Граматика - категорија

датив повеќе

(едн.) дативот
Вид збор: Именка, машки род
Падеж што означува намена, што упатува на индиректен предмет.
Англиски: dative

двовидски повеќе

двовидскиот
Вид збор: Придавка
За глагол - што е од двата вида.

двоина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Категорија на граматичкиот број што се јавува кај именската и кај глаголската промена во специјални форми кои покажуваат дека станува збор за две единици сфатени како природен пар на два предмети.

дејство повеќе

мн. дејства
Вид збор: Именка, среден род
Значење, содржина на глаголот.
Англиски: meaning Албански: kuptim

декларативен повеќе

декларативниот
Вид збор: Придавка
Што е изјавен, исказен.
Англиски: declarative

деклинација повеќе

мн. деклинации
Вид збор: Именка, женски род
Промена на именските зборови по падежи.
Англиски: declension Албански: deklinim, lakim

деклинира повеќе

деклинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Менува зборови по падежи.
Англиски: decline Албански: deklinoj, lakoj

деминутив повеќе

мн. деминутиви
Вид збор: Именка, машки род
Збор, обично изведена именка што во однос на основната именка значи нешто мало или смалено.
Англиски: diminutive

деминутивен повеќе

деминутивниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на деминутив.
Англиски: diminutive

дијатеза повеќе

мн. дијатези
Вид збор: Именка, женски род
Својство на глаголските форми да го покажуваат односот на лицето кон глаголското дејство; актив, пасив.
Англиски: diathesis Албански: diatezë

дифтонг повеќе

мн. дифтонзи
Вид збор: Именка, машки род
Спој на две различни самогласки кои се изговараат како еден слог.
Англиски: diphthong

додаток повеќе

мн. додатоци
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз со кој поблиску се определува или се дополнува значењето на главните делови на реченицата.
Англиски: supplement Албански: plotësim

дополнение повеќе

мн. дополненија
Вид збор: Именка, среден род
додаток
Англиски: supplement Албански: shtojcë

дуал повеќе

Види и: двоина (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
двоина

дусјунктивен повеќе

дисјунктивниот
Вид збор: Придавка
Што разделува.
Англиски: disjunctive
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш