Граматика - категорија

падеж повеќе

мн. падежи
Вид збор: Именка, машки род
Деклинација на именката.
Латински: casus Англиски: case Албански: rasë

падежен повеќе

падежна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на падеж.
Примери:
Падежна наставка.

парадигма повеќе

мн. парадигми
Вид збор: Именка, женски род
Таблица на формите на некој збор како образец на деклинација или конјугација.
Англиски: paradigm Албански: paradigmë

паратакса повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Поврзување на два синтактички члена (збороформи, групи, реченици) чии значења остануваат во логички однос на елементи со иста вредност.
Англиски: parataxis

партикула повеќе

мн. партикули
Вид збор: Именка, женски род
честичка
Англиски: particle

партицип повеќе

мн. партиципи
Вид збор: Именка, машки род
Глаголска форма меѓу глагол и придавка; глаголска придавка; означува глаголско дејство во сложени глаголски форми.
Англиски: participle
Примери:
Лебот е печен во фурна.

партиципен повеќе

Види и: партиципски (прид.)
партиципниот
Вид збор: Придавка
партиципски

партиципски повеќе

партиципска
Вид збор: Придавка
Во врска со партицип.

пасив повеќе

(едн.) пасивот
Вид збор: Именка, машки род
Трпена состојба на глаголот.
Англиски: passive voice

патроним повеќе

мн. патроними
Вид збор: Именка, машки род
Презиме изведено од името на таткото или на некој предок.

пејоративен повеќе

пејоративни
Вид збор: Придавка
Што дава грда смисла.
Англиски: pejorative

период повеќе

мн. периоди
Вид збор: Именка, машки род
Голема сложена реченица, реченична низа.
Англиски: sentence Албански: fjali

перфект повеќе

(едн.) перфектот
Вид збор: Именка, машки род
Минато време во некои јазици; во македонскиот: минато неопределено време.
Англиски: perfect

перфектен повеќе

перфектна
Вид збор: Придавка
Во врска со перфект.
Англиски: perfect
Примери:
Перфектна основа.

перфективен повеќе

перфективна
Вид збор: Придавка
свршен
Примери:
перфективни глаголи.

петосложен повеќе

петосложна
Вид збор: Придавка
Што е со пет слога.
Примери:
петосложен збор.

плурал повеќе

(едн.) плуралот
Вид збор: Именка, машки род
множина
Англиски: plural

плурален повеќе

плурална
Вид збор: Придавка
Во множина, множински.
Англиски: plural
Примери:
плурална наставка.

плусквамперфект повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сложено глаголско време кое означува дејство што се случило пред некое друго дејство во минатото; одамна минато време; предминато време.
Англиски: past perfect
Примери:
Кога ги побаравме, тие веќе беа излегле од дома.

подмет повеќе

мн. подмети
Вид збор: Именка, машки род
Именски дел од реченицата кој се согласува по лице и број со прирокот и на кој му се припишува дејството, состојбата или особината што ги искажува прирокот.
Англиски: subject Албански: subjekt, kryefjalë

подметов повеќе

подметовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на подмет, што му припаѓа на подмет.

позитив повеќе

мн. позитиви
Вид збор: Именка, машки род
Основна форма на придавка или на прилог, наспрема степенуваните форми.
Англиски: positive Албански: pozitiv

поименчи повеќе

поименчат
Вид збор: Глагол, свршен
Употреби друг вид збор во служба на именка, супстантивира.
Англиски: use as a noun

полнозначен повеќе

полнозначниот
Вид збор: Придавка
Што има свое сопствено значење.

посвоен повеќе

посвојни
Вид збор: Придавка
Што искажува припадност, припаѓање на некого или на нешто.
Англиски: possessive

посесивен повеќе

посесивни
Вид збор: Придавка
посвоен, присвоен
Англиски: possessive

последичен повеќе

последични
Вид збор: Придавка
Што се јавива како последица на нешто; со кој се искажува последица.
Англиски: causal

потенцијал повеќе

мн. потенцијали
Вид збор: Именка, машки род
Глаголска форма со која се искажува можност за вршење или извршување на некакво дејство; можен начин.
Англиски: potential Албански: potencial, mundësi

правописен повеќе

правописни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на правопис.
Англиски: spelling

прашален повеќе

прашални
Вид збор: Придавка
Што означува, што претставува прашање.
Англиски: interrogative

прашалник повеќе

мн. прашалници
Вид збор: Именка, машки род
Знак на интерпункцијата, знак за прашање.
Англиски: question mark Албански: pikëpyetje

предикат повеќе

мн. предикати
Вид збор: Именка, машки род
Главен член во реченицата што се однесува на субјектот и што означува дејство, процес, состојба.
Англиски: predicate Албански: predikat, kallzues

предикативен повеќе

Види и: предикат (м.)
предикативни
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на предикатот, што е дел од предикатот.
Англиски: predicative

предлог повеќе

мн. предлози
Вид збор: Именка, машки род
Неменлив збор што се наоѓа пред именските зборови и изразува различни односи меѓу нив и другите зборови во реченицата.
Англиски: preposition Албански: parafjalë

предмет повеќе

мн. предмети
Вид збор: Именка, машки род
објект
Англиски: object Албански: objekt

презент повеќе

мн. презенти
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Сегашно време, глаголски форми што означуваат дејство што се врши во моментот на зборувањето.
Англиски: present Албански: koha e tashme

преоден повеќе

преодни
Вид збор: Придавка
За глагол - што се карактеризира со дејство што преминува директно на предметот.
Англиски: transitive

препозиција повеќе

мн. препозиции
Вид збор: Именка, женски род
предлог
Англиски: preposition Албански: prepzicion, parafjalë

претставка повеќе

мн. претставки
Вид збор: Именка, женски род
префикс
Англиски: prefix Албански: parashtesë

префикс повеќе

мн. префикси
Вид збор: Именка, машки род
Јазичен елемент што се додава на почетокот на зборот и со него образува нов збор.
Англиски: prefix

префиксира повеќе

префиксираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Додаде, додава елемент како префикс на збор.
Англиски: prefix

префиксиран повеќе

Види и: префиксира (св. и несв.)
префиксираниот
Вид збор: Придавка
Што има префикс.
Англиски: prefixed
Примери:
префиксиран глагол

придавка повеќе

мн. придавки
Вид збор: Именка, женски род
Збор со кој се означува својство на суштество, предмет или појава.
Англиски: adjective Албански: mbiemër

придавски повеќе

придавскиот
Вид збор: Придавка
Во врска со придавка.
Англиски: adjectival

прилог повеќе

мн. прилози
Вид збор: Именка, машки род
Неменлив збор што се додава кон глаголи, придавки и други прилози и служи за дополнување или поблиско определување на нивното значење.
Англиски: adverb Албански: ndajfolje

прилошки повеќе

прилошка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на прилог.
Англиски: adverbial

прирок повеќе

мн. прироци
Вид збор: Именка, машки род
Збор во реченицата со кој се кажува нешто са подметот.
Англиски: predicate

прироков повеќе

прирокови
Вид збор: Придавка
Што се однесува на прирокот.

присвоен повеќе

Види и: присвои (св.)
присвојни
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) присвои
Англиски: possessive

проклитика повеќе

мн. проклитики
Вид збор: Именка, женски род
Збор без акцент што се поврзува акцентски со следниот збор.
Англиски: proclitic

проклитички повеќе

проклитичкиот
Вид збор: Придавка
Што има особини на проклитика.

промена повеќе

мн. промени
Вид збор: Именка, женски род
Морфолошка промена на менливите зборови.
Англиски: inflection Албански: lakim

променлив повеќе

променливиот
Вид збор: Придавка
Што можат да ја менуваат својата форма.
Англиски: flexible

пунктуација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Систем на правила за употребата на интерпункциските знаци.
Англиски: punctuation Албански: punktuim
Ставање на интерпункциски знаци.
Англиски: punctuation Албански: vënje shenja pikësimi
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш