Граматика - категорија

извичен повеќе

извичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на извик.
(за реченица) Што искажува силни чувства.

извичник повеќе

мн. извичници
Вид збор: Именка, машки род
Интерпункциски знак „!“
Англиски: exclamation mark

именка повеќе

мн. именки
Вид збор: Именка, женски род
Полнозначен збор што именува предмет, суштество, поим.
Англиски: substantive

императив повеќе

(едн.) императивот
Вид збор: Именка, машки род
Глаголски облик со кој се изразува заповед, забрана, поттик, молба; заповеден начин.
Англиски: imperative Албански: imperativ, mënyrë urdhërore

имперфект повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Минато определено несвршено време; глаголски облик што означува минато засведочено дејство во неговото одвивање.
Англиски: imperfect

инверзија повеќе

мн. инверзии
Вид збор: Именка, женски род
Обратен редослед од обичниот на зборови во реченицата или на речениците во сложена реченица.
Англиски: inversion Албански: inverzion

интерпункција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Правописни знаци што служат за означување на речениците и нивните делови, паузите и интонацијата на речта (точка, запирка, прашалник, извичник, загради).
Англиски: punctuation

инфинитив повеќе

мн. инфинитиви
Вид збор: Именка, машки род
Неопределена глаголска форма што именува дејство, состојба без да укаже на лице, број или време.
Англиски: infinitive

исказен повеќе

исказни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на исказ, што има карактер на исказ.

исклучен повеќе

исклучени
Вид збор: Придавка
Што исклучува, ексклузивен.
Англиски: exclusive
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш