклава повеќе

мн. енклави
Вид збор: Именка, женски род
Дел од територија, регион, подрачје издвоено од сопствената и вклучено во друга држава.
Англиски: enclave Албански: enklavë

ЕУ повеќе

Вид збор: Скратеница
Европска унија
Англиски: EU
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х